
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



ИСТАНБУЛ (АА) – Денес е постигнат прекин на огнот во градот Сувајда, во јужна Сирија, по судирите меѓу вооружените групи Друзи и Бедуини, соопштија локалните медиуми, известува Анадолу. Државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, објави дека договорот предвидува распоредување безбедносни контролни пунктови во градот и целосна реинтеграција на градот во сириската држава. Судирите избувнаа меѓу ...
СКОПЈЕ (АА) - Најмалку две лица се повредени во нов израелски воздушен напад денес во кој е погоден комплексот на Генералштабот на сириската армија во главниот град Дамаск, јави државната новинска агенција САНА, пренесува Анадолу. Нападот се случи додека дописникот на Анадолу известуваше од местото на претходниот напад. Според Сирија ТВ, се слушнала престрелка во близина на комплексот, но не се соопштени дополнителни детали. Израелската армија ...
АНКАРА (АА) - Турскиот производител „Солид Аеро“ претставува две нови стелт беспилотни летала со поморски капацитети на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025) во Истанбул, јавува Анадолу. Беспилотното летало со рачно лансирање, наречено „Караѓун“, е тактичко летало од следната генерација со модуларен дизајн, со иновативна структура на трупот во однос на ветерот што овозможува лесно расклопување и транспорт. Леталото се ...
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека е „згрозен“ од извештаите за повеќе цивили убиени во Газа додека се обидувале да добијат помош, повикувајќи на целосни и транспарентни истраги за секој инцидент и на одговорност таму каде што имало неуспех, јавува Анадолу. Одговарајќи на прашањата, тој рече: „Згрозен сум од извештаите за повеќе цивили убиени во Газа, особено кога се обидуваат да добијат помош. И секој од тие ...
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалната известувачка на ОН за окупираната палестинска територија денес ја обвини ЕУ дека „свесно го поддржува“ она што го опиша како „геноцид на Израел врз Палестинците“ откако блокот одби да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел, јавува Анадолу. „ЕУ, која веќе се посрамоти со склучувањето на договорот за асоцијација со Апартхејд Израел пред неколку години, сега одбива да го суспендира“, напиша Франческа Албанезе на ...
АНКАРА (АА) - Турските пристаништа пречекаа околу 490 крузери во првите шест месеци од годината, што е зголемување од 18,07% на годишно ниво, предводено од големата побарувачка за поморски туризам во земјата, изјави за Анадолу турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу. „Растечкиот интерес на крузерскиот туризам за нашата земја е индикатор број еден за зголемената побарувачка за нашиот поморски туризам, благодарение на географската ...
СКОПЈЕ (АА) - Стотици луѓе ја посетија градината со лаванда во Централна Турција овој јули, привлечени од живописните виолетови цветови, јавува Анадолу. Релаксирачкиот мирис во воздухот го дополнува искуството за време на сезоната на цветање. Полето со лаванда Каратај, кое се наоѓа во турската област Коња, стана главна атракција за љубителите на природата, како и за ентузијастите на фотографијата поради живописниот пејзаж. Ова поле е најголемо ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските власти ѝ ги одзедоа на палестинската општина Хеброн административните овластувања над џамијата Ибрахими и му ги пренесоа на религиозниот совет на (еврејски) доселеници, според веста на дневниот весник „Израел Хајом“, пренесува Анадолу. Опишувајќи го потегот како „историска и досега невидена промена“, весникот наведува дека израелската цивилна администрација го пренела овластувањето над светото место на ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 58.573 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 94 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 252 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелската офанзива се искачи на 139.607. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Неколку лица се повредени денес во Сувејда откако израелската армија продолжи со воздушни напади врз јужната сириска покраина, соопштија сириските медиуми, пренесува Анадолу. Државната новинска агенција САНА јави дека израелските беспилотни летала извршиле напади врз покраината, при што биле повредени неколку лица, без да даде дополнителни детали. Израелското воено радио ги потврди нападите, велејќи дека тие биле насочени кон ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку две лица се повредени денес во израелскиот воздушен напад врз комплексот на Генералштабот на сириската армија во Дамаск, соопшти државната новинска агенција САНА, пренесува Анадолу. Сириската телевизија, исто така, објави дека имало пукање од огнено оружје во близина на комплексот, без да даде дополнителни детали. Израелската армија, од своја страна, соопшти дека ќе прати засилување во областа на безбедносната ограда на ...
СКОПЈЕ (АА) - Популарните туристички дестинации Кушадаси и Дидим, лоцирани во областа Ајдин на западниот брег на Турција, продолжуваат да привлекуваат голем број домашни и странски посетители благодарение на своето тиркизно море и чисти плажи, јавува Анадолу. Посетителите уживаат во својот летен одмор на вкупно 39 плажи кои се одликувани со престижното признание „сино знаме“, кое се доделува за високи еколошки стандарди, квалитет на вода и ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Биткоинот продолжува со раст и рано утринава околу 07:40 часот по Гринич достигна рекордно ниво од 123.000 долари, јавува Анадолу. Криптовалутата бележи континуиран раст последниве пет дена, уривајќи рекордни нивоа во текот на изминатата недела. Според последните податоци, цената на најголемата криптовалута изнесуваше 122.200 долари во 09:25 часот по Гринич, што претставува пораст од 4,2% во однос на претходниот ден. Според ...
СКОПЈЕ (АА) – Поплави го зафатија местото на откажаниот проект за Нов меѓународен аеродром (NAIM) во Мексико на езерото Текскоко, североисточно од Мексико Сити, по обилните дождови во текот на вчерашниот ден, јавува Анадолу. На местото се акумулирани повеќе од 3 милиони кубни метри вода, кои ја потопија познатата структура „X“ што некогаш го симболизираше контроверзниот план за аеродромот. Водите од поплавите сега покриваат речиси 13 % од ...
СКОПЈЕ (АА) - Јужнокорејските синдикати, предводени од Корејската конфедерација на синдикати, денес одржаа генерален штрајк пред зградата на Националното собрание во Сеул и покрај обилните дождови, јавува Анадолу. Работниците побараа подобри услови за работа, поголема сигурност на работното место и повисоки плати. Демонстрантите ја повикаа Владата да преземе итни мерки, барајќи реформи што ќе им дадат приоритет на правата и егзистенцијата на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Пекинг денес го отфрли предупредувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат погодени од секундарни санкции на Соединетите Американски Држави (САД) доколку ја продолжат трговијата со Русија, јавува Анадолу. „Дијалогот и преговорите се единствениот одржлив излез од кризата (во Украина), изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, на ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец се убиени денес чекајќи да добијат хуманитарна помош близу американскиот дистрибутивен пункт во јужна Газа, од кои многумина се задушија од солзавецот испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството се наведува дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушиле од солзавецот фрлен од израелската Армија во градот Кан Јунис. „За прв пат се ...
АТИНА (АА) - Грција се подготвува за нов и поинтензивен топлотен бран кој се очекува да донесе високи температури и зголемен ризик од пожари, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу. Според дневниот весник „То Вима“, временските прогнози предвидуваат можно покачување на температурите и до 43 степени Целзиусови во периодот меѓу недела, 20 јули, и вторник, 22 јули - кои е можно да продолжат и в среда. Метеорологот Јоргос Цатрафилија ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 13 Палестинци се убиени, а повеќемина повредени, вклучувајќи и деца, во израелските напади врз Појасот Газа денес, јавува Анадолу. Според болнички извори и очевидци, израелската армија утрово извршила напади врз палестинските домови и шатори во кои се сместени раселени лица во различни делови од Газа. Шатор во областа Маваси во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, е погоден во воздушен напад. Осум Палестинци, меѓу ...
СКОПЈЕ (АА) - Вулканот Марапи во Индонезија повторно се активираше, што ги натера властите да издадат повторни предупредувања до околните жители и туристи, јавува Анадолу. Густи облаци од пепел и чад се дигнаа кон небото по најновата ерупција. Од безбедносни причини, секое приближување и активност во радиус од 3 километри од местото на ерупцијата се строго забранети. Официјалните претставници објавија дека Марапи има регистрирано повеќе од 450 ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Полскиот министер за внатрешни работи изјави дека Владата го третира секој поголем инцидент, пожар или обид за палење како потенцијален чин на саботажа, поради зголемените сомневања за руска вмешаност, објави вчера државната новинска агенција ТВП Ворлд, пренесува Анадолу. „Од јануари 2024 година, видовме неколку обиди за саботажа. Секој значаен инцидент, пожар или обид за палење се оценува како потенцијален чин на саботажа“, рече ...
СКОПЈЕ (АА) – Обилните врнежи од дожд доведоа до сериозни поплави во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), при што се поплавени неколку метро станици и сообраќајот на повеќе линии е запрен, јавува Анадолу. Работата на метрото на линиите 1, 2, 3, E, F, M и R беше прекината поради поплави на клучните станици, вклучувајќи ги 96-тата Улица, 28-мата Улица и 34-тата Улица-станица Пен. Патниците се соочија со доцнења и суспензии додека екипите ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранските власти запленија странски танкер за нафта што превезувал повеќе од 2 милиони литри гориво, обвинувајќи го за шверц, објави државната новинска агенција ИРНА денес, пренесува Анадолу. Моџтаба Гахремани, шеф на судството во јужната иранска покраина Хормозган, изјави дека бродот бил пресретнат во Оманското Море „поради недостатоци во правните документи во врска со товарот на бродот“ и дека е обвинет за транспорт на ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ракетните системи „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија според договорот поддржан од НАТО, a Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат целосно исплатени, јавува Анадолу. „Тие веќе се испорачуваат. Тие доаѓаат од Германија“, изјави Трамп пред новинарите по настан во Пенсилванија. „Во сите случаи, САД добиваат целосна исплата.“ Трамп рече дека исплатата ќе ...
АТИНА (АА) - Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и намалување на природните ресурси, јавува Анадолу. Според извештајот на Институтот при Грчката конфедерација за туризам (ИНСЕТЕ), во 2024 година секторот остварил директен приход од 30,2 милијарди евра, што претставува ...
МОСКВА (АА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал денес поднесе оставка, откако во јавноста се појавија наводи за негова можна замена, јавува Анадолу. Шмихал објави фотографија од писмото за оставка на својот канал на Телеграм, придружено со пораката: „Благодарам на целиот тим за неуморната работа за нашата држава!“ Тој соопшти дека поднел официјално барање за оставка до Врховната Рада на Украина и изрази благодарност до претседателот Владимир ...
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (AA) – Катар денес потврди дека индиректните преговори меѓу Хамас и Израел за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и договор за размена на затвореници сè уште се во тек, јавува Анадолу. „Состаноците во Доха за Газа продолжуваат и нема застој“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција. Тој додаде дека има интензивна секојдневна комуникација, било во Доха, САД ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година означи една од најклучните пресвртници во историјата на Турција, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Говорејќи на церемонијата по повод Денот на демократијата и националното единство, 15 Јули, во Големото народно собрание во Анкара, Ердоган рече дека обидот за државен удар беше тежок тест кој државата и нацијата го надминаа со гордост. ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 12 Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени денес во новите израелски напади во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Пет лица ги загубија животите кога израелските борбени авиони погодија куќа во населбата Ал-Зарка, во североисточниот дел на градот Газа, соопшти медицински извор. Уште еден Палестинец е убиен во друг напад врз населбата Зејтун во градот Газа. Една Палестинка е убиена, а ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 12 лица се убиени, а осум повредени кога израелските воени авиони извршија воздушни напади во Баалбек во источен Либан, што е најново кршење на договорот за прекин на огнот, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Седум сириски државјани беа меѓу жртвите во нападите врз камп за сириски бегалци во градот Вади Фара во Баалбек, објави државната новинска агенција ННА. Израелски воздушни напади се извршени и на ...