Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски од престојната посета на Скопје на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата. Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за ...
На само 15 километри од брегот на јапонскиот град Нагасаки во морето се издигнува напуштениот остров кој на прв поглед наликува на огромен воен брод. Поради својот изглед, местото го носи прекарот Гунканџима, т.е „Боен брод“. Вистинското име е остров Хашима, а она што го прави посебен не е само неговата форма, туку и мрачната и сложена историја што ја носи. Кон крајот на 19 век откривањето на јагленот го претворило овој мал остров во еден од ...
Трагите на моќниот Рим одат многу подалеку од Италија – и тоа по целиот Медитеран. Ако се упатите кон исток, покрај ориенталната архитектура и историјата на моќната Отоманска Империја, можете да уживате и во наследството од римската ера – имено, во величествената градба стара две илјади години, како што е тунелот Веспазијанус Титус. Древниот тунел во Антиохија, Турција, е изграден околу 1 и 2 век во подножјето на планината Нур. Изградбата ...
Во текот на последните 13 часа, жителите на Струга останаа без вода за пиење. Доколку порано причината беше дефект во мрежата, сега проблемот е во испразнетите извори во Шум и Горна Белица, од кои градот се снабдува со вода. „Водата во Струга стана секојдневна тема за разговор. Ја имаме оваа ситуација со години, но никој не ја решава, исто како и многу други проблеми во градот. Полниме шишиња за да го поминеме денот“, изјави Дејан Јанкоски – ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, кој го оцени како капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на земјата. Проектот, чија вкупна вредност изнесува околу шест милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку програмата „Хоризон јуроп“ (Horizon Europe) и иницијативата „ЕуроХПЦ“ ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и ...
Градежните работи за брзата пруга на Коридорт 10 се очекува да почнат следната година, а да биде готова и пуштена во употреба за пет-шест години заедно со реконструираната Железничка станица во Скопје и железничкиот крак од оваа станица до Меѓународниот аеродром Скопје. Паралелно со тоа МЖ Транспорт ќе треба да направи набавка на нови возови и локомотиви. – Како временска рамка целта е кога ќе се пушта целосно реконструираната Железничката ...
Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини. ...
Новата француска Влада денеска треба да го одржи својот прв состанок на Кабинетот, со главна задача да го подготви буџетот за финансиски погодената земја. Времето е клучно, бидејќи доколку не се испочитуваат роковите, Франција би можела да се најде без одобрен буџет на крајот на годината, што би ја ставило под дополнителен економски притисок. Се очекува премиерот Себастијан Лекорну, кој во петокот беше вратен на функцијата од претседателот ...
Шефот на мировните мисии на ОН во вторникот предупреди дека „неопходната“ улога што ја играат мировниците се соочува со предизвици поради намалување на буџетот, бидејќи недостатоците во финансирањето се претвораат во намалување на бројот на војници. „Немаме друг избор освен да ги спроведеме овие намалувања, кои се должат на делумното неплаќање од страна на некои држави“, им рече заменик-генералниот секретар за мировни операции, Жан-Пјер Лакроа, ...
Во текот на следните пет години, компанијата Гугл (Google) ќе инвестира 15 милијарди долари во воспоставување капацитети за центри за податоци како дел од центрите за вештачка интелигенција во индиската држава Андра Прадеш. Ова, пишува Ројтерс, е една од најголемите инвестиции на Гугл во Индија. „Тоа е најголемиот центар за вештачка интелигенција во кој ќе инвестираме надвор од САД“, изјави извршниот директор на Google Cloud, Томас Куријан, во ...
Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката станица, која, како што посочи, ќе го задржи ...
Муабетот за враќање на Карим Бензема во европскиот фудбал почнува да станува се погласен. Францускиот напаѓач има договор со Ал Итихад до следното лето, а доколку не дојде до продолжување на соработката, од јануари ќе може да преговара со други клубови и да биде „заробен“ со преддоговорот. Како што пишува турски Фотомак, Фенербахче сериозно размислува за Карим Бензема. Истанбулскиот великан не ја отвори сезоната како што замислуваше, а Доменико ...
Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и ...
Со „Еразмус штафета – кутија во движење“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025. Учениците и наставниците од основното училиште „Ацо Шопов“ во Бутел се првите што симболично во кутијата ќе ги остават своите пораки и препораки за да стимулираат нови корисници на програмата. Откако кутијата ќе ги заобиколи училиштата во државата, сите писма ќе бидат јавно ...
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес ѝ наложи на Русија да ѝ плати на Грузија повеќе од 253 милиони евра за спречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни по војната против Тбилиси во 2008 година. Судот во Стразбур утврди дека Русија извршила низа кршења на правата, вклучувајќи прекумерна употреба на сила, нечовечки третман, незаконско притворање и ...
Чешкиот милијардер Андреј Бабиш, чија партија АНО оствари убедлива победа на неодамнешните парламентарни избори, денес изјави дека се фокусира на изготвување заедничка програма со двајца потенцијални сојузници, со кои веќе започна разговори за програмата на идната влада, додека кандидатите за министри ќе бидат разгледани подоцна. Бабиш изјави дека има намера да формира кабинет од 16 члена со крајно десничарската партија Слобода и директна ...
Генералниот штрајк во Белгија поради планот за штедење на владата доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз и пристаништата во Северното Море денес, а се очекува десетици илјади демонстранти да се обединат на протести во Брисел. Аеродромот во Брисел, најголемиот во земјата, ги откажа сите полетувања откако безбедносните служби стапија во штрајк, објавува „Гардијан“. Аеродромот Шарлроа, голем центар за нискобуџетни авиокомпании, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека договорот за прекин на огнот во Газа е прекин на огнот, но не е решение за палестинското прашање. „Би било погрешно да се гледа на договорот како на документ што го решава палестинското прашање. Овој договор е во суштина прекин на огнот. Единственото трајно решение за палестинското прашање може да биде воспоставување независна, суверена и територијално обединета палестинска држава на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори и дали чека да завршат локалните, па потоа да одлучи, истакна дека неговиот став е јасен и прецизен. – Мислам дека сум бил многу јасен и ...
Постојат ветувачки знаци од земји, вклучувајќи ги САД, како и арапските и европските држави, за подготвеност да придонесат кон трошоците за реконструкција на Газа од 70 милијарди долари, изјави денес претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Жако Килиерс. „Веќе имаме многу добри индикации“, изјави тој на прес-конференција во Женева, без да даде детали, објави Ројтерс. Тој исто така рече дека двегодишната војна меѓу ...
Американските федерални регулатори започнаа уште една истрага за автомобилите со самостојно возење на Тесла по десетици инциденти во кои автомобилите поминале на црвено светло или возеле на погрешна страна, што понекогаш довело до судири и повреди. Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) објави дека истражува 58 инциденти во кои автомобилите на Тесла наводно ги прекршиле сообраќајните закони користејќи ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив. -Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви ...
Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската ...
Товарниот брод „Ејлин“, кој пловеше од Турција кон Украина, вчера потона во Црното Море во близина на Варна, Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од Поморската управа. Сепак, спасен е екипажот на бродот составен од 10 морнари. Товарниот брод „Ејлин“, кој пловел под знамето на Камерун, испратил сигнал за помош вчера по 13 часот и пријавил пробив на вода од едната страна од бродот. Поради тоа, екипажот го ...
По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај ...
Антонио Рудигер ја игра последната сезона во тимот на Реал, тврдат денеска водечките шпански спортски медиуми. Неговиот договор истекува во јуни, а од клубот немаат намера да го продолжат и тоа од повеќе причини. Рудигер на крајот од сезонава ќе има 33 години, но и долг период проследен со повреди и недолично однесување, како она во финалето од Копа дел Реј кога тргна да го тепа главниот судија. Искусниот дефанзивец дојде во Реал во 2022 година ...
Македонскиот вицепрвак Вардар 1961 во 18:45 го започнува својот настап во новата сезона од ЕХФ Лига Европа, со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка. Вардар се наоѓа во групата Ф заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска), но „црвено-црните“ одат храбро, со јасна цел: нови европски победи! Капитенот Гоце ...
ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита ...