По трагичниот настан во Ново Место, каде што беше убиен 48-годишен маж, словенечките власти донесоа одлука за зајакнување на безбедносните мерки во регионот Доленска. Таму се распоредени засилени полициско сили, а Советот за национална безбедност активира мешани патроли, составени од припадници на полицијата и од словенечката армија. Како што информираше РТВ Словенија, војската ќе ја поддржува полицијата со персонал и техничка опрема. ...

Според упатствата на експертите, постојат одредени теми и видови информации за кои никогаш не треба да се дискутира со чет-ботови. Сè поголем број корисници ширум светот се обраќаат кон чет-ботови со вештачка интелигенција како ChatGPT за совети за здравје, финансии и секојдневни проблеми. Истражувањата покажуваат дека многу корисници ги сметаат чет-ботовите за пристапни и доверливи, но експертите предупредуваат против преголемо потпирање на ...

Санкциите што САД ги воведоа кон руските компании „Руск Нафт“ и „Лукоил“ предизвикаа забележливи потреси на светските нафтени пазари. Како резултат на тоа, минатата недела беше забележан пораст на цената на суровата нафта, тренд што продолжи и оваа недела. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за телевизија Алсат, вели дека растот на цените на светските берзи, предизвика и зголемување и на цените на ...

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат во Македонија беше изведена комплексна ендоваскуларна процедура на торакалната аорта – ТЕВАР со т.н. in situ фенестрација за левата потклучна артерија кај пациент со постдисекциска аневризма на десцендентната торакална аорта. Заболувањата на аортата заедно со другите кардиоваскуларни болести се едни од најчестите заболувања на модерното живеење. Ендоваскуларниот третман на аортата подолго време ...

Под Гренланд се одвива тивка геолошка револуција. Како што ледената покривка брзо се топи, самото тло на Гренланд почнува да се поместува и преобликува, менувајќи ги темелите на идната навигација на Арктикот. Научниците од Техничкиот универзитет во Данска (DTU) анализираа дваесет години GPS мерења на педесет и осум локации низ Гренланд. Податоците покажуваат дека Гренланд се движи кон северозапад за околу два сантиметри годишно, при што ...

Повлекувањето на Наполеон Бонапарта и Француската голема армија од Русија во 1812 година беше катастрофален настан што го означи почетокот на крајот на неговата империја и лична доминација во Европа, со смртта на околу 300.000 војници од почетна сила од околу половина милион. Нова студија која користи ДНК од забите на 13 француски војници закопани во масовна гробница во литванскиот главен град Вилнус по должината на рутата за повлекување ...

По повод четиридецениското постоење на Шенген зоната, Европската Унија преку иницијативата „Откриј ја ЕУ“ нуди посебна прилика за 40,000 млади луѓе да ја разгледаат Европа, изјави денес претставничката за медиуми на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. “ЕУ нуди 40,000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен.” Таа додаде дека за аплицирање, младите луѓе ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје покренува сериозни прашања и бара дополнително разјаснување, изјави денес постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов. „Одлуката на претседателот Трамп да му наложи на Пентагон веднаш да ги продолжи нуклеарните тестови на САД бара дополнително разјаснување. Трамп рече дека сака тестовите да бидат „под ...

Повеќе од шест децении откако деветгодишната Керол Ан Доерти беше силувана и убиена во католичка црква во Бристол, Пенсилванија, канцеларијата на окружниот обвинител на округот Бакс објави дека нејзиниот убиец конечно е идентификуван. Истрагата утврди дека девојчето било нападнато и задавено на 22 октомври 1962 година од Вилијам Шредер, кој во тоа време живеел во близина на црквата „Свети Марко“. Шредер, опишана од окружната обвинителка ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Германија ја поддржува европската перспектива на Турција, но само ако Анкара ги исполни Копенхашките критериуми – владеење на правото, човекови права и функционална пазарна економија. Ердоган одговори дека, покрај тие, постојат и „Критериуми од Анкара“, додавајќи дека Турција е демократска држава која се простира и во ...

„Младите и процесот на интеграција во Европската Унија“. Ова е темата на која говореше претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова на посебниот панел, насловен „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, а во рамките на осмиот Париски мировен форум. Одговарајќи на прашањето зошто ја избрала токму оваа тема, Сиљановска-Давкова се наврати на, како што кажа, нејзиното неодамнешно предавање на Универзитетот ...

Израелски борбени авиони и тенкови денеска извршија неколку напади на области во источниот дел на Појасот Газа, изјавија палестински жители и очевидци, еден ден откако Израел соопшти дека останува посветен на прекинот на огнот, пренесуваат светските медиуми. Очевидци изјавија дека израелските авиони извршиле 10 воздушни напади во областите источно од Кан Јунис во јужниот Појас Газа, а тенковите гранатирале области источно од градот Газа на ...

Специјалниот известувач на Обединетите нации за окупираните палестински територии, италијанската адвокатка Франческа Албанезе, во својот извештај до комитетот на Генералното собрание на ОН обвини 63 земји, вклучувајќи ги САД и Италија, за соучество во „геноцидот“ што, како што наведе, моментално се одвива во Појасот Газа. Албанезе, во својот извештај од 24 страници, нагласи дека овие земји се одговорни за „вооружување, воспоставување и ...

Напаѓачи вооружени со долги цевки и експлозиви провалиле во лабораторија за преработка на скапоцени метали, главно злато, во Лион и ја ограбиле, но набрзо биле фатени од полицијата, објавија денес француските медиуми. По потера, полицијата уапсила петмина осомничени за грабежот, кај кои го пронашла пленот, објави „Ле Фигаро“. Разбојниците, користејќи експлозиви, провалиле во лабораторијата „Пуркери“ во 7-миот арондисман на Лион, а потоа ...

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да им дозволи на странските новинари пристап до областите каде што украинските сили се блокирани на фронтовската линија и привремено да ги прекине борбите за таа цел, соопшти министерството. „Руското Министерство за одбрана доби наредба од Врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација да обезбеди непречен пристап за странските новинари, вклучително и ...

Технолошките гиганти Google и Amazon се согласија на необични услови за да обезбедат профитабилен договор од 1,2 милијарди долари со израелската влада, вклучително и употреба на таен код познат како „механизам на намигнување“. Овој механизам е дизајниран да им овозможи на компаниите да ги заобиколат законските наредби и тајно да го известат Израел кога се принудени да ги предадат своите податоци на странски власти, пишува The Guardian. ...

По усвојувањето на предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството. Наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку отстапување од ...

По пребројување на 90% од гласовите, крајнодесничарската партија на холандскиот популист Гертс Вилдерс е „рамо до рамо“ со либералните демократи 66 (D66), по парламентарните избори кои се одржаа во среда (29 октомври). Се очекува двете партии да освојат 26 од 150 места во парламентот, според најновата проекција од изборната служба на холандската новинска агенција ANP, објавена рано во четврток, на 30 октомври. Прелиминарните конечни ...

Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, се вели во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто ...

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците, сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на ...

Полицијата во Босна и Херцеговина спроведе голема операција на крајниот северозапад од земјата во четврток против членови на организирани криминални групи кои злоупотребуваат и шверцуваат нелегални мигранти. Во операцијата, со кодно име „Ист-Сват“, учествуваа неколку полициски агенции, вклучувајќи ја и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (OSA). Ирена Марјановиќ Чавкиќ, портпаролка на Обвинителството на ...

Птичјиот грип повторно брзо се шири низ Германија, а научниците предупредуваат дека актуелниот сој H5N1 поседува потенцијал да предизвика нова глобална пандемија, доколку мутира и почне да се пренесува меѓу луѓето. Според Институтот Фридрих Лефлер, од почетокот на септември се регистрирани повеќе од 30 жаришта на вирусот во живинарските фарми и над 130 случаи кај диви птици. Само во последните недели, повеќе од половина милион кокошки, ...

Лукоил соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот, кои втората по големина руска нафтена компанија се обидува да го продаде откако Вашингтон воведе санкции врз неа минатата недела. Планираната продажба на странски имот е досега најзначајната акција од страна на руска компанија како резултат на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со ...

Кремљ не верува дека започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно денеска нареди итен почеток на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така спомена дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна. „Ова во никој случај не може да се протолкува како ...

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер и претставници на земјите од Западниот Балкан денеска во Сараево ќе потпишат Договор за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам. Како што јави МИА, договорот ќе биде потпишан во рамки на денешниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, што се одржува во главниот град на БиХ. „Западниот Балкан не е само наш сосед. Тој е длабоко поврзан ...

Францускиот претседател Емануел Макрон во моментов е најмалку популарниот француски претседател во последните 50 години, според најновите резултати од анкетата на јавното мислење објавени денес. Анкетата на Verian Group на 1.000 луѓе, објавена од Le Figaro, покажува дека рејтингот на Макрон е 11 проценти, најнизок што компанијата некогаш го забележала за француски претседател. Претходникот на Макрон, Франсоа Оланд, имаше ист рејтинг на ...

Германските партии од Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) повикуваат на реформа на законот за државјанство и ограничувања на двојното државјанство, со повици за одземање на пасошите на оние што ги загрозуваат уставните вредности на Германија. „Ние како земја мора да се запрашаме дали сè уште сакаме двојно државјанство и дали сè уште можеме да си го дозволиме тоа“, изјави за „Билд“ пратеникот на Христијанско-социјалната унија (CSU) во ...

Екипата на Башкими брзо пронајде замена за Муарем Муарем по неговата вчерашна оставка на тренерската позиција и тоа во човек што исто така пред неколку дена си замина од прволигашот што го предводеше. Нов кормилар на составот од Куманово ќе биде Ѓорѓи Мојсов, кој пред една недела поднесе оставка како предводник на Тиквеш. Договорот помеѓу него и раководството на клубот, наводно, веќе бил постигнат, а останува само официјалната потврда. ...

Четири центристички групи во Европскиот парламент побараа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да направи големи измени во нејзиниот план за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, според писмо до кое увид има „Политико“. Групите се закануваат дека ќе отфрлат клучен дел од буџетот за 2028-2034 година на следната пленарна седница на 12 ноември, доколку нивните барања не бидат исполнети во новиот ревидиран предлог на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на 7 ноември, изјави началникот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас, на брифинг во четврток. Гуљас рече дека средбата ќе им овозможи на двајцата лидери да разговараат за мапа на патот што би можел да доведе до мировен договор во Украина. Орбан претходно изјави дека ќе разговара со Трамп за санкциите на САД врз руските нафтени компании на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
58%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.44
60%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
85%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
43%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
50%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
80%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Рутениум

53788.20

Калај

50.34

Злато

151336.48

Родиум

326330.08

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Кобалт

45.39

Сребро

2399.81

Платина

64365.79

Алуминиум

3.59

Цинк

0.00