Во САД е предложен нов двопартиски закон што би им забранил на малолетници да комуницираат со чат-ботови базирани на вештачка интелигенција (AI). Овој потег претставува прв сериозен обид за федерална регулација на индустријата, поради растечките грижи за безбедноста и менталното здравје на децата. Предлог-законот, наречен GUARD Act, го претставија сенаторите Џош Холи (републиканец од Мисури) и Ричард Блументал (демократ од Конектикат). Тој ...

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) вчера со огромно мнозинство повика на укинување на економското ембарго на Соединетите Американски Држави (САД) врз Куба и покрај лобирањето на Вашингтон, кое, меѓу другото, вклучуваше и обвинувања дека околу 5 000 Кубанци се борат на страната на руските сили во Украина, пренесе Ројтерс. Резолуцијата за укинување на ембаргото врз Куба ја поддржаа 165 земји членки на светската организација, седум ...

Официјалните лица досега пријавија 25 смртни случаи на Хаити, осум на Јамајка и еден во Доминиканската Република. Снимките од воздух ги прикажуваат градовите уништени од бурата, која стигна до копното на Јамајка во вторник, 28 октомври, како ураган од категорија 5 со ветрови до 185 милји на час. Hurricane Melissa has devastated Jamaica, becoming the strongest storm on record ever to hit the Caribbean island. Hear how local residents describe ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. -Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е ...

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната ...

Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за ...

Во периодот од 20 до 26 октомври што е 43.недела од годината, во земјава се регистрирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот. Ова претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со претходната недела, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од ИЈЗ велат дека пријавената инциденца сѐ уште е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, што значи дека не е достигнат ...

Никола Јокиќ го оствари својот четврти последователен трипл-дабл оваа сезона и постави уште еден рекорд во кариерата. Јокиќ го заврши натпреварот против екипата на Њу Орлеанс со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции во победата на Нагетси од 122:88. Тој им се придружи на Оскар Робертсон (1961–62) и Расел Вестбрук (2020–21) како единствени играчи кои ја започнале сезоната со четири последователни трипл-дабл ефекти. Кошаркарите на Далас на домашен ...

И покрај 28-дневното затворање на американската влада, буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп се вклучи во три различни сметки за да се осигури дека американските војници ќе бидат платени во петок, објавија денес американските медиуми. Порано оваа недела, не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа (OMB) ќе може да ги пронајде приближно 5,3 милијарди долари потребни за исплата на воениот персонал ...

Времето денеска наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје, утрото ќе биде постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до ...

Центристичката либерална партија Д66 (D66) е на пат да победи на парламентарните избори во Холандија, покажуваат излезните анкети, пренесуваат светските медиуми. Доколку се потврдат овие прогнози, победата на Д66 над крајната десница ќе му го отвори патот на нејзиниот енергичен лидер Роб Јетен да стане најмладиот премиер на Холандија, кој отворено се декларира како хомосексуалец. Две излезни анкети предвидуваат дека Д66 ќе освои 27 места во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постигнал договор со кинескиот претседател Си Ѓинпинг во спорот околу контролата на извозот на ретки метали од страна на Кина, јави ДПА. Трамп рече дека пречките се отстранети и дека договорот првично ќе важи една година. „Проблемот со ретките метали е решен, и тоа за целиот свет… Ова не беше само ситуација во Соединетите Американски Држави. Нема повеќе кинеска блокада. Секоја земја ...

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чиишто пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...

Веднаш по завршувањето на осминафиналните натпревари во англискиот Лига куп беше извлечена и ждрепката за четвртфиналето. Со поразите на Ливерпул и Тотенхем бројот на фаворит се намали, а оние кои останаа се избегнаа во битката за полуфинале. На хартија најлесно помина можеби Челси кој ќе се соочи со Кардиф, но ќе треба да игра на гостински терен. Во останатите три средби, Сити го пречекува Брентфорд, Арсенал ќе се соочи со Кирстал палас и ...

Дали некогаш сте слушнале за поимот „сив развод“? Овој термин се однесува на разводи меѓу парови на подоцнежни години, обично во педесеттите години или подоцна, и се случува поради различни причини. Додека помладите парови често се разведуваат поради неверство, насилство, финансиски проблеми или недостиг на искуство во долгорочни односи, постарите парови најчесто се разделуваат поради низа наталожени проблеми што се појавуваат низ годините. ...

Бил Гејтс во вторникот наполни 70 години, а многу нешта се променија откако, како млад технолошки визионер, сонуваше во секој дом да има компјутер. Низ годините коосновачот на „Мајкрософт“ се разви од софтверски пионер во глобален филантроп и футурист, многупати претчувствувајќи го правецот во кој ќе се движи технологијата. Иако некои од неговите предвидувања предизвикаа дебати, многу од нив се остварија. Во чест на неговиот 70. роденден, ...

Интерперсоналната интелигенција е еден од клучните видови и се однесува на способноста за разбирање, комуникација и ефективна работа со други луѓе. Луѓето што ја поседуваат знаат како да ги „читаат“ другите – да ги препознаат нивните емоции, мотивации и потреби – и лесно се приспособуваат на различни социјални ситуации. Ваквите луѓе често успеваат во тимска работа, комуникација, лидерство и решавање конфликти бидејќи имаат развиено емпатија ...

28-дневното затворање на федералната влада на САД веќе ја чинеше американската економија 18 милијарди долари, соопшти денес Конгресната буџетска канцеларија. Во соопштението се предупредува дека износот „дополнително ќе се зголеми во наредните недели“, објави Блумберг. Се проценува дека, во зависност од конечното времетраење на затворањето на федералната влада на САД, ќе бидат изгубени помеѓу 7 и 14 милијарди долари „бруто домашен производ“. ...

Вработените од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и од фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“, кои изминатиот период протестираат поради неисплата на платата за септември, објавија дека одлуката за штрајк е ставена во мирување согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, но најавуваат секојдневни протести од 9 до 11 часот пред просториите на „Паркови и зеленило“. „Синдикалната организација има штрајкувачки одбор, која прогласи ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес оцени дека откако беше постигнат Парискиот договор за климатските промени пред 10 години, негативните трендови во глобалното затоплување се значително забавени, нагласувајќи дека Париската конференција (COP21) и Парискиот договор овозможија да се „запре“ возот на глобалното затоплување кој се движеше со огромна брзина. „Патот во тоа време доведе до затоплување од повеќе од четири степени, а преку ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, денес изјави дека не изгледа дека Иран моментално активно збогатува ураниум, но дека инспекторите на агенцијата забележале нови движења во иранските нуклеарни постројки. Во интервју за „Асошиејтед Прес“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, Гроси рече дека иако инспекторите немаат директен пристап до иранските постројки, сателитските ...

Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула! Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува ...

Речиси 27.000 домаќинства во јужниот регион Одеса во Украина се без електрична енергија по синоќешниот руски воздушен напад врз енергетски објект, соопшти денеска енергетската компанија ДТЕК. Нападот ја оштетил и транспортната инфраструктура, напиша воениот гувернер на црноморскиот регион, Олег Кипер, на Телеграм. Украинското Министерство за енергетика пријави нови руски напади врз енергетските системи во регионите Одеса, Дњепропетровск и ...

Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, кој треба да придонесе за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција, Јована Јоксимовиќ. Средбата се ...

Речиси една година по почетокот на масовните протести поради смртта на 16 лица во трагедијата во Нови Сад, Србија доживеа рекорден број напади врз новинари кои ги известуваат настаните, соопшти во среда меѓународната организација „Репортери без граници“. „Од 1 ноември 2024 година, според податоците на РСФ, медиумските работници во Србија биле жртви на најмалку 89 физички напади. Вкупниот број за 2025 година е 82 случаи – највисок годишен ...

Сирија денеска ја призна независноста на Косово, објавија официјални претставници на двете земји, пренесе регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Косовската претседателка Вјоса Османи во објава на Фејсбук соопшти дека договорот за признавањето на Косово од страна на Сирија бил постигнат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ал Сауд. Османи во објавата му се ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога ...

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север. Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 ...

Шпанските медиуми откриваат дека однос меѓу тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо и бразилската ѕвезда Виниcиус Жуниор се заладил уште летово, за време на Светското клупско првенство, кога дошло до тензична ситуација меѓу двајцата. Алонсо, наводно, планирал да го остави Виниџиус на клупата за полуфиналето против ПСЖ и на последниот тренинг го одредил составот без него. Токму тогаш избил конфликт, бидејќи Бразилецот бурно реагирал и не успеал ...

Откако рекордниот ураган Мелиса ја погоди Јамајка и продолжува да се движи кон Карипските острови, властите предупредуваат на нова закана – крокодили поради широко распространетите поплави. Југоисточниот регионален здравствен орган на Јамајка (SEHRA), кој ги опфаќа Кингстон, Сент Ендрју и неколку други градови, издаде предупредување за закана од влекачи до погодените жители, објавува FOX Weather. Поради зголемувањето на нивото на водата во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
58%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.44
60%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
85%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
43%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
50%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
80%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Иридиум

253540.09

Сребро

2399.81

Бакар

12.11

Злато

151336.48

Паладиум

46843.64

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Платина

64365.79

Калај

50.34

Алуминиум

3.59

Цинк

0.00

Рутениум

53788.20