Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Десет лица се повредени, од кои две потешко, кога возач со автомобил намерно влетал во пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон, на атлантскиот брег, пренесува Би-би-си. Меѓу повредените е и едно девојче. Тамошниот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека возачот е уапсен и дека е отворена истрага за случајот, како и дека постојат сомнежи оти станува збор за терористички чин. Инцидентот се случил утрово, кога маж од 35 ...
Демократот Зохран Мамдани стана првиот муслимански градоначалник на Њујорк во историјата на градот, кој е дом на повеќе од осум милиони жители – 500.000 муслимани и едно од најголемите еврејски популации надвор од Израел, а со 34 години е најмладата фигура на таа позиција во последните 100 години. Зохран Мамдани, демократски социјалист од уганданско и индиско потекло и поранешен рапер, ја потресе политичката сцена во Њујорк кога го победи ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд. И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од ...
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес“. МОН на ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, делувајќи во група и со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Четворицата се осомничени за кривично дело – разбојништво. Во описот за случајот што се случил на 30 октомври годинава, од Обвинителството информираат дека оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. ...
Минатата недела, Амазон објави отпуштања на 14.000 корпоративни работници со план да замени до 30.000 работни места вкупно со вештачка интелигенција. Според предвидувањата за судниот ден, дури 300 милиони работни места со полно работно време би можеле да исчезнат глобално. Џејмс Рид, извршен директор на агенцијата за вработување „Рид“, со речиси 40 години искуство во индустријата, рече дека не видел нешто слично речиси четири децении. „Ова ...
Како што човештвото ја проширува својата мрежа на сателити околу Земјата, се појавува непредвидлива опасност во форма на активност од Сонцето. Големиот број сателити во ниската Земјина орбита се соочуваат со постојана и непредвидлива закана од сончеви бури, кои можат да ги променат траекториите на сателитите и да ги компромитираат комуникациските системи. Од мај 2019 година, SpaceX лансираше повеќе од 10.000 сателити Starlink, иако околу ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според извештаите, земјотресот е почувствуван и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот е на 15 километри западно од Ксанти. Како што може да се види во објавите на социјалните мрежи, земјотресот е почувствуван во Кавала, како и во Тасос. Граѓаните на Пловдив велат дека „се тресело“ многу, а истото ...
До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...
Властите во јапонската префектура Гифу објавија во вторник дека ќе почнат да користат дронови што имитираат звуци на лаење кучиња и огномет во обид да ги исплашат мечките што се сè почести во населените области. Дроновите треба да бидат распоредени подоцна во ноември во Такајама, селото Ширакава и други делови од централната јапонска префектура Гифу, каде што неодамна се забележа зголемување на нападите од мечки врз луѓе, објави новинската ...
Светот не успеа да ја исполни климатската цел за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови и веројатно ќе ја надмине таа граница во следната деценија, објави во вторник Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). Со оглед на тоа што земјите не успеваат да сторат доволно за да ги намалат емисиите на стакленички гасови, сега е јасно дека температурите ќе ја надминат клучната цел од Парискиот договор од 2015 ...
Најмалку седум лица загинаа во несреќа на карго-авион на „ЈупиЕс“ (UPS) во американската сојузна држава Кентаки, соопшти гувернерот Енди Бешир. Тој предупреди дека бројот на жртви може дополнително да расте, а полицијата информира дека има и повеќе повредени. Причината за несреќата, што се случи во индустриска зона на периферијата на Луисвил, сè уште не е позната. Според Федералната управа за авијација (ФАА), авионот McDonnell Douglas MD-11 ...
Bо НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го продолжија позитивниот момент и го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со 126-107. Ова е осма победа од почетокот на сезоната на првакот, кој е единствена екипа без пораз во лигата. Гилџес-Александер се истакна со 30 поени, Џо запиша 22, Волас и Вигинс имаа по 12, а Холмгрен постигна 11. Кај Клиперси најефикасни беа Харден со 25 поени, Колинс со 17, Дерик Џонс ...
Сенатот на Соединетите Американски Држави не успеа по 14-ти пат по ред да го усвои законот за финансирање на владата претходно одобрен од Претставничкиот дом, бидејќи процедуралното гласање заврши со 54-44, помалку од потребните 60 гласови. Ова е 14-ти пат Сенатот да го отфрли привремениот предлог за буџет од Претставничкиот дом, со што се продолжува затворањето на владата, кое започна пред 35 дена и влезе во својот 36-ти ден, што го прави ...
Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја. Северна Кореја, според разузнавачката агенција, се чини дека ги засилува напорите за обезбедување нуклеарни материјали и воспоставување разни видови производствени капацитети за нуклеарни боеви глави. Доколку Ким одлучи да спроведе нуклеарен ...
Соединетите Американски Држави предложија нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која би се укинале санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шари и министерот за внатрешни работи Анас Хатаб, пред планираната посета на претседателот на Белата куќа во понеделник. Според документот, кој Ројтерс го виде, резолуцијата треба да добие најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од ниту една од постојаните членки – Русија, Кина, САД, ...
Поранешниот истакнат македонски фудбалер, Минас Османи, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкупи. Османи, кој долги години е посветен на клубот од Чаир, поранешен фудбалер на Шкупи и на Вардар, го наследува турскиот стратег Умит Шахин на клупата на чаирчани. Османи денеска, откако претходно привремено ја извршуваше оваа функција, и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб. Наредниве денови треба да бидат именувани и ...
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ова е временската прогноза за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени“, велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. „Минималната ...
Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. – Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски состанокот со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, денеска во Брисел го оцени како „пријателски и прилично продуктивен“, на кој, како што изјави по сребдата „апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции“. На средбата, како што информира Мицкоски, повторно било разговарано за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување ...
Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија. Ова го кажа еврокомесарката за проширување Марта Кос, презентирајќи ги во кратки црти извештаите за напредокот на земјите кандидатки за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент – АФЕТ. Северна Македонија ја спомена во само две реченици. Во едната посочи дека земјава е целосно усогласена со Надворешната и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го ...
Фиорентина му врачи отказ на тренерот Стефано Пиоли, откако тој одби да поднесе оставка по разговорот со раководството на клубот. Иако управата побарала од стратегот сам да се повлече, Пиоли останал цврст на ставот дека нема намера да си замине доброволно, по што клубот решил да го отпушти. Со тоа, тој останува на платниот список на „виолетовите“, бидејќи во летово потпиша тригодишен договор со тимот од Фиренца. Фиорентина се наоѓа во ...
Во услови кога постојано повторува дека проширувањето е една од најмоќните геополитички алатки што и се на располагање на ЕУ, Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во Унијата за 2025 година. Неодамна, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека со поддршката на земјите кандидати на нивниот патот кон членство во ЕУ, Брисел манифестира дека ...
По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје. Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на самитот за проширување на ЕУ изјави дека Украина ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“. „Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски. Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“. „Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да ...
Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година. Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални ...
Министрите за животна средина на ЕвропскатаУнија се обидуваат да постигнат компромис за клучната цел за намалување на емисиите неколку дена пред почетокот на Конференцијата на ОН за климатските промени во Бразил (COP30), што би можело да доведе до неколку отстапки во новиот закон на ЕУ за климата. Министрите имаат за цел да најдат заеднички став на состанокот во Брисел за законот за клима на ЕУ за 2040 година, откако Европската Комисија ...