Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Веќе се пријавени 43 000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. „Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и ...

Лионел Меси би можел да се врати во Барселона ако Жоан Лапорта ја напушти функцијата претседател, тврди шпанскиот портал „Elgoldigital“. Шпанскиот портал објави дека Лионел Меси, според информации блиски до играчот, е подготвен да размисли за враќање во Барселона – но само под еден услов претседателот на клубот Жоан Лапорта да ја напушти својата позиција. Според истиот извор, aргентинецот во приватни разговори јасно стави до знаење дека не ...

Претседателот Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Држави веќе се во трговска војна со Кина, неколку недели пред планираниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја. Претседателот го даде овој впечатлив коментар за време на прес-конференцијата во Белата куќа: „Се среќавате со претседателот Си за неколку недели, ако не можете да постигнете договор или договор на тој состанок, дали нè очекува продолжена трговска војна со ...

Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната Дума закон за ратификација на Договорот за стратешко партнерство и соработка со Венецуела, објави денес РИА Новости. Во договорот, потпишан во мај, се наведува дека земјите потписнички се спротивставуваат на едностраните санкции што ја кршат Повелбата на Обединетите нации и другите норми и принципи на меѓународното право. Меѓу другото, во договорот се наведува дека Русија и Венецуела ќе ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија останува „на вистинскиот пат“ за да ја достигне својата климатска цел за 2030 година. „Остануваме на вистинскиот пат, сме на вистинскиот пат да ги постигнеме нашите цели за 2030 година и ќе ја направиме Европа првиот климатски неутрален континент до 2050 година“, изјави фон дер Лајен на церемонијата по повод одбележувањето на Пактот на ...

Денес се навршуваат 18 години од трагичната смрт на Тодор „Тоше“ Проески, еден од најголемите музички таленти што некогаш ги имала Македонија и целиот Балкан. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп, а израснал во Крушево. Неговиот музички талент се забележал уште на 12-годишна возраст, кога настапил на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Јас и мојот дедо“. Професионалната кариера ја започна во 1996 година на фестивалот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА. Запрашан на прес-конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека ги испразниле своите затвори во САД и дека имаат многу дрога што доаѓа од Венецуела. Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ венецуелскиот ...

Локалните избори во Македонија го поместија и закажаното трето коло од новата сезона во кошаркарската Суперлига. Имено, суперлигашите викендов требаше да водат нови битки во домашниот шампионат, но поради изборите сабота и недела нема да гледаме кошарка. Третото коло од Суперлигата ќе се одигра наредната седмица, поточно на 21, 22 и 24 октомври. За вторник закажани се три средби: Чаир 2030 – ТФТ Скопје, Кожув – Гостивар и Работнички – Тиквеш, ...

Американскиот Сенат не успеа да го усвои републиканскиот закон за привремено финансирање на американската влада по деветти пат, со што затворањето на владата влезе во 15-тиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 51 глас „за“ и 44 „против“, не достигнувајќи го прагот од 60 гласови потребен за усвојување, објави CNN. Тројцата демократски сенатори кои гласаа заедно со републиканците за усвојување на законот повторно беа Кетрин ...

Илјадници години луѓето се обидуваат да сфатат како се изградени пирамидите. Овие импресивни, масивни структури привлекуваат илјадници туристи, но никој никогаш немал дефинитивен одговор за тоа како е постигната изградбата. Теориите на заговор се шират со години, а некои дури и се повикуваат на вонземни влијанија. Сега, мистеријата стара 4.500 години конечно е решена благодарение на експертите што ја испитуваат Скалестата пирамида на Џосер, ...

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик. -Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. ...

Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ доминирајќи ...

Државниот јавен обвинител да нема право на реизбор и да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието – ова се двете клучни препораки кои земјава ги доби од Венецијанската Комисија во однос на побараното мислење за законите за јавно обвинителство и совет на јавни обвинители. Сепак, за имплементирање на препораките, ќе биде потребно да се направат уставни , а не законски измени. Венецијанска Комисија: „Со цел да се подобри ...

Под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Целта е да се истакне важноста на заедничката акција за создавање поодржливи системи за храна и заштита на природните ресурси. По повод јубилејот, во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се засадат дрвја како симбол на заедничката заложба за зелена и одржлива ...

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово се очекува да почне дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела. Од ОИК доверливиот материјал – гласачките ливчиња и Избирачкиот список потоа ќе бидат дистрибуирани до Избирачките одбори. Дистрибуцијата ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. Доверливиот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Францускиот парламент треба да одржи две гласања за доверба против францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј во вторник, кои се очекува да ги преживее откако Социјалистичката партија претходно изјави дека нема да ги поддржи предлозите. Ле Корнеј, кој веќе беше премиер со најкраток стаж во Франција во модерното време пред да биде повторно назначен на истата функција минатата недела, се соочуваше со можноста за уште пократок втор мандат сè додека ...

Италија е подготвена да испрати војници во Појасот Газа, изјави денес италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, додека претседаваше со владиниот самит за реконструкција. „Италија е подготвена да испрати војници во Газа како дел од Меѓународните сили за стабилизација предвидени во планот на Трамп“, рече Тајани, објави АНСА. Тајани повика на „единство во постигнувањето на целите меѓу сите политички сили во (италијанскиот) ...

Европската Унија изготви план за подготвеност за одбрана за распоредување на клучни воени капацитети, вклучувајќи „ѕид од беспилотни летала“ до крајот на 2027 година, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на протечен документ, „Паток за подготвеност за одбрана 2030“. Документот, кој Европската комисија официјално ќе го презентира во четврток, следува по месеци разговори меѓу извршната власт на ЕУ и земјите-членки за ревидирање на одбранбената ...

Астролозите велат дека 2026 година ќе донесе моќни промени и нови можности. Тоа ќе биде период кога старите граници ќе бидат избришани, шаблоните што ве спречуваа ќе исчезнат и секој што знае што сака ќе има шанса конечно да продолжи напред. Годината бара храброст, фокус и самодоверба – а оние што ќе се осмелат да дејствуваат ќе бидат наградени. Пет знаци особено ќе имаат корист од оваа енергија и ќе го постигнат она што им избегало долго ...

Претседателот на Собранието на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши оствари средба со претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, на која истакнал дека нејзината посета на Скопје претставува поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Северна Македонија, како земја кандидат, Европската Унија не е само ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека европските земји сакаат украинскиот конфликт да се претвори во војна на американскиот претседател Доналд Трамп. „Европејците сакаат оваа војна да стане војна на Доналд Трамп. Тоа е чист мелем за нив. Во моментов тие не знаат како да ги украдат нашите резерви. Францускиот претседател Макрон рече дека никогаш нема да го дозволи тоа бидејќи е кражба. Барем има некакво разбирање ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. -Попладнево на скопскиот аеродром ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје, објави Муцунски на Фејсбук. Министерот истакна дека од денешните средби очекува потврда ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека очекува од неа креативни предлози и решенија, по, како што рече, нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите. Шефицата на државата одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата, но и што таа и ќе ...

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон денес пред Комитетот за надворешни работи на словенечкиот парламент изјави дека првиот дел од мировниот план на САД за Газа успешно се спроведува, но таа нагласи дека е важно да се разбере кревката ситуација и дилемите што ќе треба да се разгледаат за време на преговорите за втората фаза. Словенија искрено го поздравува мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и ...

Францускиот државен совет, највисокиот административен суд, денес ја потврди забраната за учество на Марин Ле Пен на изборите, оценувајќи дека мерката е оправдана и законска, со што се потврдува пресудата од март со која ѝ се забранува учество на избори од кое било ниво во период од пет години. Ле Пен, парламентарниот лидер на десничарската партија Национален собир (RN), моментално не може да се кандидира на никакви избори откако беше осудена ...

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. -Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен. Претходно, како што соопшти ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на ...

Економски колапс, алармантна состојба со буџетот, приходите, инвестициите и со реализација на капиталните инвестиции, бележи државата – вели претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој истакна дека на само 75 дена пред крајот на годинава буџетската рамка која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика. Според него биле реализирани 70,78% од приходите, односно 256,5 милијарди денари, а во исто време расходната ...

КАМ, македонскиот број еден, завчера го прослави 30-годишниот јубилеј со свечен настан во Кисела Вода, на кој присуствуваа голем број граѓани кои уживаа во македонска музика и домашни производи. Настанот започна со отворање на нов 86. маркет во големото семејство на КАМ, кој воедно е еден од најголемите, со површина од 870 метри квадратни и проширен асортиман производи со висок квалитет, по ниски цени. Се наоѓа на улицата Христо Татарчев број 47 ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1022
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.61
93%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1022
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
73%
1019
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
100%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
92%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Бакар

11.07

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Платина

64479.52

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95