Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 ноември 2025 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол кон стан во Струга. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село. – При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ...

Од утре (1 ноември) до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој ...

Две лица се повредени од огнено оружје за време на судир меѓу сопернички групи во бриселската општина Сен Жил, соопшти канцеларијата на обвинителот во Брисел во понеделник. Полицијата е повикана на Плоштадот Витлеем, во близина на железничката станица Гар ди Миди, каде што се пронајдени две повредени лица и чаури, објави Ројтерс. Двајца осомничени се уапсени, додека повредите на жртвите не се опасни по живот, се вели во полициското ...

Парламентот на Летонија гласаше за повлекување од меѓународниот договор насочен кон борба против насилството врз жените, откако конзервативниот партнер во владејачката коалиција го поддржа потегот, спротивставувајќи им се на премиерот и на претседателот. Истанбулската конвенција, воспоставена од Советот на Европа и потпишана од десетици земји-членки, го дефинира насилството врз жените како кршење на човековите права и се занимава со различни ...

Израел ги врати телата на уште 30 Палестинци во Газа како дел од тековниот договор за размена според планот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, изјавија на 31 октомври од една болница за АФП. Медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис за АФП информираше дека „телата на 30 палестински затвореници се примени од израелска страна како дел од договорот за размена“. Според примирјето, Израел треба да врати 15 палестински останки за ...

Ирачките власти предупредуваат на потребата од спасување и реставрација на спомениците од лулката на цивилизацијата, додека илјадници години стари антички ирачки градови на југот од земјата се закануваат со исчезнување поради ерозија предизвикана од климатските промени. Суровото и суво време влијае на зголемената соленост на почвата и ги оштетува историските споменици во остатоците од градови како што се Ур, родното место на библискиот ...

Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. ...

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. – Граѓаните веќе не мора да се ...

Руски ракетен и беспилотен напад врз Украина ги оштети електричните трафостаници кои се клучни за одржување на нуклеарната безбедност во земјата, а две нуклеарни централи останаа без по еден надворешен далновод, изјави денес генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „МААЕ беше информирана за воените активности во Украина наутро на 30 октомври, што резултираше со оштетување на трафостаниците кои ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во вторник изјави дека се надева дека ќе го убеди американскиот претседател Доналд Трамп дека Унгарија треба да биде ослободена од американските санкции врз руската нафта, поради нејзината голема зависност од снабдувањето со енергија од земјата. Орбан рече дека ќе разговара за американските санкции врз руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ со Трамп на состанокот закажан за 7 ноември и дека има за цел ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите. Тој фотографијата на кандидатката за градоначалник за Карпош, Маја Мојсова, со Сотир Лукровски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја препиша на „политичко неискуство“, ...

Околу 3 500 студенти и граѓани вчера тргнаа пеш од Белград до Нови Сад каде што утре ќе биде одбележана годишнината од уривањето на натстрешницата на новосадската железничка станица, кога загинаа 16 лица. Очекувањата беа дека од Белград кон Нови Сад ќе тргнат 2 000 граѓани, но бројот надмина 3 500 луѓе, според проценката направена врз основа на видео од поворката што помина низ Земун. Жителите на Нови Сад вечерва, почнувајќи од 18:30 часот, ...

Според американската асоцијација на играчи од МЛС (MLSPA, на годишната листа на плати, а трета година по ред, Лионел Меси, ѕвездата на Интер Мајами, е на врвот. Аргентинскиот магионичар го држи првото место со годишна плата од 20,45 милиони долари. На второто место е Сон Хјеонг Мин, ас на Лос Анџелес, кој годишно заработува 11,15 милиони, додека клупскиот колега на Меси, Серхио Бускетс, е трет со 8,78 милиони долари. Четврти е Мигел Алмирон ...

НБА ја одобри продажбата на мнозинскиот удел на Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер за 10 милијарди долари, при што Џини Бас останува гувернер на тимот, а семејството Бас задржува 15 отсто од сопственичкиот удел. Овој потег става крај на една долга ера на славниот кошаркарски тим од Лос Анџелес кој беше под раководство на семејството Бас од 1979 првенствено купен од страна на таткото на Џини, Др. Џери Бас. Продажбата за 10 милијарди долари е ...

Врвна тајна OMG! GSE: Opel овозможува ексклузивни фотографии од процесот на развој на својот најнов концепт автомобил во серија видеа на социјалните медиуми • Главен момент за заедницата: како Opel ја отвори вратата кон светот на игрите и стана дел од публиката на Vision Gran Turismo • Воодушевување од Светот: студијата со високи перформанси на IAA Mobility и Gran Turismo World Series Со моќност од 588 kW (800 КС), 800 Nm вртежен момент, ...

Јапонското Министерство за животна средина објави планови за издвојување средства за ангажирање лиценцирани ловци на мечки, бидејќи земјата расте загриженост поради наглото зголемување на нападите на животните врз луѓе во станбени области. Нападите од мечки убија 12 лица во Јапонија оваа година, што е најголем број откако земјата почна да ги следи ваквите случаи во 2000-тите, а повредија повеќе од 100 лица, вклучувајќи најмалку еден странец ...

Иран денес ја осуди како „неодговорна“ изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови. „Најавата за продолжување на нуклеарните тестови е регресивна и неодговорна мерка што претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност. Светот мора да се обедини за да ги смета Соединетите Американски Држави за одговорни за нормализацијата на ширењето на ова гнасно оружје“, ...

САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по цврстиот став на Русија за тврдокорните барања во врска со Украина, објави денеска „Фајненшaл тајмс“ (ФТ). Одлуката дојде по напнатиот телефонски разговор меѓу врвните дипломати на двете земји, објави „Фајненшaл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Белата куќа сè уште не одговорила на барањето за коментар, а руските ...

Јаник Синер чекори кон титулата во француската престолнина. Ако успее да дојде до неа, ќе се врати на првото место на АТП листата, но не е веројатно дека таму ќе остане до крајот на сезоната. Дотогаш нема уште многу да се игра бидејќи останува само завршниот Мастерс во Торино, од 9 до 16 ноември. На тој турнир, Синер брани 1.500, а Алкараз само 200 бода. Со оглед на тоа што со евентуален триумф во Париз, Италијанецот би имал предност од 250 ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 29 октомври на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој ...

Традиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани – две третини од граѓаните на ЕУ (66%), иако и другите дигитални извори, како социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести се изеденачуваат и рекле дека ги користат 59 проценти од испитаниците, покажува Евробарометарот 2025 за користењето ...

Со 51 глас „за“ и 47 „против“, ова претставува најнов обид на двопартиска група сенатори да го оспори Трамповиот протекционистички пристап кон трговијата. Четворица републикански сенатори Сузан Колинс од Мејн, Мич Меконел и Ренд Пол од Кентаки и Лиза Мурковски од Алјаса им се придружија на демократите во гласањето против мерката. Ова е третпат во една недела републиканците да гласаат заедно со демократите за да укинат одредени трговски мерки ...

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а метеоролошките служби предупредија за поплави во некои области. Медиумите објавија поплави и штети, додека службениците на аеродромите ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк во градот изјавија дека распоредот на летови е нарушен. „Оваа бура ги собори рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, рече Адамс на Икс, додавајќи ...

По утринската магла во одредени котлини во земјата, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 20 степени. Времето во Скопје од рано наутро ќе биде постудено со магла во делови од ...

Вечерва на полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат в недела, 2 ноември. Со тоа, стартува изборниот молк кој ќе трае до 19 часот во недела кога ќе се затворат избирачките места во општините во државата на кои има гласање во вториот круг. Во вториот круг од годинашните локални избори за градоначалник ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има ...

Планетата на комуникацијата и процесите на размислување, Меркур, денес, 29 октомври, влегува во полето на оптимистичкиот и вистинољубив Стрелец. Меркур во Стрелец често може да инспирира големи визии и филозофски разговори, каде што луѓето можат повторно да го откријат својот глас и, што е поважно, повторно да се поврзат со својата вистина. Еве што Меркур во Стрелец носи во вашиот хороскопски знак: Овен Овни, расположени сте да ги проширите ...

Персиска мачка од Ниш, јужна Србија, победи на меѓународната изложба за најубави и најдобри мачки организирана од Светската федерација за мачки (World Cat Federation – WCF) во Софија. Имено, изминатиов викенд во главниот град на Бугарија, првото место беше резервирано за српската куќа за одгледување мачки „Николато“ – специјализирана за одгледување персиски мачки. Притоа, мачорот по име Николато Махатма Ганди ги освои највисоките можни ...

Идејата за намалување на сончевата светлина за ладење на Земјата може да звучи привлечно, но научниците предупредуваат дека расејувањето на рефлективните честички во атмосферата може да предизвика сложени и непредвидливи последици доколку не се спроведе со голема претпазливост. Истражувањето, предводено од Миранда Хак, научник за аеросоли на Универзитетот Колумбија, истакнува дека методот на стратосферска инјекција на аеросоли (SAI) се ...

Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од суштинско значење за одржување на националната безбедност, изјави денес американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на војската да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје за прв пат по 33 години. „Важен дел од американската национална безбедност е да се осигураме дека нашиот нуклеарен арсенал всушност работи правилно“, изјави Венс пред ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.63
57%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 6ᴼ
1.54
48%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
50%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.61
61%
1014
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
82%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
74%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
44%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
49%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
78%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Злато

151336.48

Алуминиум

3.59

Платина

64365.79

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Калај

50.34

Бакар

12.11

Сребро

2399.81