Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, наведени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, се наведува во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ). „Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната ...
Вашиот напредок е значителен и извонреден. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порача денеска претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос кој е во посета на земјава. Пред пратениците во македонското Собрание, Русопулос рече дека во изминатите 30 години членство во Советот на Европа, Северна ...
Научници од Универзитетот во Пекинг во Кина развија материјал толку јак што слој со дебелина од само 1,8 милиметри може да запре куршум, што го прави потенцијално најсилната ткаенина некогаш произведена, надминувајќи материјали како кевлар и динема. Панцирите нормално работат со распределба на енергијата на проектилот низ меѓусебно поврзани влакна. Кевларот користи арамидни полимери познати по нивната исклучителна цврстина, но под голем ...
Печурките можеби не се првата храна што ни паѓа на ум кога ја замислуваме исхраната на дивите примати – или на нашите рани предци. Склони сме да мислиме на овошјето и зелените лисја како претпочитана храна за мајмуните и човеколиките мајмуни. Но, нова студија спроведена во Западна Танзанија истакнува изненадувачка и потенцијално клучна улога на печурките во исхраната на приматите. Речиси две децении работата на научниците се фокусирала на ...
Лице облечено во попска мантија викендов, на верскиот праник Задушница на гробиштата во Ѓорче Петров, се претставувал како свештеник и нудел да врши погребни обреди за пари. Во објава на социјалните мрежи, случајот го посочи еден граѓанин, според кого при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле. Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. На 01.11.2025 на гробиштата ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело убивање и мачење животни. Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите. Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, ...
Кајри Ирвинг е сè поблиску до враќање на паркетот по тешката повреда на коленото, потврди тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид. Американскиот плејмејкер се повреди во март, кога ги скина лигаментите, а по операцијата и долгиот процес на рехабилитација, неговото враќање се очекува пред крајот на годината, иако најавите беа „поцрни“. „Едвај чекаме Кајри да се врати. Очекуваме тоа да се случи пред Нова година, но ќе видиме како ќе оди. Се ...
СВР Скопје информираше дека возачот на автомобилот кој денеска околу пладне смртно прегази велосипедист во близина на мостот Гоце Делчев, го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС ...
Хамас е „решен“ да се држи до примирјето во Газа, изјави во понеделник (3 ноември) турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека е клучно муслиманските нации да играат водечка улога во реконструкцијата на палестинската територија. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ. „Се чини дека Хамас е решен да се држи до договорот“, им рече Ердоган на делегатите од Организацијата на исламски држави (ОИК) собрани во ...
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата Костадин Ацевски, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради, како што посочува во видео-обраќање на Фејсбук, лошите резултати на изборите. Тој повика оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ. „Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултат е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател ...
Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка. Вишвашкумар Рамеш, чија неверојатна снимка од него како се оддалечува од местото на падот на летот за Лондон во Ахмедабад стана вирална, го опиша своето преживување како „чудо“. Во несреќата која се случи во јуни, го изгуби и својот помлад брат кој седел ...
Под ледената површина на Антарктикот, тим научници ги откри најстарите директно датирани примероци од глацијален мраз досега пронајдени, кои датираат од пред приближно шест милиони години. Предводен од глациологот Сара Шеклтон од океанографскиот институт Вудс Хоул, водечки американски институт за океанографски и климатски истражувања, проектот откри мраз што зачувува воздушни меурчиња и траги од условите на животната средина од далечната ...
Речиси 30 илјади неважечки ливчиња имало на вчерашниот втор круг од локалните избори во 32 општини и во Градот Скопје. Вкупниот број изнесува 29 815, од кои 10 528 се од изборот за градоначалник на главниот град, а другите 19 287 од гласањето во 32-те општини каде што се одржуваше втор круг. Според резултатите што се објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од 100 отсто обработени избирачки места, може да се забележи ...
Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да се повлечат од обидите да посредуваат меѓу Русија и Украина за крај на војната, најави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Тој, одговарајќи на прапања во претседателскиот авион „Ер форс уан“, рече дека засега не размислува да ѝ испрати на Украина ракети со долг дострел „томахавк“. Додаде дека во иднина може да го смени мислењето. Новинарите го прашаа што би можело да биде ...
Европската комисија подготвува закон за квантни технологии и пред да се усвои законот, бара јавни коментари. Законот е планиран за усвојување во 2026 година (втор квартал од 2026 година) и ќе има три главни цели: прво, да се поттикне истражувањето и иновациите; второ, да се зголеми индустрискиот капацитет, вклучувајќи пилот линии и проектантски објект; и трето, да се зајакне отпорноста и управувањето со синџирот на снабдување. Ќе се темели ...
Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, се наведува во денешното соопштение на „ВЛЕН“. Во текстот се додава: Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении ...
По нерешениот резултат со Македонија ЃП, Башкими остана без тренер откако беше прекината соработката со тренерот Муарем Муарем. Во првиот натпревар од 12-тото коло, тимот од Куманово на дуелот против Арсими ќе го предводи Мите Митев, шефот на техничкиот штаб. Напаѓач од Босна и Херцеговина во редовите на Башкими, Недим Хоџиќ, смета дека и покрај промената во стручниот штаб, атмосферата во тимот е на високо ниво и дека од Гостивар ќе се ...
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе го израмни рекордот на Кристијано Роналдо поставен додека играше за Реал Мадрид. Французинот постигна два гола на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол. Со тоа, тој го израмни учинокот на португалецот, само што Роналдо постигна 19 гола во тие осум натпревари по ред, додека Мбапе стигна до бројката од десет. Нов рекорд, Мбапе би можел да ...
Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг од локалните избори. Пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос. Како што се најавува во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието ...
Еден од најекстремните примери е најдолгиот кошаркарски натпревар во историјата, кој се одигра во 1981 година во САД и траеше неверојатни 33 часа и 30 минути. Настанот беше организиран од Универзитетот на Минесота со хуманитарна цел – собирање средства за локална болница. Две колеџ-екипи седоговорија да играат без пауза подолго од еден ден, демонстрирајќи неверојатна физичка и ментална издржливост. Натпреварот заврши со резултат 106–95, но ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи идентификуваа и приведоа 37 лица кои учествувале во „нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти за време на нерегистриран јавен собир“ во неделата вечерта пред Народното собрание на Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Полицијата интензивно работи на идентификување и пронаоѓање на други учесници чии постапки ја загрозиле безбедноста на граѓаните и јавниот имот“, ...
Портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм, денес изјави дека повеќе од еден милион деца во Газа се уште се без вода и храна и дека илјадници деца секоја вечер си легнуваат гладни и покрај договорот за прекин на огнот. Инграм објасни дека 650.000 деца мора да се вратат на училиште и нагласи дека прекинот на огнот е „добра вест“ бидејќи значи крај на секојдневното бомбардирање кое убива деца, но не е доволно за да се стави крај на гладот или да им ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, Христијан Мицкоски, синоќа од Скопје замина во Кичево каде ја прослави победата во вториот круг на нивниот кандидат за градоначалник, Александар Јовановски. Јовановски ќе биде новиот градоначалник на Кичево, откако, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК), го победи својот противкандидат од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел. На прашањето на новинарите во „Ер Форс Уан“ дали размислува да ѝ го даде оружјето на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш. Можеби ќе има промена, но во овој момент не го разгледувам тоа“. Пентагон даде одобрение, одлуката зависи од Трамп Пентагон одобри Белата куќа да испрати крстосувачки ракети ...
До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември. Се очекува на денешната седница на Собранието, ...
Експертите стравуваат од „многу жртви“ откако земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро на 3 ноември. Само пред два месеци, смртоносен и разорен земјотрес го погоди источниот дел од земјата. Геолошкиот институт на Соединетите Држави соопшти дека неговите модели укажуваат дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“ околу градот со околу ...
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВЛЕН со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати. На вториот изборен круг вчера се ...
ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415.435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски гласале 93.207 ...
Оние што сакаат да имаат деца мора да водат сметка за начинот на живот уште пред зачнувањето на плодот, затоа што тој животен стил може да има последици врз здравјето на нивното идно дете, предупредуваат лекари од белгискиот Универзитет Хаселт. – Идеално, промената на начинот на животот треба да започне една година пред зачнувањето, наведуваат лекарите Чахинда Госејн, Севда Еџе Кизилкилиќ и Пол Дендејл во статија во медицинското списание ...