Три неексплодирани гранати од двете светски војни биле пронајдени во изминатите два дена на различни локации во гевгелиско и битолско, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги отстраниле, информира МВР во дневниот билтен. Во првиот случај, жител на Гевгелија пријавил дека во нива на местото викано „Ќупот“ пронашол граната. По интервенцијата на пиротехничар било утврдено дека станува збор за граната со калибар од 100 ...
Граната од Втората светска војна била пронајдена во плевна во битолското село Лавци, по што била безбедно отстранета од пиротехничар. Според информациите од МВР, вчера во 12:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека додека ја чистела плевната во селото Лавци, пронашла граната. На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа. При увидот било ...

