ФК Брегалница продолжува да го гради тимот за новата прволигашка сезона, а штипскиот клуб потврди дека младите и талентирани Дино Михолов и Лука Ѓеорѓиев ќе бидат дел од „сините“ и во претстојниот шампионат. Од клубот истакнуваат дека токму младоста, креативноста и упорноста се вредностите што ги красат двајцата фудбалери, кои и понатаму ќе ја продолжат својата фудбалска приказна во дресот на Брегалница. Михолов зад себе има успешна сезона, ...
Прволигашот Брегалница од Штип официјално потврди дека е продолжена соработката со Лука Георгиев и Дино Михолов. Спортска Мрежа пред неколку дена објави дека Георгиев ќе остане во дресот на „сините“ и во следната сезона, за што сега Брегалница само ги потврди нашите најави кои и овој пат се потврдија за точни. 22-годишниот Георгиев беше дел од фудбалски академии во Германија, а во македонскиот фудбал настапуваше за Осогово, АП Брера Струмица ...

