Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК. Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние ...

Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар. Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на место каде е ...

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон. Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за сторено кривично дело разбојничка кражба по член 238 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството истовремено достави предлог до Судот за определување мерка притвор за осомничениот. Кривичното дело се случило на 19 октомври на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје. Осомничениот со цигла го скршил стаклото од прозорецот на ...

Републикански сенатор Џон Кенеди сака да ги спречи членовите на Конгресот да примаат плати, бидејќи и федералните работници остануваат без плата поради т.н. „затворање на владата“ што се случи откако демократите во Конгресот спречија да се продолжи финансирањето на владините служби до крајот на годината. Како што „затворањето“ влезе во својот 35-ти ден, федералните вработени, контролорите на летање и другите вработени или не добиле плата или ...

Оклахома Сити го претрпе првиот пораз сезонава губејќи на гостувањето против Портланд со 121-119. Оклахома имаше 16 победи над овој ривал, но Портланд конечно успеа да ја прекине оваа црна серија благодарение на Авдија и неговите 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Гилџус Александер постигна 35 поени, но и тоа беше недоволно за актуелниот првак да го избегне првиот овосезонски пораз. Супердраматично беше во Лос Анџелес, каде ЛА Лејкерс ...

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа донесе Одлука со која 6 ноември се прогласува за ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина. „Со одлуката се прогласува 6 ноември 2025 година за Ден на жалост во БиХ поради трагичниот настан и загинувањето на жителите во Домот за стари лица во Тузла “, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Владата. Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна ...

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот прогласи состојба на национална катастрофа поради тајфунот Калмаеги, кој одзеде најмалку 140 животи, а 127 се водат како исчезнати, во очекување на приближувањето на тајфунот, објавија локалните медиуми. Централната покраина Себу беше најтешко погодена, каде што поплавите им се заканија на градовите и селата, однесувајќи автомобили, колиби покрај реката, па дури и огромни контејнери за ...

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева. – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или ...

Летовите на аеродромот во германскиот град Хановер вчера доцна вечерта биле привремено прекинати откако во негова близина бил забележан дрон, соопшти полицијата. Аеродромот бил затворен од 22 до 22:45 часот откако пилот пријавил дека видел дрон во близина на аеродромот, изјавил портпаролот на локалната полиција за германската новинска агенција ДПА. Според првичните извештаи беспилотното летало се движело над блиската индустриска зона. Поради ...

Иако експертите за безбедност постојано повикуваат на претпазливост при пребарување на интернет, користење паметни телефони и апликации што можат да ја следат локацијата, повеќето луѓе го игнорираат тоа. Тие веруваат дека таквите податоци воопшто не се важни за никого и дека никој не може да ги користи, бидејќи што значат информациите за локацијата што сте ја посетиле за никого. Особено ако таа локација не треба да се поврзува со идентитетот ...

Ново истражување потврдува нешто што повеќето родители одамна го знаат – најмалите деца најмногу придонесуваат за ширење на вирусите, пишува Euronews. Децата меѓу 3 и 10 години – најчести преносители Според студијата објавена во научното списание Pediatrics, децата на возраст од три до десет години многу почесто пренесуваат респираторни вируси отколку постарите ученици или возрасните кои работат во училиштата. Истражувањето опфатило повеќе ...

По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески. „Горд сум што учествував на ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

Абдула Н, еден од осомничените за кражба на кралски накит од Лувр, е познат по своите акробации со мотор и бил локална легенда во сиромашна населба северно од Париз, објави денес „Тајмс“. 39-годишникот од париското предградие Обервилиер, некогаш познат како „Дуду Крос Битумен“ поради неговата мото-фраза „секогаш поблиску до асфалтот“, сега повторно се најде во центарот на вниманието. „Тој порасна тука, беше идол на цела генерација“, изјави ...

Пред почетокот на зимата и врвот на грејната сезона, акумулациите и хидроцентралите во Македонија се под нормалното ниво. Сушата и малото количество врнежи се главната причина за тоа, иако токму тие можат значително да придонесат во производството на електрична енергија. Од ЕСМ за Алсат велат дека во овој период од годината само 25% од произведената електрична енергија се обезбедува од хидроцентралите. Но, и покрај лошата состојба со ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и романскиот претседател Никусор Дан, денес изјавија дека повлекувањето на дел од американските трупи од земјата нема да ги ослаби одбранбените капацитети на Романија или источното крило на Алијансата. Руте за време на посетата на Букурешт изјави дека „прилагодувањата на распоредувањето на американската војска се вообичаени“ и дека Вашингтон останува цврсто посветен на одбраната на сојузниците во ...

Европската комисија усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај. Како што соопшти ЕК, целта на овој пакет е обезбедување на поефикасен, поврзан, лесно достапен, чист и отпорен транспортен систем во ЕУ. Со планот се предвидува ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешко палење, од 15 на 13 години, објавува Дојче веле. Реформата на законот е одговор на зголемувањето на смртоносното насилство меѓу бандите. Полицијата вели дека криминалните мрежи сè повеќе регрутираат деца за употреба и пренос на оружје, бидејќи лицата под 15 години не можат да бидат гонети. ...

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, ги повика српските власти да обезбедат одговорност за смртните случаи предизвикани од уривањето на настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во кое загинаа 16 лица. „Немаше значаен процес на откривање на вистината за трагедијата, и покрај барањата на десетици илјади граѓани кои излегоа на улиците барајќи правда“, рече Турк во ...

Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, денес испратија писмо до претседателот Доналд Трамп барајќи средба со конгресните лидери за да се стави крај на блокадата на владата. „Ви пишуваме за да побараме двопартиски состанок на законодавните лидери за да се стави крај на блокадата на федералната влада од страна на републиканците и решително да се справиме со здравствената ...

Медицинска сестра која се грижела за пациенти со сериозни, неизлечиви болести денес беше осудена на доживотен затвор во германски суд за убиство на 10 пациенти со смртоносна инјекција и обид за убиство на уште 27 други. Обвинителите тврдат дека медицинската сестра за палијативна нега им инјектирала на своите постари пациенти лекови против болки или седативи за да ѝ го олесни работењето во ноќната смена, објавува Ројтерс. „Нејзиниот злостор ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на скопското обвинителство и му одреди мерки на претпазливост на 37-годишниот скопјанец кој пред два дена со автомобил „фолксваген пасат“ го усмрти велосипедистот Јорго Ќука на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. На барање на Обвинителството, на осомничениот му се одредени мерки на претпазливост кои подразбираат одземање на македонскиот и на српскиот пасош кои ги поседува, одземање на ...

По критиките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лошите забелешки во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија обвинувајќи го дека продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија и дека ја понижува сопствената држава. Покрај него, го обвинија и екслидерот на СДСМ, Зоран Заев, за прифаќање на, како што велат, штетниот договор поради кој земјава е предмет на уцена. Во писмената реакција на ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во период од наредните неколку месеци ќе се работи на проширување на опозициската платформа не само за политички чинители туку и за граѓански организации бидејќи, како што рече, СДСМ е единствена политичка сила која може да ѝ парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. „Потребен ни е многу поширок, посилен и поорганизиран фронт – тоа е една од лекциите кои ги научивме за време на овие локални избори и сум ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ги одбил жалбите на одбраните и го потврдил притворот на сега веќе поранешниот в.д. директор на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и на управителот за отпад во јавното претпријатие, Аки Саити, информираа денеска од Судот. Претходно, на 28 октомври, Кривичен го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи по 30 дена притвор на Рустеми и на Саити поради опасност ...

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...

Пожарот кој избувна синоќа во Домот на пензионери во тузла, БиХ, зеде уште еден живот. Човекот починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Со тоа, бројот на жртви се искачи на 12, а повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци. Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири лица се на респиратори и се во тешка состојба. Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Трут сошал“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не било на гласачкото ливче, како и на парализата на буџетот. „Тоа што Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечерашните избори, велат анкетарите“, напиша американскиот претседател. Во Вирџинија, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
53%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 7ᴼ
1.54
43%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
53%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.96
56%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.0
75%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
72%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
61%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
44%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Родиум

326330.08

Кобалт

45.39

Сребро

2399.81

Калај

50.34

Алуминиум

3.59

Злато

151336.48

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Бакар

12.11

Платина

64365.79

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00