Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
По нападот со нож доцна синоќа врз воз што сообраќал низ англискиот округ Кембриџ, десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот, јавува Би-Би-Си. Британската полиција го доби првиот повик за нападите врз возот што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос во 19:39 часот по локално време, по што пристигнала на местото на злосторството и уапсила двајца мажи, пишуваат британските медиуми. Подоцна објавила дека десет лица се во ...
Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање. Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Според Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните ...
Лавина ги погоди планините Ортлес во Јужен Тирол, при што закопа неколку лица. Потврдена е смртта на тројца германски скијачи, додека две лица се уште се водат како исчезнати. Италијанската новинска агенција Анса објави дека лавината погодила две одделни групи. Спасувачките екипи пронајдоа три безживотни тела на скијачи од првата група – 30-годишен маж и жена и 50-годишен маж. Останатите четири члена на групата успеаја да преживеат. Од ...
Во 32 општини и во Градот Скопје денеска се гласа за градоначалници, а на три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници. Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со ...
Можно е брзо да се организира средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но во моментов нема потреба за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Хипотетички кажано, можно е, но во моментов нема потреба за тоа“, рече Песков, додавајќи дека сега е потребна макотрпна работа на украинското решение, објави утрово ТАСС. Претседателите на Русија и САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да започнат ...
Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени,а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени. Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со појава на ...
Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека сите избирачки места се отворени. Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје. Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, ...
Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може ...
Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров. Во втор круг, во трката за градоначалник на ...
Шеј-Гилгус Александер бил ограбен додека го играл натпреварот во НБА лигата, потврди полицијата од САД. Во полицискиот извештај се наведува дека разбојници влегле во домот на кошаркарот на Оклахома околу 22 часот по локално време додека го играл натпреварот против Вашингтон. Како што пренесуваат медумите во времето на грабежот во неговиот дом немало никој, а истрагата по сторителите и понатаму е во тек. Ваквиот грабеж е само уште еден во кој ...
Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир. Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на ...
Гласањето за болни и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК). – Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје, стои во соопштението од ДИК. Според нивните ...
Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе се гласа, само три жени се кандидати за градоначалничка функција. Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки се Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“, и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија ...
Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 што ќе се одржи утре, ќе избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров. Во втор круг, во трката за ...
Владата на Србија донесе Одлука со која утрешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост ...
Поради верскиот празник Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Со почеток од 6:00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и ...
Времето денеска претпладне ќе биде магливо во одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
По речиси една деценија заедно, Кети Пери и Орландо Блум ја раскинаа својата свршувачка. Двојката се запознала во 2016 година и, по кратка разделба, се свршиле во 2019 година. Блум глумел во голем број филмови, вклучувајќи и големи франшизи, а Пери со години доминира на топ листите. Кој од нив има поголема нето вредност? Само неколку дена по дипломирањето на драмското училиште, Блум ја добил својата пробивна улога, Леголас во трилогијата ...
Со среќни вести ја заокружуваме и оваа недела. Нашиот најнов среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е од Гостивар и освои фантастични 6.536.213 денари! Ш.Б од Гостивар на 25.10.2025, на видеолотариските терминали во Спортлајф, ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 6.536.213 денари. „40 Брнинг хот“ е играта која во неговиот случај се покажа како среќен избор. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата ...
Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на настанот на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. Тој посочи дека Европската Унија е партнер на земјава, но и на сите останати во Западен Балкан во процесите на зајакнување на родово одговорното управување и нагласи дека кога жените ...
Во формалните мировни процеси женското учество сè уште е симболично, за што говори фактот дека минатата година само седум отсто од преговарачите биле преговарачки, односно жени, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. -За мене, ова не е само обична бројка, туку предупредувачки факт дека машката половина од човештвото ...
Покриен со слој од масно ткиво дебел половина метар и доволно силен за да го пробие арктичкиот мраз, китот „Balaena mysticetus“ на прв поглед можеби не изгледа како симбол на долговечност. Сепак, овој арктички морски џин од 80 тони може да живее повеќе од два века, а научниците сега открија молекуларна трага што ја објаснува неговата извонредна долговечност. Ново истражување објавено во списанието Nature на 29 октомври покажува дека клетките ...
Секој месец носи по неколку среќни денови за секој хороскопски знак. За некои таа ќе е на финансиско поле, за други на љубовно, трети ќе имаат среќа поврзана со домот. Кои ќе бидат вашите среќни денови во ноември? Овен 5, 9, 14, 20 и 27 ноември ќе ви донесат чувство на победа. Ќе добиете вести што долго ги чекавте или ќе имате шанса да ја покажете вашата целосна сила. На поле љубов, некоја стара приказна може да има пријатно продолжение, а ...
Компанијата „Србијавоз“ објави дека денескa, поради дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи, привремено го прекина сообраќајот на сите возови. – Интензивно соработуваме со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата – се наведува во соопштението. Претходно „ТВ Н1“ објави дека патничките возови до Нови Сад нема да сообраќаат попладнево и наутро на 1 ноември, и не е можно да се купат билети ...
Колосална лавина го погоди северниот базен камп Анапурна на 26 октомври, однесувајќи шатори и опрема. Планинарите и нивните водичи може да се видат како трчаат засолниште додека белиот ѕид на уништување се урива од 4.100 метри над нив. За само неколку моменти, видливоста станува невозможна бидејќи лавината го зафаќа целиот камп. Nepal: A large avalanche was reported on Annapurna I’s base‑camp slopes in late October 2025, though the exact ...
Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк ги оцени американските напади врз пловни објекти осомничени за шверц на дрога како недозволиви и како кршење на меѓународното право. „Овие напади и растечкиот број на човечки жртви се недозволиви. САД мора да ги запрат нападите и да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат вонсудски убиства на луѓе кои се наоѓаат на тие пловни објекти, за какви било криминални дејствија да се ...
Четириесет и осумгодишен тетовец е осомничен дека пред три дена преку објава на социјалните мрежи упатил закани кон жена и кон функционери од една политичка партија дека ќе ги убие и ќе изврши други тешки кривини дела врз нив. Против него е поведена постапка од страна на Основното јавно обвинителство Тетово, а Судот му определил мерка притвор. Како што информираа од Јавното обвинителство, осомничениот се товари за кривичното дело загрозување ...
Холандската центристичка политичка партија Д66 освои најмногу гласови на парламентарните избори, откако се преброени речиси сите гласови, објави денес новинската агенција ANP, која собира резултати од сите општини во Холандија. Според овие резултати, Д66 и ПВВ моментално имаат по 26 места во парламентот, но разликата во гласовите е 15.155 во корист на Д&&, па партијата, според ANP, би можела да освои уште едно пратеничко место. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка, одговори дека карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД. – Карпошани на овие избори избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на нашиот ...