Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно ...
Навреме почна гласањето во Куманово, соопшти денеска претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска. Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири изјави дека гласањето е тековно. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места. Навреме почна гласањето и во општина Старо Нагоричане ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...
Изјаснувањето на граѓаните на Локалните избори во општините Охрид и Дебрца започна навреме и гласачкиот процес се идвива непречено. Сите избирачки места се отворени навреме, освен на едно каде поради технички причини гласањето почна со половина час задоцнување. Од ОИК посочија дека на тоа избирачки место нема да има продолжување на гласањето односно дека и таму гласањето ќе биде заокружено во предвидениот термин до 19 часот. Вкупно евидентирани ...
Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме. – Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.762 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 76 болни и изнемоштени лица, изјави Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна ...
Општиската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека утрово во 7 часот отворени се гласачките места на територијата на Општина Битола. Според Единствениот избирачки список право на глас имаат 77.253 избирачки кои се распределени на 170 гласачки места. На овие локални избори за градоначалник на Општина Битола конкурираат осум кандидати, додека за членови на Советот на Општина Битола конкурираат кандидати од шеснаесет кандидатски листи. ...
Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките ...
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови облачноста ќе се намали, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер ...
Во 7 часот изутринава започна гласањето на осмите локални избори, а од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека се отворени сите избирачки места. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас на вкупно 3 474 избирачки места низ земјата. На овие избори, граѓаните избираат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Вчера, ...
Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да ...
Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Градот Скопје вкупната бројка ...
И покрај тоа што денес е изборен молк, набљудувачите бележат повеќе случаи на негово прекршување. На социјалните мрежи и понатаму се појавуваат спонзорирани содржини, иако тие требаше да престанат на полноќ. Џавир Дерала од Центарот за слобода за телевизија Алсат вели дека од различни делови на земјата пристигнуваат информации за зголемена активност на партиски активисти, кои се подготвуваат за утрешниот изборен ден. Сепак, атмосферата останува ...
Цената на златото достигна историски рекорди, достигнувајќи над 4.000$ по унца. Според економскиот експерт Гадаф Реџепи, главните причини за растот на цената на златото се политичките и економските неизвесности на глобално ниво, како и геополитичките тензии што создаваат страв од неконтролиран раст на јавниот долг. Тој додава дека истовремено, централните банки ја зголемиле својата побарувачка за злато — од просечно 481 тон годишно во периодот ...
Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите ...
Засилено полициско присуство, зголемени контроли и постојана координација со Изборните комисии – се дел од мерките што Министерството за внатрешни работи ги презема во пресрет на Локалните избори 2025. На денот на изборите, полициски службеници ќе бидат распоредени во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со цел навремено откривање и спречување на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Од МВР уверуваат дека сите ...
Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со ...
Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на ...
Осмите Локални избори во Македонија што ќе се одржат в недела ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. До ...
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и ...
Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја која штотуку ја губеше својата перспектива, да го чувствувам немирот кај моите дома, но и наоколу, за неизвесноста околу нашата држава и иднина, но и доволно доцна за да ги почувствувам сите нејзини последици. Нашите родители чинам, беа последната генерација која веруваше дека системот, со сè негово, барем обезбедува некаква предвидливост. Но, ...
Доволно е само едно парче од префинетиот кафеав велур за да го трансформирате вашиот стил и да внесете доза на луксуз што трае засекогаш. Оваа есен, бојата и текстурата добиваат ново значење – кафеавиот велур повторно доминира на модната сцена. Без разлика дали ќе се завртите кон сјајните модни писти, уличните стилски комбинации или излозите на престижни бутици, овој мек и рубаст кожен материјал е апсолутен избор број еден за сезоната. ...
Саудиска Арабија започна со изградба кон крајот на 2024 година на Мукааб, монументална структура во Ријад, која е обликувана како колосална коцка и е наменета да стане најголемата градба на Земјата. Нејзиниот капацитет е таков што во нејзината внатрешност би можеле да се сместат 20 Емпајер стејт билдинг. Мукааб е клучен дел од амбициозната национална иницијатива на Саудиска Арабија „Визија 2030“ и се развива како дел од проектот „Нова ...
Многумина велат дека еден од најубавите моменти е кога ќе се завиткаме во ќебе, а надвор тивко врне дожд. Овој природен звук во заднина е најдобрата приспивна песна за многумина, и тоа не е само впечаток. Науката потврдува дека звукот на дождот навистина може да го подобри квалитетот на сонот. Причината лежи во неговото влијание врз хормонот на стрес и нашиот циркадијален ритам. Звукот на дождот има монотон и предвидлив ритам кој го смирува ...
Во последните години, радиотерапијата направи огромен чекор во развојот благодарение на најсовремените технологии, и тоа конкретно со подобрување на прецизноста и квалитетот, како и со намалување на несаканите ефекти од неа. Овој напредок овозможи персонализиран пристап со значително подобрени резултати, што, пак, позитивно влијае врз квалитетот на живот на онколошките пациенти, објаснува д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и ...
По успешната сезона во Лигата Ц од Лигата на нации, македонската фудбалска селекција се сели еден ранг погоре и ќе се натпреварува во Б сегментот од ова натпреварување. Тоа значи дека ја очекуваат посериозни натпревари, а со оглед на објавените шешири, Македонија ќе се натпреварува во квалитетна група. Нашата селекција ждрепката за новата сезона во Лигата на нации, која треба да се одржи на почетокот на следната година, ќе ја пречека од ...
Мета ја исклучува својата апликација Messenger за macOS и Windows и ги пренасочува корисниците кон мрежата. Мета потврди за Engadget дека апликацијата ќе биде целосно исклучена на 15 декември, по што најлесните начини за пристап до разговорите на Messenger кога не се користи мобилен телефон ќе бидат апликацијата Facebook на Windows или веб-страниците на Facebook и Messenger. Компанијата не даде објаснување зошто ги напушта своите десктоп ...
Граѓаните на Скопје на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова. Шукова на прес-конференција пред утрешниот изборен молк повтори дека зад неа стои чесен и професионален тим кој знае како да го направи Скопје модерен, среден и урбан град. Таа напомена дека целата нејзина кампања изминатите денови се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат ...
Сите ние во Скопје се сложуваме дека работите не ги бива. Не ни требаат студии, експерти или проценки, сите живееме тука и состојбата е крајно лоша, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, кој денеска пешачеше од општина „Ѓорче Петров“ до Ново Лисиче, каде граѓаните ги споделувале секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Мециновиќ нагласи дека е време политичките чинители да покажат дека промените се ...
Од Њујорк до Сан Франциско и од Чикаго до Атланта, се очекува милиони демонстранти повторно да излезат на улиците низ САД утре, во сабота, за да протестираат против политиките на Доналд Трамп и да „ја бранат демократијата“ на повик од движењето „Без кралеви“, објави Фокс Њуз. Претходниот национален ден на мобилизација на оваа коалиција, која се спротивставува на Доналд Трамп и обединува околу 300 организации, веќе мобилизираше милиони луѓе низ ...