
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи. На прес – конференција во Собранието, на новинарско прашање за тоа дали од денеска тројца пратеници од ДУИ веќе не се дел од ...
Младите но исклучително талентирани уметници од италијанското трио „Инвентио“, виолинистките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон и виолистката Ана Серова вчеравечер беа вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ со нивниот концерт во црквата „Света Софија“. Изведувајќи дела од Бах, Де Берио, Танејев и Дворжак, членовите на овој гудачки состав уште еднаш го потврдија својот веќе етаблиран виртуозитет како солисти и како камерни ...
Азиските земји почнаа да регистрираат рекордни температури уште од април, што предизвикува загриженост за нивната способност да се прилагодат на климатските промени. Според податоците на кинеската метеоролошка служба, највисока температура за овој период од годината била вчера во Ксинџијанг, огромна полупустинска територија која граничи со неколку земји од Централна Азија. „Во неделата во 19 часот максималната температура забележана од ...
Топлотниот бран го зголеми бројот на интервенции во Итната помош во Штип. Доктор Вероника Ефремова вели дека откако државата е во портокалова фаза, за 30 % им е зголемена работата и во просториите на Брзата помош, но и на терен, – Викендите имаме повеќе работа и тоа е зголемена за 30 проценти, од причина и што не работат матичните лекари, па и Итната медицинска помош и тогаш интервенира, изјави д-р Вероника Ефремова – Итна помош Штип. Пациентите ...
Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленциите, но тоа не влијае врз раководството. – Почнувајќи со заобиколување на структурите, погрешни политики, непринципиелни ...
Лубеницата е омилено летно освежување, но кога се во прашање нејзините семки, сигурни сме дека, како и повеќето, ги фрлате. Но, тоа е грешка бидејќи тие се нутритивно богати. Семките од лубеница се нискокалорични и изобилуваат со хранливи материи. Може да се јадат и печени. Тогаш тие се крцкави и можат да бидат одлична замена за нездравите грицки. Една голема шака семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи само 23 калории, што е многу помалку ...
Ирачкото Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека открило фабрика за производство на каптагон на југот на земјата, која во последните години стана центар на трговијата со дрога. „Денеска е откриена лабораторија за производство на каптагон“, соопшти локалното министерство, додавајќи дека фабриката е откриена во провинцијата Мутана, која граничи со Саудиска Арабија. Министерството соопшти дека фабриката е „опремена со машини за ...
Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, ...
Ал Наср беше тешко поразен од шпанската Селта од Виго во пријателски натпревар. Беше 5:0 за членот на Ла Лига, но и покрај тоа Кристијано Роналдо тврди дека од европските лиги вреди уште само англиската ПЛ. И покрај тоа што најдобрите фудбалери во 21. век веќе не се дел од Европа, очигледно е дека нивното ривалство се уште трае. Лигата во Саудиска Арабија е подобра од МЛС. 100 проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европски клуб. Јас го ...
Кај многу мајки по породувањето може да се јават плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и слично. За ова се смета дека се заслужни големите хормонални промени кои настануваат по породувањето, но постанаталната депресија не е исто со овие промени на расположението. Таа е многу посериозна состојба. Овој текст е наменет за сите кои сакаат да дознаат повеќе за постнаталната депресија. Може да биде корисно за жените кои мислат дека можеби ja ...
Маж и жена загинаа, а нивната 14-годишна ќерка е повредена во експлозиите на Кримскиот мост што ја поврзува Русија со јужниот украински полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Мостот е затворен, а траектниот сообраќај е во прекин. Се уште не е познато што точно се случило. Руските власти не го нарекоа инцидентот напад, но според непотврдени извори, експлозии се слушнале рано наутро во понеделникот. Мостот беше отворен во 2018 ...
Продолжува потрагата по М. П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13. 00 часот М. П. (29) од село Дабиле, струмичко, влегол во ...
Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук откако обезбеди транспортно возило за услугите на селската џамија. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава. Директорот на Агенцијата за ...
Владата денеска на седница ќе ја преиспитува Одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица-Штука. Се очекува министерот за економија Крешник Бектеши да даде поопширна информација околу натамошната постапка. Во саботата, со блокирање на централната градска крстосница во Струмица, активисти и граѓани го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на ...
Актерите Софија Вергара и Џо Манџаниело се разведуваат по седум години брак. „Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои се сакаат и почитуваат многу, замолуваме да се почитува нашата приватност додека се справуваме со оваа нова фаза во нашите животи“, стои во нивната заедничка изјава. Педесет и едногодишната ѕвезда на ТВ-серијата „Модерно семејство“ и глумецот познат по улогите во „Вистинска крв“ и „Магичниот Мајк“ се ...
Во Македонија на гости се дојдени дипломати од Германија, Франција и Полска себе наречени Вајмарска тројка кои бараат од опозицијата да прифати Бугарите да влезат во Уставот. Но, малкумина знаат што значи оваа т.н Вајмарска тројка и како историски контекст има. Според податоците од Википедија, Вајмарската Република официјално позната како Германски Рајх, бил историски период на Германија од 9 ноември 1918 до 23 март 1933 година, за време на кој ...
– Филмски проекции, мастер-часови и музички перформанси ќе понуди годинешното песто по ред издание на „Бич филм фестивалот“ што од 19 до 23 овој месец ќе се одржува на интересни локации низ Охрид. Вљубениците во филмската уметност ќе имаат можност на најатрактивни сцени како плажата Славија, плажата Сараиште, бродот „Армада“ и Младински центар во Охрид да изгледаат осум долгометражни играни филма, 16 краткометражни филма, девет студентски ...
Овен Поради преголемата самодоверба нема да имате напредок на работа. Бидете дискретни во вашите планови. Се чувствувате како некој од блиските да се обидува да ја искористи вашата дарежливост. Нервозата денес не ја „истурајте“ врз партнерот – може да направите голема кавга од ништо. Бик Сега е време да остварите некои нови контакти на работа, кои ќе ви бидат од полза во иднина. Попладнето обидете се да се опуштите – прошетајте се во природа, ...
Ивановски напредуваше за дури 39 позиции и моментно е на 331 позиција што е негов најдобар ранкинг во кариерата. Моментно 19-годишниот македонски тенисер има 155 поени. Неговиот последен настап беше на турнирот во Јаши, Романија, каде успеа да стигне до четвртфиналето. По пласманот во полуфиналето на Фјучерс турнирот во Рим, Италија, во женска конкуренција македонската тенисерка Лина Ѓорческа скокна за 25 позиции на ВТА листата. Моментно е на ...
Руски научници од Институтот за применета геофизика Федоров во Москва предвидуваат дека денеска може да се очекува силна сончева активност, која би можела да пречи на комуникациите со кратки бранови, пишува Ројтерс. Тие наведуваат дека Сонцето ќе ги „исфрли“ блесоците од Х, кои се најголемите експлозии во Сончевиот систем и можат да создадат радијациони бури. Ваквите Сончеви блесоци од класата X се најголемите експлозии во соларните системи и ...
Булки, лотоси, рози, божури… Од самиот почеток, цвеќињата го исполнија срцето на KENZO и неговиот основач со својата убавина и мириси. Тие ги симболизираат нашите вредности: љубов кон природата, отвореност, младост, радост и оптимизам. KENZO е посветен на нивна заштита и садење! Flower Ikebana од Kenzo е цветен мирис за жени. Ова е нов мирис, лансиран во 2023 година. Flower Ikebana е инспириран од јапонската уметност на аранжман на цвеќиња, со ...
Актерката Сара Климоска ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на Доста во филмот „Кајмак“ на фестивалот за филм во Сомбор, Србија. Во Србија филмот беше и на редовниот репертоар во кината. Овој млад фестивал своето петто издание годинава го одржа со мотото „За оние што доаѓаат“. Србија е една од земјите во која „Кајмак“ беше и на редовниот кинорепертоар. „Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација“, ...
Скандалот со шпионската опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Внимавајте, со овој ...
Со најавата на Изет Меџити дека ќе формира ново политичко движење кое ќе делува опозициски, се компликуваат работите за уставните измени. Досега на власта и требаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да може Бугарите да бидат вметнати во Уставот како услов за почеток на преговорите, сега нејасно е на колку пратеници може да смета владејачкото мнозинство. Групата на Изет Меџити контролира тројца пратеници меѓу кои и Кастриот Реџепи за кого никогаш не си ...
Италијанскиот калчолигаш Торино е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Според извори од Турција, Торино доставил понуда до Трабзонспор да го добие Барди на едногодишна позајмица, со опција за комплетен откуп на договорот следното лето. Барди веќе најави дека сака да остане во Трабзонспор откако доби понуди од ЛА Галакси и од Џирона, но можеби оваа идеја за преселба во Италија ќе му делува поинтересно. Трабзонспор се наоѓа на ...
Аргентинецот Лионел Меси и Шпанецот Серхио Бускетс, некогашниот тандем на Барселона, синоќа беа претставени како главни засилувања за Интер Мајами. Презентацијата се одржа во неговиот нов дом, на стадионот ДРВ ПНК, а Меси беше пречекан од илјадници фанови на неговиот нов клуб. Пред навивачите се обрати и првиот човек на Интер Мајами, Дејвид Бекам, кој е најзаслужен за доаѓањето на Меси во клубот. Со денови овој настан се најавуваше како голем ...
Досега Русија немаше потреба да користи касетна муниција, но доколку тие се користат против нас, го задржуваме правото да возвратиме, изјави рускиот претседател Владимир Путин. – До сега не сме го направиле тоа, не сме го користеле, ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Ја имаме и оваа муниција, но тоа не го направивме. Но, секако, доколку се примени против нас, го задржуваме правото да возвратиме ...
За над 50 отсто би поскапело парното греење, ако има основ РКЕ да ги прифати барањата на компаниите за топлинска енергија. Тие веќе ги доставиле пресметките до комисијата. Две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски за Телма вели дека добро ќе се разгледаат нивните трошоци и за околу 10 тина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од ...
Локалната Телевизија Стар објави снимка од тепачка на Градскиот базен во Штип, кој е во склоп на новоизградениот Аква парк отворен во јуни пред две години. На снимката може да се види дека се делат тупаници, клоци помеѓу мажи, а потоа со тупаници и удари со нозе силата ја мерат и три жени, односно две жени маваат една која е легната на земја. Тепачката се одвива пред децата кои зачудено ги гледаат возрасните како дивјачки се пресметуваат и се ...
Таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на државата. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на ...