Жолто ниво за предупредување од поплави издаде попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според управата, поради обилни врнежи од дожд постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на утрешниот ден. УХМР предупредува за крајно внимание покрај реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата во текот на утрешниот ден, поради ...

Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа, информираат од УХМР. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска предупредија на потенцијална опасност од поплави и излевање на реки во јужните и југoисточните делови на земјата поради циклонска активност. Обилни врнежи се најавуваат за утре, а тоа може да предизвика зголемен водостој на реките и суводолиците. Според прогнозата, висок водостој се очекува во сливовите на реките Струмица, Анска, Вардар (долен дел), како и помалите реки и суводолиците во ...