Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Хетафе донесе еден гол, но и еден контроверзен момент во првото полувреме. Гостите поведоа со атрактивниот гол на Сатријано во 39. минута, но фановите на Хетафе и голем дел од шпанската јавност сметаат дека Антонио Ридигер требало да биде исклучен поради еден неспортски потег. Во еден дуел, германскиот дефанзивец нокаутираше противнички играч (Диего Рико) со удар со колено, но не само што ситуацијата не беше ...
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата. Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот. Реал ...

