Македонската фудбалска репрезентација утре ќе има голема поддршка од Фалангата. Најавено е дека околу 1.500 навивачи ќе бидат на стадионот во Вадуц и тие треба да бидат дополнителна сила за Македонија да стигне до победа во првиот меч од квалификациите за СП 2026 година. Даден е апел фановите да бидат облечени во црни маички и само со шал и знаме да се бодри нашата репрезентација. Пред стадионот ќе биде поставен и штанд на кој ќе се продаваат ...

Македонската фудбалска репрезентација истрча на теренот во Вадуц со црни тренинг-маички, со кои искажa почит и длабоко сочувство за загинатите и настраданите во страшната трагедија што се случи во Кочани. Нашите „рисови“ важат за големи фаворити на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн, а играчите ќе се обидат да извојуваат важна победа која ќе биде посветена на цела Македонија. На маичките е испишан црниот датум за нашата историја, ...

Дел од навивачката група на Македонија која што е присатна во Вадуц, е и од Кочани, градот кој што го погоди невидена трагедија. Десетина кочанчани по потекло кои живеат во Швајцарија пристигнаа во Вадуц, за да ја бодрат нашата репрезентација. И тие како и останатите наши навивачи носат специјално направени маички со натпис „Кочани“, во знак на почит кон трагично загинатите во трагедијата која што го погоди нивниот град. Во Вадуц во моментов се ...

Македонските навивачи од сите страни на Европа пристигнуваат во Вадуц, за да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација во дуелот против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство. Помеѓу македонските навивачи во Вадуц е и една група која пристигна од Париз, а до Лихтенштајн возеле со автомобил цели седум часа. „Патувавме шест-седум часа за да дојдеме од Париз. Далеку е, но за Македонија да ја бодриме воопшто немаше двоумење да ...

Поддршка од околу 1.500 навивачи се очекува да има македонската фудбалска репрезентација на дуелот во Вадуз против домаќинот Лихтенштајн. Со овој меч започнуваат квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Договорено е македонските навивачи да дадат поддршка на нашите фудбалери, но без користење на тапани, труби и пиротехнички средства и тоа да биде во чест на жртвите во трагедијата која се случи во Кочани минатата недела, ...