1533.- Во Ферари умрел Лодовико Ариосто, прославен италијански епски поет, чиј витешки еп „Бесниот Роналдо“ станал блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. Пишувал и лирски песни, комедии и сатири. Роден бил на 8 септември 1474 година. 1854.- Умре германскиот физичар Георг Симон Ом, кој го открил односот на струјата на електромоторните сили и отпорот во електирчното коло, наречен по него ...

1441.- Умрел фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден од најголемите европски сликари во 15. век, родоначелник на ренесансното реалистичко сликарство во северна Европа, творец на фламанската сликарска школа. 1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се истоварил на Мексиканскиот Залив, каде го основал градот Вера Круз и започнал со освојувањето на Мексико, кое завршило во 1521 година со уништување на царството на Асцтеките. 1762.- Рускиот цар Петар ...

1621.- Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умрел во Париз, на 13 април 1695 година. 1709.- Руската војска под водство на царот Петар Велики по двочасовна битка кај Полтава сосема ги поразила шведските трупи што ги водел Карло Дванаесетти. Руската војска со победата над тогаш најдобрата војска во Европа многу го подигнала угледот на Русија, па таа стапила на светската сцена како сила од прв ...

– Меѓународен ден на архитектурата и Ден на архитектите на Република Македонија 1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор бил осуден на смрт поради велепредавство откако одбил да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми. 1804.- Во Париз е родена Жорж Санд (вистинското име и е Орора Дипен), француска писателка, чии собрани дела опфаќаат сто томови. Таа била борец за еманципација на жените и голем критичар на хипокризијата во ...

1489.- Роден е англискиот свештеник Томас Кренмер, еден од водачите на верските реформи во 16 век во Англија. Вовел литургија на англиски јазик и го составил „Општиот молитвеник“ на англиски јазик. 1566.- Умрел францускиот астролог Нострадамус, најпознатиот пророк во историјата на човештвото, личен лекар на францускиот крал Шарл Деветти. Ја напишал книгата „Пророштво“ во која, најчесто на таинствен и нејасен начин, ја предвидувал иднината. ...

1631.- Во Париз почнала со работа првата агенција за вработување во светот. 1753.- Роден е францускиот пронаоѓач Жан Пјер Франсоа Бланшар, кој во 1785 година со Џон Џефрисон први го прелетале Ла Манш со балон. Исто така го конструирал и падобранот. 1776.- Во Филаделфија, Конгресот на претставниците на северноамериканските колонии, кои се побуниле против Англија, донесле „Декларација за независност“ (составувач е Т. Џеферсон) со која била ...

1783.- Во Роан е роден Шарл Луј Авас, француски писател, новинар, основач на новинската агенција „Авас“. Авас го осмислила новиот концепт на специфичното агенциско новинарство. Агенцијата Авас е најстара во светот, која тој ја основал во 1835 година. Како новинска агенција Авас постоела до 1945 година, кога била национализирана по падот на вишискиот режим во Франција. Од неа израснала денешната француска новинска агенција „Франс прес“. 1811.- ...

1189.- Умрел англискиот крал Хенри Втори Плантагент, основач на династијата Плантагент, кој во текот на владеењето од 1154 до својата смрт ја ограничил улогата на Црквата во сферата на судството и другите домени на судскиот систем со што значително ја зајакнал кралската власт. 1415.- Во Констанца бил запален на клада Јан Хус, чешки верски реформатор, народен борец, прочуен проповедник, професор и ректор на Универзитетот во Прага, книжевен и ...