По првиот круг од Локалните избори 2025 година, на мапата со општините на кои со боја се прикажани резултатите може да се забележи дека доминира светло-портокаловата боја, односно бојата на ВМРО-ДПМНЕ. Светло сината може да се забележи само во Куманово, тоа е бојата на ЗНАМ. Светло-црвената, бојата на СДСМ, може да се забележи во седум општини, како и на нив сличната, темно-црвена боја на ВРЕДИ која што може да се забележи во сличен број на ...

ВМРО-ДПМНЕ би добиле над 60 пратеници, а СДСМ би завршиле со 20-на пратеници доколку резултатите од првиот круг на локални избори се пресликаат на моделот за парламентарни. Ова го покажуваат анализите и проценките на двете партии. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека со добиените 300 000 гласови на локалните избори, на потенцијални парламентарни избори, според Донтовиот модел, партијата би освоила над 60 пратеници, додека, пак, за СДСМ велат ...

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ...

Првиот круг од локалните избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор, но се одржаа во поларизирано политичко опкружување – меѓународната мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја објави прелиминарната оценка за прбвиот ден на изборниот процес. Забележуваат дека непримената на дел од нивните препораки и точноста на избирачкиот список останува да се следи со загриженост. Во однос на реториката и кампањата, кандидатите воделе кампања за ...

По вчерашниот прв круг од локалните избори во 2025 година, 44 општини веќе добија градоначалници кои ќе раководат со нив во следните четири години. Во најголем број од нив победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање кој треба да се одржи на 2. ноември. Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има втор круг, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски има 50% од гласовите од 99,83% од преброените гласови. ...