Берлин, 7 април 2025 (МИА) – Падот на финансиските пазари е „повик за будење“ што покажува дека трговската војна „на крај ќе има само губитници, соопшти денеска германската Влада по воведувањето на новите американски царини. - Само мораме да дејствуваме интелигентно и јасно за да избегнеме нова трговска војна и ескалација, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Хебештрајт. Тој додаде дека сега не можат да се изразат преку бројки ...
Цените на нафтата паднаа за повеќе од два отсто во четвртокот, бидејќи стравувањата од продлабочување на трговската војна меѓу САД и Кина и можната рецесија го засени олеснувањето на пазарите предизвикано од 90-дневното одложување на американските царини. На лондонскиот пазар цената на барелot сурова нафта падна за 1,77 долари, на 63,71 долари. На американскиот пазар, пак, цената на барел сурова нафта се намали за 1,77 долари, на 60,58 долари. ...
Отворена трговска војна меѓу Кина и САД се наѕира откако претседателот Доналд Трамп воведе царини од повеќе од 100% за увоз на кинески стоки. Кина рече дека „ќе се бори до крај“ наместо да попушти пред она што го гледа како американска принуда. Ги зголеми тарифите за американските стоки од 34% на 84% како одговор на последниот потег на Белата куќа. Што значи овој растечки трговски конфликт за глобалната економија? Вкупната трговска размена ...
Неочекуваната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги суспендира обемните давачки кои ги воведе на многу држави, денес ги поттикна светските берзи, и покрај тоа што ја заостри трговската војна со Кина. Обратниот потег на Трамп, објавен во средата, помалку од 24 часа откако беа воведени големите нови давачки на мнозинството трговски партнери, следеше по најжестоката епизода на нестабилност на финансискиот пазар од почетоците на ...
Финансии / Банкарство ЕЦБ ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ ПОРАДИ ТРГОВСКАТА ВОЈНА, препорачува гувернерот на Банката на Франција 09.04.2025 Европската централна банка (ЕЦБ) треба да ги намали каматните стапки поради трговската војна што ја започна Вашингтон, изјави денеска гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Виероа де Гало. - Промените што се случија од 2 април укажуваат на потребата од побрзо намалување на каматната стапка во еврозоната, ...
Цените на нафтата драстично паднаа во средата, накратко достигнаа најниско ниво во последните четири години, пред малку да закрепнат, откако ескалираа тензиите во трговската војна меѓу САД и Кина. Кина најави зголемување на царините за американските стоки од 34% на 84%, одговарајќи на новите царини од 104% на претседателот Трамп кои стапија на сила претходно истиот ден. Овој потег ги потресе светските пазари, при што суровата нафта од типот ...
Европските берзи утрово паднаа за повеќе од 2 отсто, губејќи го најголемиот дел од вчерашните добивки, бидејќи трговската војна меѓу САД и Кина се интензивира. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9 часот и 30 минути беше во минус за 2,5 отсто, губејќи најголем дел од вчерашните добивки. Утринава лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,01 отсто, на 7.750 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,05 отсто, на 19.865 поени, а париски ...
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на меѓународните пазари близу 65 долари, бидејќи трговците ги преиспитаа оценките дека ескалацијата на тонот во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина ги зголеми шансите за рецесија и ја загрози побарувачката на енергија. На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по цена од 47 центи повисока од вчерашната затворена цена од 64,68 долари. На американскиот пазар поскапе за 52 центи на 61,22 ...
Падот на финансиските пазари е „повик за будење“ што покажува дека трговската војна „на крај ќе има само губитници, соопшти денеска германската Влада по воведувањето на новите американски царини. - Само мораме да дејствуваме интелигентно и јасно за да избегнеме нова трговска војна и ескалација, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Хебештрајт. Тој додаде дека сега не можат да се изразат преку бројки последиците од трговската војна врз ...