Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Зошто децата на луѓе од средна класа не стануваат богати?! Објавена во: 21 Септември, 2025 11:57 На прв поглед, припадниците на средната класа изгледаат стабилно – имаат работа, автомобил и дом. Но, зад таа слика често стои борба за вистинска финансиска слобода. Експертите издвојуваат пет најчести замки. 1. Изгледот им е поважен од суштината Зголемувањето на платата многумина ги поттикнува да купат поголем стан или автомобил. Тоа носи ...
Скопскиот емо/скримо бенд „Ју“ (YÖU) го најави својот прв соло концерт во Скопје, со кој ќе одбележи десет години постоење. Концертот ќе се одржи во Младински културен центар на 24 октомври. „Ју“ почна како трио и во тоа издание го сними првиот албум „We Sing the Blues…“ во 2017. Минатата година го објави своето второ студиско издание, миниалбумот „River of Sadness“, сега веќе како четворка. Оваа година, „Ју“ настапи на фестивалот Егзит во Нови ...
„Уште сум тука“ на прочуениот бразилски автор Валтер Салјес ја доби годинешната награда Гран при за најдобар филм на годината што традиционално ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Салјес лично ја прими наградата на отворањето на 73. издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Гран при на ФИПРЕСЦИ се избира со гласање на членовите на федерацијата, а годинава гласаа 739 критичари од 75 земји. ФИПРЕСЦИ гоинава ...
Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) годинава востанови ново фестивалско признание, награда Златен медал „Браќа Манаки“, а прв со новото одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ се закити, филмскиот критичар Благоја Куновски Доре. Одлуката на ДФРМ токму Благоја Куновски Доре да го добие златниот медал за особен и долгогодишен придонес кон ИФФК „Браќа Манаки“ се темели на факти, а факт е дека Куновски Доре 46 години не пропуштил ниту едно ...
На првата фестивалска вечер, лауреатот Евалд Флисар ќе биде во друштво со Јана Бауер, Елена Алексиева, Небојша Лапчевиќ, Лидија Димковска и Хана Корнети, а со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан по 13. пат почнува вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена ...
Во ова издание е вклучен и романот „Игра со љубов“, со којшто Павловски дебитираше во далечната 1964 година, како и избор од неговите раскази, вклучително и од раните творечки години, едните и како враќање „Назад кон детството“, како што е насловен одделен дел на книгата, а други како „Ембриони од најраната младост“. Изданието се заокружува со „Записи како раскази“, важни за македонската културна меморија. Едновремено, со овој дел на книгата, ...
Скопје, 20 септември 2025 (МИА) – Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во галерија „Ко-ра“ ќе биде отворена изложбата „Импресиум“ на Ана Јовчевска Иванова. Во соопштението на Град Скопје се наведува дека изложбата е поддржана од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Град Скопје, како дел од годишната програма која има за цел афирмација на аматерското творештво во рамки на циклусот ...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. Тој е најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес, а убиства почнал да решава уште од првиот ден на работното место. Сите романи посветени на Роберт Хантер е, Картер ги пишува со неверојатна прецизност. На моменти тие се толку напнати и ...
Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по кратко истражување одбраа 30 жени новинарки, уреднички, репортерки, монтажерки, камерманки и фоторепортерки кои во изминатите 80 години оставиле значаен печат во македонските медиуми. Преку нивните фотографии јавноста беше потсетена на имиња кои стоеле зад првите уреднички позиции, почетоците на македонското радио и телевизиско пренесување, како и на жени ...
„Урбана скица од четири лица“ е најновата изложба поставена во малата сала на Завод и Музеј во Битола, а е показател за соработката на оваа национална културна установа со ДЛУБ – Друштвото на ликовни уметници од Битола. Претставени се четворица автори членови на ДЛУБ – Симеон Силјановски, Роберт Михајловски, Драган Најденовски и Владимир Симоновски. Изложени се различни медиуми, сликарски дела во различна техника и скулптури. Синоќешното ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 299, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со визуелната уметница Љупка Делева: Постојано пластам нови искуства и умешности – разговор со Шуи-Лин Вајт, уметничка од Јужна Африка и гостинка на „Остен“: Уживам во цртањето – стрип-издавачот „Бункер“ го објави ...
Охрид, 20. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во куќата на Робевци, синоќа беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археологија – Лихнида“. Дводневниот научен собир е во организација на повеќе институции од Република Македонија и универзитетот Хамболд од Соединетите Американски Држави. – Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата ...
Полка Карајанова од Скопје. Да, денеска ми е роденден и ви благодарам што ми честитавте! Роденденот го доживувам како ден кој ме прави среќна, помудра, исполнета со чувство на радост.. затоа што сум здрава, жива , среќна! Професијата ми е мед. сестра , им помагам на луѓето со голема одговорност и професионалност. Се’ на се’ јас сум среќна личност и се што правам, правам со љубов и посветеност! Семејството ме исполнува со радост и затоа ...
Дарија Крстевска од битолскиот атлетски клуб ОЛИМП, го продолжува победничкиот низ. По триумфот на 5 километри на градската трка „Трчај бе“ минатиот викенд, таа викендов во Скопје блесна и на Купот на Македонија за младинци/ки. Крстевска освои две златни медали – на 800 и на 1500 метри – и ја исполни нормата за бодување, со што донесе значајни поени за својот клуб АК Олимп на табелата за пласман. Младата атлетичарка ќе го продолжи своето ...
Од денес во соработка со Македонско еколошко друштво во Инфоцентарот на НП Пелистер е отворена изложба од критично загрозениот балкански рис. Изложбата се состои од 21 фотографии напревени со методот на фотозамки во текот на изминатите 18 години. Фотографиите се направени во природните живеалишта на рисот, претежно од западниот дел на Македонија и од делови на Албанија и Косово. Изложбата ќе биде поставена до 08.10.2025. Ве очекуваме! Овој тип ...
Со најсовремена опрема се скенира и се истражува тлото во и околу пет познати манастирски комплекси во Македонија за да се утврди милениумскиот континуитет на културното наследство. Се истражуваат манастирите: Трескавец, Зрзе, Манастир Мариово, Свети Димитрие-Чебрен, Плаошник, Свети Ѓорѓи во Крубиново. Ова е дел од двегодишниот проект на Институтот за старословенска култура од Прилеп во соработка со Универзитетот Калполи од Калифорнија, САД. ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје беше отворена изложбата на скулптури од Маргарита Симовска насловена „Празно саќе“. Се работи за скулптури во вид на саќе (каде пчелите го складираат медот) правено од отпад, која Симоска го собира од јавни простори, а потоа го рециклира и претвора во уметност. „Со ‘Празно саќе’ го вклучувам алармот за подигнување на еко-свеста на глобално ниво. ‘Празно саќе’ се поврзува со природата, учи од нејзината ...
Маслена слика од Пабло Пикасо, насловена „Биста на жена со цветна капа“, ќе се најде на аукција во Париз на 24 октомври. Делото, насликано во 1943 година за време на нацистичката окупација на Париз, ја прикажува француската уметница Дора Мар — љубовница и муза на Пикасо. Иако е обоена со живописни пастелни нијанси, лицето на Дора е загрижено, а експертите велат дека сликата носи тажен тон, можеби поврзан со крајот на нивната врска и состојбата ...
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 46. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура –Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, ...
Во Перм, Русија вечерва ќе биде изведен „Поема за талкањето“ во кореографија на Игор Киров. Станува збор за балет во еден чин работен во соработка со танцовата компанија „Евгениј Панфилов“, еден од пионерите на модерниот танц во Русија. Балетот е инспириран од „Реквиемот“ на Моцарт и „Божествената комедија“ на Данте. – Создадени со разлика од речиси пет века, тие се длабоко сродни и настанале како последица на судирот на човекот со феноменот на ...
Гостивар, 19 септември 2025 (МИА) – Со изведбата на претставата „Проколнато засолниште“ на театарот од Приштина, Косово, во режија на Илир Бокши во понеделник 22 септември ќе започне Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ кој се одржува во Гостивар. Организацискиот одбор на денешната прес-конференција најави дека наредната недела во шесте вечери ќе се изведува по една претстава кои конкурираат за фестивалските награди. Според програмата, на ...
Во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид ќе биде отворена изложба на тема „ Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848)” . Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот. Автор е Милчо Георгиевски, историчар ...
Христина Белева е бугарска музичарка која свири на гaдулка – традиционален жичен инструмент што се свири со гудало. Таа беше дел од културната иницијатива на WeBalkans, „Една песна, една Европа“ која се одржуваше во Скопје од 14 до 16 септември, во кој учествуваа 12 музичари од различни држави, секој со свој инструмент, традиционален или класичен. „Силата и убавината е што преку нашите инструменти ние му даваме глас на нашето срце, на нашата ...
Мадона најави нов албум за следната година откако ја обнови соработката со „Ворнер рекордс“, издавачката куќа која ѝ помогна да стане суперѕвезда. Како што објави „Ролинг стоун“, поп-кралицата му се враќа на денс звукот, па новиот албум е замислен како продолжение на „Confessions on a Dancefloor“ од 2005. Кон крајот на минатата година, Мадона откри дека се вратила во студио за да работи на нов албум. Ова ќе биде прв албум на Мадона од „Madame X“ ...
Ако сте расположени за нешто инспиративно, носталгично и музички полно со душа – тогаш овој викенд одвојте 69 минути за документарниот филм „The Dreamers“ на српскиот режисер Владимир Петровиќ. Прикажан на годинашниот Палиќ филм фестивал, филмот не е само патување во времето, туку и вистинска почит кон оние кои ги пробија првите бариери во машкиот свет на рокенролот – трите девојки што го формираа бендот Сањалице. Додека светот во 1964-та го ...
Младата Симона Филипоска од Гостивар ја преточи љубовта кон пишаниот збор во поетско патување низ душата преку својата прва збирка поезија, која ја промовираше денеска во родниот град. Насловена “Blood-soaked words” книгата донесува четириест песни на англиски јазик со различна тематика: анксиозност, немирни мисли, љубов, сонови, природа, поделени во два циклуси-мрачен и светол, според темите и мотивите. За афинитетот кон пишувањето и ...
Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри на 23 септември ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Особена магија на вечерта ќе внесат трите уметници - Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и на мандолина Жана Актурк од Турција. - Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, ...
Со доделување посебни фестивалски награди и признанија, и со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечер во Битола почнува ИФФК „Браќа Манаки“. Новото 46-то издание на фестивалот на кинематограферите од светот и годинава нуди конкурентни филмови за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, богата документарна и студентска програма, а се враќа и програмата ...
Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена комедијата „Фај-Фај“ од Мирољуб Недовиќ-Рики во изведба на Драмското студио од Тетово. Режисер е Мирко Видоески, кој воедно го преведе и адаптира текстот од српски на македонски јазик. Изведбата е во рамките на денови на претстави од независна продукција во Драмски. Во претставата настапува проверена актерска екипа на Драмското студио Тетово, која ја сочинуваат: Наташа ...
Во Охрид викендов се одржува Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“. Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а ја организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од ...