Пред нејзиниот 80. роденден вчера (19 јануари), Доли Партон објави нова верзија на нејзиниот сингл од 1977 година „Light of a Clear Blue Morning“, во кој се учествуваат пејачите Лејни Вилсон, Квин Латифа, Реба Мекинтајр и Мајли Сајрус. „Првично напишана и снимена пред 50 години во 1976, за време на период на лична транзиција и обновен оптимизам, песната долго време стои како едно од најинспиративните дела на Доли“, се вели во објавата од ...

Памела Андерсон, Ченинг Тејтум, Ејми Адамс, Жилиет Бинош, Ел Фанин и Сандра Хилер се ѕвездите кои играат во филмовите во главната конкуреција за престижната Златна мечка на годинашниот Берлински фестивал. Директорката на фестивалот, Триша Татл, денеска ги претстави кандидатите за главната награда на Берлиналето, еден од најзначајните филмски фестивали во светот заедно со Кан и Венеција. 76. издание на фестивалот ќе се одржи од 12 до 22 ...

„Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе… се дел од филмовите што ќе има можност да ги види публиката од 21 до 24 јануари, во Кинотеката на Македонија, како избрани содржини од фестивалот „Киненова“. Под мотото „Најдоброто од Киненова“, љубителите на филмската уметност ќе може да гледаат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап отвораат културни и општествени прашања. ...

Еден од најнеобичните и најконтроверзни моменти во историјата на наградите Оскар се случи на 27 март 1973 година кога легендарниот актер Марлон Брандо ја освои престижната статуетка за најдобар актер за улогата на Дон Вито Корлеоне во класичниот филм КУМ (The Godfather), но одби да ја прифати наградата на сцената. Кој беше Марлон Брандо? Марлон Брандо (1924–2004) важи за еден од највлијателните актери во историјата на киното, често сметан ...

Единаесет месеци како е поставена настрешницата од страна на Општина Чаир, за време на градоначалникот Висар Ганиу, сѐ уште не е отстранета, иако за неа се произнесоа и од УЗКН и од ГКЦ, велејќи дека се работи за тврда градба , но дивоградба, која е подигната без било какви дозволи и која навлегува и во контактната зона- Дуќанџик и во споменичната целина- Стара скопска чаршија, каде што е забрането да се гради, за да не се наруши ...

– Не е проблем да се направи добра гајда, проблем е да се набави соодветен материјал. Интересот за гајдата како музички инструмент е голем во нашата држава, но и пошироко. Има многу млади кои сакаат да свират на народни музички инструменти, меѓу кои и на гајда, а меѓу нив и оние што сакаат да учат и што почнаа да е занимаваат со нивна изработка. Звукот на гајдата ни е во гените, младите треба да ја продолжат традицијата, вели Љубен Јуртоски ...

Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) започнува со цел да создаде нови можности за млади уметници да ја изразат својата креативност и да пренесат силни еколошки и општествени пораки преку уметнички перформанси во јавни простори. Проектот, финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската Унија, ќе овозможи младите да ја користат уметноста како алатка за ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид утре – среда со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт. Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам. Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на ...

Внуката на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ која гради меѓународна оперска кариера во Германија, на социјалните мрежи се збогуваше со својата баба која почина вчера. Младата оперска уметница Марта Хаџиманов во неколку реченици изрази тага, благодарност и безусловна љубов кон жената која, како што истакна, засекогаш остана нејзин пример. „Мојата прекрасна, прекрасна баба нè напушти денес. Бабо моја, многу те сакам. Секогаш ќе го слушам и ќе ...

Дебитантскиот филм „17“ на Косара Митиќ ќе има светска премиера на 76. Берлинале во селекцијата Перспективи, објави денеска фестивалот. Перспективи е натпреварувачка селекција за дебитантски филмови, годинава 14 се во трката за наградата Најдобро филмско деби. 76-то издание на Берлинскиот филмски фестивал ќе се одржи од 12 до 22 февруари. По сценариото на Митиќ и хрватскиот режисер и сценарист Огњен Свиличиќ, филмот се снимаше пролетта 2024. ...

На 31 јануари и 1 февруари 2026, најавтентичните рурални домаќинства од цела Македонија ќе се претстават во Јавна Соба, преку дводневен саем за одржлив и креативен туризам, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со сместувачките капацитети, програмите и активностите за сите генерации, гастрономските и вински искуства, органските продукти и локалните вкусови, опотенцира Љутков. ...

„Као какао“ е насловот на првиот македонски мјузикл на музика на гитаристот Влатко Стефановски, кој премиерно ќе биде изведен во мај, во копродукција на „Баги комуникации“ и Македонскиот народен театар. Текстот за мјузиклот е напишан од Венко Андоновски, режисер е Дејан Пројковски. Засега во план е мјузиклот да има 19 композиции кои ќе бидат изведени во нови аранжмани направени од Бобан Мирковски. Приказната од мјузиклот на сцена ќе ја ...

Францускиот институт во Скопје со најава за изложба на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, во соработка со Гете Институтот во Скопје и поддршка на Универзаланата сала. Проектот имаше за цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за ...

Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 февруари, од 20 часот во Филхармонијата, објави продукцијата „Евентум“. Радовиќ важи за еден од најквалитетните женски поп-вокали во регионот, а автор и продуцент на повеќето нејзини песни е Дарко Димитров. Таа ја започна музичката кариера во 2003 на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песната „Како сол во морето“ (Као со у мору), која и денес e еден од ...

На 8 јануари 2026 година, на платформата Netflix премиерно беше прикажана американската трилер серија His & Hers, со Џон Бернтал и Теса Томпсон во главните улоги. Серијата е адаптација на истоимената книга од 2020 година од Алиса Фини и ветува интригантна приказна полна со тајни, семејни односи и непредвидливи пресврти. Дејството во серијата се одвива во Атланта, каде што Ана (Теса Томпсон), поранешна новинарка, живее повлечено откако се ...

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата со избор раскази на Ацо Гогов со наслов „Месечините на нашите животи. Книгата содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот од една зачудна, изместена перспектива, некаде на границата помеѓу јавето и сонот. Авторот наоѓа начин да ја еродира баналноста на секојдневието, и да продре до ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“ на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија, Велика Британија) и пијанистката Маки Окада (Јапонија, Швајцарија). Диригент е Олси Кинами, а на програмата се увертира од операта „Крадливата страчка“ од Џоакино Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 6 од Николо Паганини и ...

Кавадарци, 16 јануари 2026 (МИА) - „Враќањето од Делфи", е насловена книгата од кавадаречкиот поет и писател Тодор Богев, издавач е Библиотека ,Феткин" од Кавадарци. Пред присутните на настанот вечерва во оваа културна установа, на промоцијата на делото, беше кажано дека главниот лик на романот, Благоја, е во своевидна аматерска, антрополошка потрага да најде одговор, на најкрупните прашања за физичката и ментална конструкција на човекот, за ...

Струмичанката Тина Русева победи на шоуто за музички таленти „Гласот на Европа“, кое се одвиваше онлајн во изминативе месеци. „Пресреќна сум и многу возбудена. Следни планови ми се снимање авторска музика, на која веќе се работи“, ни рече младата пејачка, која девет години живее во германскиот град Леверкузен со семејството. „Ви благодарам многу, затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така, му благодарам на ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје на 22 јануари (четврток) во 19 часот ќе се одржи промоција на 37. издание на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија. Промотор на бројот во кој темата на бројот е „300 години Кант“ ќе биде проф. д-р Ана Димишковска. Повеќе за содржината на списанието може да видите на следниот ЛИНК. Списанијата можат да се најдат во книжарниците на „Или-или“ и „Култура“ по ...

Традиционалното џез-матине на Скопскиот џез фестивал го означи почетокот на календарската година со музика и сеќавања од изминатото фестивалско издание. Во рамки на настанот беа промовирани новите календари на Скопскиот џез фестивал за 2026 година, кои содржат фотографии од 44. Скопски џез фестивал, забележани низ објективот на фотографот Жига Коритник, а Тони Китановски Трио, кои настапија во состав: Тони Китановски (гитара), Оливер ...

20 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 20:00 БУГОНИЈА (Bugonia) Игран филм, САД 2025, 118 мин., колор, ДЦП Режија: Јоргос Лантимос (Yorghos Lanthimos) Сценарио: Вил Трејси (Will Tracy) Улоги: Ема Стоун, Џеси Племонс, Алисија Силверстон (Ema Stone, Jessie Plemons, Alicia Silverstone) Bugonia (2025) е мрачен и ироничен научнофантастичен трилер со елементи на црна комедија, во режија на Јоргос Лантимос, со Ема Стоун во улога на Мишел Фулер — моќна и каризматична ...

Македонскиот кларинетист, велешанецот Благој Ламњов кој живее и работи во Шведска синоќа во салата на Хотел „Романтик“ кај велешко езеро „Младост“ одржа целовечерен концерт во пијано придружба на Бојан Димитровски од Битола.Тој настапи со песни од македонската фолклорна музика и велешката чалгија споени и преработени од него во класичната музика содржани во неговите два албуми „Nostlgic Love“ 1 и 2.Ламњов на концертот настапи со преаранжирани ...

Славко Јаневски е роден во Скопје на 11 јануари 1920 година. Тој беше истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на ...

Раде Рогожаров е роден на 20 јануари 1960 година во Штип. Тој е познат македонски театарски, филмски, телевизиски актер и музичар. Во 1988 година Дипломира на Факултет за Драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин. Истата година се вработува во Народен Театар – Штип, каде што е активен и денес. Учествува во голем број на претстави , при што има реализирано многу значајни улоги од најразлични жанрови. Учествува во ...

Светот на Формула 1 официјално влезе во новата ера. Во срцето на американската автомобилска индустрија, на централната станица во Детроит, Оракл Ред Бул Рејсинг (Oracle Red Bull Racing) го претстави новиот болид RB22 за сезоната 2026. Oracle Red Bull Racing Season Launch 2026 1 Ова не е само уште една промоција на болид. Ова е почеток на историско поглавје во кое тимот од Милтон Кејнс за првпат ќе се натпреварува со сопствен ...

Во Белград почина пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, сопругата на пејачот, композитор и актер Васил Хаџиманов. Имаше 90 години. „Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. За замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов. Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Pочнала да пее ...

Бог се јави! Богојавление-Водици е празник на духовната чистота, верата и обновата, ден што нè потсетува на силата на заедништвото, на моралните вредности и на одговорноста што ја носиме едни кон други. Денес сум во мојот Велес, меѓу моите сограѓани, каде традицијата, верата и заедништвото се чувствуваат силно и искрено, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Овој голем празник нè повикува на спокој во ...

На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска ...

Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со Институт за филм- Филмска Академија – Охрид, „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, како и Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, од 17-19 јануари 2026 се одржа меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“. Oваа година конференцијата, тематски е фокусирана на „Идентитетот, културата ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
30%
1007
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
3.09
33%
1006
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
6.69
28%
1003
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
48%
1007
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.56
42%
1007
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
36%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
9.26
44%
1007
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
39%
1009
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
30%
1008
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
38%
1008
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
34%
1003
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
60%
1008
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Родиум

347228.06

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Паладиум

46489.98

Алуминиум

3.24

Иридиум

256711.96

Кобалт

964.52

Сребро

2840.84

Калај

43.91

Бакар

11.12

Платина

63562.03

Цинк

3.04