Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Вокалот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ и кантавторот Рамбо Амадеус објавија спот за дуетската соработка во која комбинираа две песни на популарниот рок состав. Станува збор за брилијантна и необична комбинација на „Ako možeš, zaboravi“ и „Pediculis Pubis“. Музиката и текстот се на Горан Бреговиќ, а аранжманот го направи Ален Исламовиќ. Вокалите во песната се на Рамбо Амадеус и Ален Исламовиќ, кои исто така свиреа акустична гитара, а во ...
Новата филмска адаптација на „Оркански височини“, книжевниот класик на Емили Бронте, од 12 февуари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Филмот е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а главните улоги ги играат австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди. Роби ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди е Хитклиф. Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син ...
Збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески е објавена како 245. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“, а својата промоција ја имаше пред крајот на 2025 година. Авторот Емил Крстески е политиколог, прозаист и сликар, како и доктор по политички науки. Досега има објавено шест книги од областа на меѓународните односи и три збирки раскази. Има реализирано и три самостојни, а ...
Дела на уметницата Марија Павловска се изложени во Академијата за уметности на цртеж во Фиренца. Таа е една од победниците на 15. Фиренциско биенале. Павловска се претставува со неколку дела. Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари во Изложбената сала на Академијата за уметност на цртање (Вија Рикасоли 68 / Пјаца Сан Марко, Фиренца). На изложбата се претставени дела од 16 наградувани уметници од Фиренското биенале во 2025 година, меѓу кои ...
Eкофикцискиот роман „Министерство за иднина“ од етаблираниот писател на научна фантастика, Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден, читателите го добија и на македонски јазик. Изданието е на „Илика“ од Скопје. За романот, на 28 јануари ќе се одржи книжевен кружок во кафе-книжарницата „Илика“ на кој можат да се пријават заинтересираните читатели преку порака на нивните социјални мрежи. Романот ја истражува можната иднина на светот и ...
Група креативци, веќе втора година се обидуваат преку културни активности да го вратат времето, кое и не е толку дамнешно, кога соседствата беа вистински заедници во кои луѓето многу повеќе се дружеа, си помагаа и разменуваа знаења. Културниот фестивал „Комшилук“, во својство на временска машина, досега гостуваше во скопските населби Железара и Шуто Оризари, на подножјето на Скопска Црна Гора – во селото Побожје, па сè до Струга и Битола. ...
Проф. д-р Владимир Мартиновски, во интервјуто за Рацин.мк, вели дека Блаже Конески, како основач и патрон на Филолошкиот факултет и ден-денеска е голема инспирација, особено во годината кога факултетот ќе одбележи 80 години од првото предавање на Конески со што започнува работата на оваа университетска институција. Деканот Мартиновски вели дека денеска секој студент на Филолошкиот факултет, меѓу другото, е и македонист и дека македонскиот ...
Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе ...
Долгометражниот играно-документарен филм „Fiume o morte“ на Игор Безиновиќ ја освои Европската филмска награда во Берлин и беше прогласен за најдобар европски документарен филм во 2025 година. „Fiume o morte!“ зборува за 16-месечната окупација на Риека пред околу сто години, со осврт на подемот на ултрадесницата во современа Европа. „Во 1919 година, италијанскиот поет, денди и проповедник на војната Габриеле Д’Анунцио го окупирал градот ...
Во најновата епизода на Ландов Подкаст, гостин е Дацо Белски, кој за првпат отворено и без задршка зборува за клучните моменти од својот живот и кариера – од подемот до падот, од позиција на моќ до борба за опстанок. Белски детално се осврнува на периодот кога работел како лично обезбедување на Сашо Мијалков, откривајќи каков бил тој свет „одвнатре“, но и какви последици тој ангажман имал врз неговиот понатамошен живот. Во разговорот, тој ...
Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Една птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои книгата за Бројгел која ја позајмив. Се присетувам на „Падот на Икар“. Чудно е, но не можам да си го споменам Бројгел, а на неговото име како асоцијација да не ми се закачи и Вилијамс. According to Brueghel when Icarus fell it was spring. ...
„Матица македонска“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од една од најавтентичните и најактуелните српски писателки Зорана Шулц, во превод на македонски јазик. Романот за којшто претходнаѕа година се чекаше и во редици по неговото појавување, веќе е достапен и на македонските читатели. Станува збор за продолжение на бестселерот „Вкусот на гревот“ со којшто претходно, Шулц ги рушеше рекордите во регионот, потврдувајќи се како една од ...
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 45 романи. Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван ...
Норвешкиот „Сентиментална вредност “ на Јоаким Трир ја освои наградата за најдобар филм на 38. Европски филмски награди, кои се одржаа синоќа во Берлин. Филмот исто така ги доби наградите за најдобра режија, сценарио, актер, актерка и оригинална музика. Главната актерка во филмот, Ренате Реинсве, изјави дека кампањата за наградите била „сентиментално патување“, додека главниот актер Стелан Скарсгард рече дека неговите шанси да освои „Оскар“ ...
На 18 јануари 1989 година, музичката историја доби уште една блескава страница. Стиви Вондер, на само 38-годишна возраст, стана најмладиот жив музичар примен во Rock and Roll Hall of Fame, потврдувајќи го својот статус како една од највлијателните и најзначајни фигури во модерната музика. Свечената церемонија се одржа во реномираниот Waldorf Astoria Hotel во Њујорк, а заедно со Вондер во истата класа беа примени и легенди како: The Rolling ...
Серијата на HBO „Жешко ривалство“, која ја следи страсната и тајна врска на двајца професионални хокеари, стана глобален феномен. Комбинацијата од спортско ривалство и ЛГБТК+ приказната освои публика низ целиот свет, а виралните моменти на мрежите дополнително го зголемија нејзиниот успех. „Жешко ривалство“ е романтична спортска драма за тајна љубовна врска помеѓу двајца професионални хокеари кои се и жестоки ривали на мразот. Заплетот го ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, македонската музичка сцена доби уште еден емотивен и искрен проект – анимиран видеоспот изработен со помош на вештачка интелигенција за песната „Виолина и…“ на виолинистот Никола Јанков – Коки. Песната, која Коки ја изведе минатата 2025-та година на „Макфест“ во Штип, е посветена на неговиот пријател и колега од култното дуо „Дуле и Коки“, Душан Љубисављевиќ – Дуле, кој почина на 23 септември 2013 ...
Серијата „Пит“ постигна огромен скок во бројот на гледачи со премиерата на втората сезона. Според Variety, првата епизода, која беше објавена на 8 јануари, достигнала 5,4 милиони гледачи за три дена, што е зголемување од речиси 200 проценти во споредба со премиерата на серијата во 2025 година. Епизодата продолжи да расте по тој момент, достигнувајќи 7,2 милиони гледачи една недела по нејзината премиера. Овие вкупни бројки, мерени од Warner ...
Рамбо Амадеус се враќа во Скопје на 14 март со самостоен концерт во „Јавна соба“. Во времето на се поголема популарност на трибјут бендовите, црногорскиот музичар во свој стил го нарече концертот „Трибјут на самиот себе“. Антоније Пушиќ попознат како Рамбо Амадеус е една од најоригиналните појави на регионалната музичка и општествена сцена. Тој речиси четири децении ги поместува границите на музиката и јавниот говор преку своите хумор, ...
Темната комедија „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон освои четири „Златни глобуси“ и така доминираше на 83. доделување на престижните филмски награди. Филмот раскажува за група поранешни револуционери кои се обединуваат за да ја спасат ќерката на еден од нив, кога по 16 години повторно се појавува заедничкиот непријател. Ова остварување ја доби наградата за најдобар филм во категоријата комедија/мјузикл, а „Златните глобуси“ се важен ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 316, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (17-19.1.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со театарската режисерка Тамара Стојаноска: Сакам длабоко да се поврзам со светот што го создавам – разговор со политикологот, прозаист и сликар Емил Крстески за неговата нова збирка раскази: Расказот останува моја творечка ...
„Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ е дело на Марина Димитриева-Ѓорѓиевска, кое неодамна излезе од печат благодарение на издавачката куќа „Македоника литера“. Во воведниот дел, авторката ја истражува теоријата на романот, поминувајќи низ историскиот развој и доаѓајќи до постмодерните и метафикциските парадигми. Таа се фокусира на дефиницијата на романот, неговото место во книжевната теорија, видовите и ...
Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови во кината и онлајн. Публиката на земјите-членки на Мрежата во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Фиуме о ...
По десет години пауза, Бруно Марс го објави својот прв соло сингл. Песната „I Just Might“ е најава за неговиот четврти студиски албум насловен „The Romantic“, кој излегува на 27 февруари. Тој веќе најави и турнеја, која почнува во април, при што „Форбс“ објави дека во еден ден биле продадени рекордни 2,1 милион влезници. И покрај долгата пауза, Марс имаше успешна година зад себе. Неговиот дует со Леди Гага „Die With A Smile“ стана песна која ...
Со претставата „Сина сенка“ на режисерката Тамара Стојаноска, во продукција на „Златен Елец“, вечерва во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје ќе бидат затворени Деновите на независна продукција. Текстот е на авторот Брајан Рејнолдс. Преводот од англиски јазик го направи Сашо Огненовски. Во претставата се користи оригинална музика на Мајкл Хукер, додека изборот на музиката и новите аранжмани ги изработи Лука Тошев. Дизајнот на плакатот и ...
Борис Мајсторов е роден на 17 декември 1935 година во Велес. Тој беше познат македонски актер, драматург и режисер. Основното и средното образование ги има завршено во родниот град. Потоа се запишал на стоматологија на факултетот во Белград. Меѓутоа набргу се откажал и се вратил во Скопје, каде се запишал на Правниот Факултет. Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо ...
Младиот уметник Константин Солак ја освои првата награда за делото „Црквата над облаците“ во рамките на Националната награда за сликарство и графичка уметност, посветена на свештеникот Дон Винченцо Греко. Конкурсот беше инициран од самата општина, предводена од градоначалникот д-р Џузепе Минутилја, со цел да се промовира и вреднува ликот на Дон Винченцо Греко, на кого му се должи пристигнувањето на бројни уметнички дела од барокниот период во ...
„Остен“ го распиша повеикот за „Остен биеналето“ 2026, настан отворен за сè што е ново и е многу посеопфатен од традиционалните формати, давајќи приоритет на дела што ги рушат старите и истрошени уметнички матрици. Биеналето е посветено на дела што носат препознатлив авторски печат или навестуваат обид за излегување од воспоставените академски правила, во слободниот простор на творештвото. Биеналето ги предизвикува уметниците да ги поместат ...
Со традиционалното дефиле под маски, денес во пладне започна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал 2026 година. Маскирани вевчанци, на сатиричен начин, ја продолжија речиси 15-вековната традиција, прикажувајќи ги настаните од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во нашата земја, така и на глобално ниво. Според обичаите, секоја маска носи своја порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. ...
Охрид, 14 јануари 2026 (МИА) – Жителите на охридското село Куратица православниот празник Свети Василиј Велики - Василица го прославуваат со голем карневал под маски. Самиот маскенбал што од година во година добива на масовност, но и посетеност, започна синоќа со палење на василичарскиот оган на сред село, за церемонијата да продолжи низ ноќта со посета на василичарската група, предводена од зет, невеста, бајачот на домовите низ Куратица. ...