Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Младен Војичиќ – Тифа по долго време објави нова песна, насловена како „Anđeo u paklu“. Ова е воедно и почеток на неговата соработка со издавачката куќа „Hit Records“. „Оваа работа е единственото нешто што знам да го правам и верувам дека забележавте дека сум малку поинаков од другите, и поради мојот животен стил и поради мојата апсолутна посветеност на музиката. За мене, тоа беше вистинско освежување, но и нормален след на настани, ...
Во време кога хакерите беа романтични херои, а интернетот ветуваше слобода, се роди нешто друго – една дигитална митологија што го проголта сопствениот идеализам. „Исповед на еден кибер-терорист“ е иронија и пророштво истовремено: приказна за тоа како податоците стануваат религија, револуциите се претвораат во линкови, а вистината – во рефлексија на лагата. Авторот го пишува овој текст во форма на весник од иднината, каде што хуморот и апсурдот ...
Во периодот од 6 до 8 ноември 2025 година, во киносалата во Арена Синеплекс во Нови Сад се одржа третото издание на меѓународната филмска манифестација „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“, во организација на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE Film Festival Paris-Berlin-Washington) и Интернационланиот универзитет Еуропа Прима – Скопје, во соработка со Културниот центар на Војводина „Милош ...
Наградата за најдобар долгометражен филм „Златен Александар – Тео Ангелопулос“, придружена со парична награда од 10.000 евра, му беше доделена на филмот: „Памукова кралица“, деби на суданската режисерка Сузана Миргани, победи на 66. Солунски филмски фестивал и ја освои наградата Златен Александар за најдобар филм во Меѓународната конкуренција и 10.000 евра. Филмот е приказна за еманципација на млада девојка, берачка на памук во долината на Нил, ...
Со длабока уметничка посветеност и богат духовен набој, збирката „Арабеска“ од Милчо Мисоски го остварува она што многу ретко се случува – преку поетската форма, авторот не само што се враќа кон античките симболи на убавината и добрината, туку ги поставува како основа за визија на подобар свет. Во овој книжевен труд, идеалот за естетско и етичко, во сите нивни облици, форми, закони, предмети и појави, добива свој пиедестал, а читателот е повикан ...
Демир Хисар, 11 ноември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, денеска во локалниот дом на културата „Илинден“ ќе приредат ликовна изложба. За културната јавност во Демир Хисар ќе бидат презентирани ликовни дела од меѓународната ликовна колонија „Михајлово - Кавадарци”, најавија од тамошната локална самоуправа. Ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“ годинава се одржа по 29-ти пат, ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Коцка по коцка квадрат“ на академската уметница Валентина Илијевска. -Најновиот ликовен опус на академската уметница Валентина Илијевска, со наслов „Принцип на квадрат“, како тема го издигнува на пиедесталот синото присуство на квадратот. Квадратот како облик и форма со децении е присутен во делата на многуте ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Отсуство на смртта во преднеолитските и неолитските култури“. - Во рамки на изложбата ќе бидат прикажани одредени аспекти во контекст на разбирањето и дефинирањето на смртта во преднеолитските култури (од неколку локалитети од Анадолија) и во подоцнежните неолитски култури (од збирката Церје – Говрлево), соопшти Музеј на Град Скопје. хс/са/ ...
На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод “11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, Градоначалникот Максим Димитриевски додели Благодарници на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој допринос во општеството. Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен уметник ...
–„Геометрија на материјата“ е просторна истражувачка поставка која ги истражува енергијата и материјалноста преку геометриска апстракција, каде што цртежот се претвора во медиум за размислување за односот меѓу видливото и невидливото, структурата и движењето, формата и празнината. Надминувајќи го човечкото тело како точка на референција, проектот ја истражува невидливата архитектура на материјата – нејзините ритми, тензии и трансформации – ...
На 14 ноември, петок, во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “„55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година ...
По успешниот концерт во престижната сала „Музикферајн“ во Виена, каде што настапот беше пречекан со овации, Македонската филхармонија повторно се враќа на својата матична сцена во Скопје. Во четврток, со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во програмата насловена „On Air“, која ќе обедини исклучителна енергија и музичка виртуозност. На концертот ќе настапи реномираниот македонски кларинетист Васко Дуковски, уметник со ...
Весна Писаровиќ првпат во Македонија - емотивен и ексклузивен концерт во Скопје! Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа 2000-тите години ќе одекне со својата полна сила, во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика. Во организација на Евентум продукција, македонската ...
Изложба со наслов „Стопен град“ на Игор Сековски ќе биде отворена на 14 ноември 2025 (петок) во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот. Со проектот Стопен град, Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз ...
Од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје упатија поканува на последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“. Концертот насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје соопшти дека последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“ насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки награди на неколку ...
Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта. Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%. Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот. Оваа намалена цена важи ...
Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...
Од 13 до 18 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува Недела на јапонски филм. Отворањето е со филмот „Под отворено небо“ (фото) по сценарио и режија на Миуа Нишикава, според роман на Рјузо Саки. Програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија. „Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, ...
Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во ...
Денеска, вторник во 12 часот во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во организација на Поетското здружение „Маскота“ од Охрид ќе бидат промовирани четири книги од писателката Бела Узелова ( Благица Хаџи Јовановска ). Се работи за нејзините дела: „Неизмерен шок“, „Ледениот лавиринт“, „Ликови под сенка“ и „ Таинството на легендите“ сите издадени оваа 2025 година. На две книги издавач и финансиер е Општина Охрид, а како издавачи на останатите две книги ...
Легендарниот американски бенд Soundgarden официјално е примен во Rock & Roll Hall of Fame како дел од класата на 2025 година. Овој момент е значаен за членовите на бендот, нивните фанови и за целата музичка сцена што тие ја обликуваа, особено гранџ сцената од 90‑тите и алтернативниот рок воопшто. Церемонијата се одржа на 8 ноември 2025 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Бендот беше индуциран од страна на Jim Carrey, кој го одржа ...
На 15.11.2025 сабота, во 19:00 ч. – Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на мадите ликовни уметнции, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од ...
Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14 ноември, денот на основањето на првиот македонски театар. „Битола Шекспир фестивал ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава ‘Макбет’ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. Во периодот до 21 ноември, публиката ќе може да ги погледне и претставите на гостите од Полска со ‘Дванаесеттата ноќ’ во изведба на ...
На 13.11.2025 / четврток / со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2025“. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска – Темелковски, Марина Цветановска – Мартиновска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири – Фазлиу, Валентина Илијевска, Стефан ...
Лондон– Авторот Дејвид Залеј стана првиот унгарско-британски автор што ја освои наградата Букер. Неговиот роман „Месо“(Flesh), приказна за преминот од сиромаштија во богатство што ги истражува класата и моќта, беше опишан како „извонреден, единствен роман“ од претседателот на жирито, Роди Дојл. Извадок од книгата, изведен од раперот Стормзи, беше прикажан на церемонијата во Лондон, на која присуствуваа познати гости, меѓу кои и актерот од ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“. Како што соопшти КИЦ, занимавајќи се со политиката и поетиката на етнонационалните идентитети – видени низ призмата на културната антропологија, историографија и имагологија – авторите на овој труд нудат темелен и сеопфатен увид не само во ...
Во ликовниот салон на МАНУ утре ќе се отвори изложба на фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков, руски академик, кој во 1900 година ја предводел научната експедиција на Руската императорска академија на науките во Македонија. Подоцна ( во 1909 год) ја објавил книгата „Македонија” со која се вбројува во редот на врвните светски македонозналци. Автор на изложбата е Д-р Емилија Апостолова Чаловска , а изложбата е реализација ...
Во рамки на ноемвриската програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност вечер ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, кој ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, информираа од Општината. Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички образовни институции во државата, чие гостување во Гевгелија ...
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот. Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс, како и неколку премирни композиции. -Како и секоја година, така и оваа, во соработка ...