Билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, кое оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“, се веќе пуштени во продажба. Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација и овој пат на сатиричен и музички начин ќе ја раскаже приказната за изминатата 2025 година, со учество на најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот. Организаторите најавуваат уште едно ...

Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена. Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето”. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно ...

Театарот за деца и младинци – Скопје на 13 март 2026 година (петок), со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, ...

На само 23 години, Никола Милосковски веќе почнува да го гради својот музички идентитет – тивко, но сигурно. Млад, харизматичен и со енергија која тешко се игнорира, тој доаѓа од Куманово и полека се наметнува како едно од најсвежите имиња на домашната музичка сцена. Интересно е што неговата приказна со музиката не започнува како внимателно испланирана кариера, туку како случајност што постепено се претворила во вистинска страст. Иако љубовта ...

ќе се одржи на 13 март 2026 (петок), во Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот. Во текот на октомври и ноември 2025 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ се одржа студентска преведувачка работилница посветена на песните од поетскиот „Циклус на свелулките“, објавен во стихозбирката „Круг“ (1977) од Матеја Матевски (1929-2018). Во работата се вклучија 90 наставници, странски лектори и студенти од речиси сите ...

Љубителите на забавата и добрата музика оваа сабота во „Nocciolino lounge & bar“ во Охрид мол, ќе уживаат во настапот на извонредниот вокал Ѓоко Танески. Посетителите ги очекува убава вечер со жива музика, одлична атмосфера и прекрасниот глас на Ѓоко Танески кој ќе изведе одбран репертоар хитови. Почетокот на настанот е во 21:30 часот. Местата се ограничени, затоа навреме обезбедете си присуство на вечерта со жива музика со Ѓоко Танески ...

Охрид, 11. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски во петок, 13 март, е на репертоарот на Народен театар Охрид. Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре. „Парите се отепувачка“ е битово-социјална драма со мотиви од ...

Замислете млада жена што верува во љубов толку силно што е подготвена да го жртвува целиот свој свет. Тоа е приказната на Чо-Чо-Сан, нежната „пеперутка“ што ја очекува љубовта која можеби никогаш нема да се врати, соопшти НУ Национална опера и балет. Многумина што првпат гледаат оперска претстава веруваат дека таа е далечна, формална или тешка за разбирање. Но, вистината е дека некои опери се толку човечки и емотивни, што засекогаш остануваат ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 08.03.2026 - 20:00 до 08.03.2026 - 22:00 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“. Во недела ќе се одржи најновото Осмомартовско издание на шоуто. Изненади ја својата дама, мајка, сакана и донеси ја на театарска импровизација, порачуваат организаторите. Карти може да се ...

Утре (7 март) од 11 часот, на малата сцена во Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на детската интерактивна претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Втората изведба е од 13 часот, а следните на 14 март. Претставата е наменета за деца од 4 до 10 години, во изведба на брас квинтет составен од музичари од Националната опера и балет. Трае речиси еден час и комбинира музика во живо, сценска игра и ...

Венеција -Одлуката на Венециското биенале да ѝ дозволи на Русија да учествува на неговата престижна меѓународна уметничка изложба за прв пат по целосната инвазија на Украина во 2022 година е широко осудена како обид за рехабилитација на агресорската држава преку уметност. Европската комисија предупреди дека би можела да го суспендира финансирањето од грантови на ЕУ за Венециското биенале доколку на Русија ѝ биде дозволено повторно да го ...

На 3. март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски. Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска ...

На 2. март (понеделник), во „Јуроп хаус“ во Скопје, од 19 часот, ќе се одржи промоција на новиот роман од Лидија Димковска, „Тринаесеттиот“. Овој е прв роман за деца и млади од авторката која важи за една од најпреведуваните домашни писателки и е добитничка на многубројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои се и наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор ...

Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува Театар Комедија за годинава. Втор пат овој театар доби делегиран буџет од Министерството за култура и туризам, пракса што започна од минатата година во неколку институции од културата. Театар Комедија доби 5 милиони денари за проекти, што е за 94.83 отсто повеќе од минатата ...

Филмот што беше номиниран за највисоката филмска награда, Златна палма, на Канскиот филмски фестивал „Орлите на Републиката“, на 12 март пристигнува на редовниот кино-репертоар. Режисерот Тарик Салех и актерот Фарес Фарес, повторно ги спојуваат своите вештини и создаваат приказна за современ Египет, справувајќи се со политиката, корупцијата и моќта во современ Египет. Приказната го следи саканиот египетски актер, Џорџ Фахми, кој под голем ...

Од денеска (11 март) во скопското кино Синеплекс ќе игра американско-македонскиот филм „Уште една игра“ (One More Game), во режија на Холанѓанецот Ник Јансен. Продуцент е Никола Китановски, кој од 2008 живее во Лос Анџелес, продукцијата е на „Моушн креатив“ од САД, а сценариото и монтажата се на Јансен. Филмот е снимен со американски пари, а снимањето било во 2023 во Македонија со голема македонска екипа. „За нас е важно што, без разлика дали ...

Објавена е првата авторска книга со студии за македонскиот јазик и философијата, со акцент на македонската терминологија. „Матица македонска“ објави едно од клучните дела со коишто го одбележува својот 35-годишен јубилеј – книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите. Ова дело е резултат на долгогодишното истражување на Митевски, посветено на ...

Приказна за моќта, амбицијата и човечката природа – класиката на Вилијам Шекспир оживува на сцената на НУ Народен театар Битола. Во режија на Мартин Мирчевски, „Ричард Трети“ е силна и возбудлива театарска приказна која ги отвора прашањата за лицемерието, жедта за власт и темната страна на човекот. Претстава која не остава рамнодушен никого и нè тера да се запрашаме: колку Ричард има во секој од нас? 11 март 2026 20:00 часот Голема сцена – ...

Следното издание на Книжевниот клуб Утопија ќе се одржи во понеделник, на 16 март со почеток во 19:00 часот, во соработка со 3D Киното на НУ Центар за култура Битола, со еден малку поинаков формат што ги поврзува литературата и филмот. Вечерта започнува со проекција на најновата филмска адаптација на „Оркански височини“ (Wuthering Heights) од 2025 година, инспирирана од култниот роман на Емили Бронте, во режија на Емералд Фенел. Прокецијата е ...

БЕЛО СЕ ПЕРЕ НА ДЕВЕДЕСЕТ Whites Wash At Ninethy Марко Набершник / Словенија, Италија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора / 2025 / 144 мин Филмот „Бело се пере на деведесет“ е трогателна, инспиративна и проткаена со хумор приказна за животот на Броња (Леа Цок), додека ја следиме низ различни фази од животот. Како дете, таа ужива во истражувањето на светот со својот помлад брат, Рок, и наоѓа утеха кај нејзината баба, Дада (Аница Добра). ...

Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, „Оливера Николова“, ќе биде прогласен на прес-конференција на 11 март (среда), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност за деца). На ...

Илија Милчин е роден на 19 јуни 1918 во Прилеп. Тој беше истакнат македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија ...

Ерзана Превала (моминско презиме Бериша) е родена во Скопје на 11 март 1978 година. Таа е позната македонска поп-пејачка, која е препознатлива по нејзиниот хит „Ноќна кралица“ со кој настапила на Макфест во 1998 година и ја освоила наградата за најдобра изведба. Живее во Хартфорд, Конектикат, САД, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала. Ерзана Бериша, настапувала на повеќе македонски фестивали во минатото, од кои произлегле нејзините ...

Специјално од Солун за СМАРТ СДК.МК: Марина КОСТОВА Филмови што раскажуваат длабоко лични и емотивни приказни кои се универзално релевантни се главното обележје на 28. Фестивал на документарци во Солун, еден од најголемите во регионот чии победници се квалификуваат за оскаровската трка. Јапонскиот режисер Шинго Ота во „Јавен базен Нумакаге“ го истражува прашањето што е разликата меѓу човекот и јавниот простор? Општинските власти на Нумакаге ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Костимографијата и сценографијата се на Благој Мицевски. А музиката е дело на Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Играат: Димитар Ѓеорѓиевски Наташа Ачански и Филип Јездиќ. „Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи. Двајца актери на сцена ќе ги играат лицата на Вера и Јован, плус ...

Утре, по почеток во 11 часот, на Факултетот за Архитектура во Скопје – УКИМ, ќе се одржи Мастерклас по Архитектура и Дизајн со Роберта Кола, извршен директор на Simone Micheli Architectural Hero (https://www.simonemicheli.com/), една од најреномираните и најнаградувани архитектонски куќи во Италија. На Мастеркласот на тема: РЕ-ДИЗЈАН: Од тема до Емоции. Регенерирање на простори, објекти, идеи”, ќе бидат претставени како изложба на постери, ...

– Старите предмети од нашата фолклорна традиција некогаш биле во употреба, а денес ја загубиле својата употребна вредност и се сведоштво на едно минато време. Преку нивното претставување на моите слики, се обидувам, од една страна, да потсетам на тоа огромно културно историско богатство што сме го наследиле и да го зачувам од заборав, а, од друга страна, да демонстрирам ликовни вредности – вели во разговор за весникот ВЕЧЕР гевгелискиот ...

Бендот Conquering Lion ќе го промовира својот шести студиски албум „One World“ со жив концерт во клубот Public Room во Скопје, на 21 март (сабота), со почеток во 21 часот. Влезниците се во претпродажба по цена од 500 денари и се достапни онлајн преку Tix.mk. Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово, основан на 7 април 2007 година. Нивниот деби-албум „I“ беше објавен во 2009 година преку PMG Recordings и содржеше 10 песни, меѓу кои и ...

Постојат филмови кои, и по две децении, одбиваат да заминат во заборав. Додека стриминг платформите инвестираат милиони во нови продукции, публиката деновиве масовно се враќа на трилер од 1999 година. Станува збор за „Двојна опасност“ (Double Jeopardy), филм кој неочекувано се искачи на листите на гледаност. Неговиот успех е потсетник дека силната приказна и јасниот заплет никогаш не излегуваат од мода. Иако на IMDb има солидна, но не ...

Францускиот институт во Скопје и фестивалот Танц Фест вечерва ја носат претставата „F_AI_LLE“ на групата K.Danse, како пред-отворање на овогодинешното фестивалско издание. Танцовата продукција ќе се изведе во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар. „F_AI_LLE“ го истражува односот меѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. Претставата го поставува прашањето како технологијата влијае врз движењето, присуството и сценската ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
33%
1004
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.6
39%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
50%
1002
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
29%
1008
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.06
47%
1006
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1003
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
41%
1003
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
56%
1007
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
46%
1006
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
42%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
31%
1003
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Платина

68577.54

Рутениум

51376.89

Бакар

13.22

Иридиум

253540.09

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Цинк

0.00

Алуминиум

3.64

Злато

151413.64