Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека од први јули ќе се врати евтината дневна тарифа на струјата, бидејќи веќе од мај, па до октомври, државата ќе има вишок на производство на електрична енергија. Бектеши кажа дека за ова преговара со Регулаторната комисија за енергетика. -Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за ...

Околу 700.000 евра чини влечењето на струјата од европската мрежа кое беше напрaвено во минатиот месец. Фактурата стигна во МЕПСО. Од преносниот систем за Телма соопштуваат дека долгот кој треба да се плати е помал од оној за јанаури, но и во споредба со иситот период од минатата година. „Напоменуваме дека овие средства, преку функционирањето на балансниот механизам, АД МЕПСО ќе ги наплати од балансно одговорните страни кои ги направиле ...

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари. Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 ...

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ...

Со домаќинско работење АД ЕСМ е ликвидно и во текот на оваа недела или на почетокот на наредната компанијата во Буџетот ќе врати одредени средства кои ги доби од Владата, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа, посочи, значи дека ќе има дополнителни средства за да се дизајнираат нови мерки за помош на граѓаните за справување со кризата. -Секоја година ЕСМ до Владата доставува финансиски извештај за претходната година. Во моментот ...

Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов. Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во змиските месеци. – Затоа и пристигнуваат ...

Компаниите НЕР од Северна Македонија и ДЕСФА од Грција во изминатиот период ги интензивирале контактите со цел да се координираат активностите за започнување на градежните работи за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, објави грчкиот весник „Та неа“, повикувајќи се на свои извори. Според истите информации, минатата седмица во Скопје се одржала средба меѓу претставниците на двете компании, а проектот е во напредна фаза на лиценцирање ...

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините за еден денар ќе поскапат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денари, како и на мазутот, за 0,321 денар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 83,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 98 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а ...

Алијанса за Албанците за директор на МЕПСО го предлага досегашниот пратеник од нивните редови Сурија Рашиди кој на директорското столче ќе го замени досегашниот Орхан Муртези кој доаѓаше од редовите на Алтернатива, партија што замина во опозиција. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Рашиди е дипломиран машински инженер на Универзитетот во Приштина. Алијанса за Албанците во изјава за ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,50, Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по ...

РЕК Осломеј е исклучен од мрежата за производство на струја поради планирани активности за санација, информираа од ЕСМ. -Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата. Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети ...

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за ...

Цената на природниот гас за март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за февруари оваа година, а малопродажната цена на метанот ќе се намали за 7,5 денари за килограм, информира „Макпетрол“ АД Скопје. Намалувањето на цената, како што велат, е согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи. – Малопродажната цената на погонското гориво ...

Цената на лебот не смее да надмине 33 денари, за бел и полубел леб, на парчиња или цел, со тежина до 450 гр, одлучи денеска Владата. Како што појасни министерот за економија Крешник Бектеши, оваа мерка ќе важи до 31 мај 2023 година. „Со оваа одлука се определува цената на лебот во трговијата на мало, за бел и полубел, сечен на парчиња или цел. Највисоките цени на производите од ставот 1, на овој член, се утврдува цена која изнесува 33 денари по ...

АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за месец март за потребите на топланите Исток Запад Енергетика Скопје Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол. Се пријавија три компании, се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евр, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. Иннку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува ...

Министерството за економија испрати предлог-одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Врз основа на податоците од Државниот ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 136,03 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 147,09 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец февруари до сега, (baseload till date) изнесува 149,48 евра за мегават ...

Ако компаниите не ги намалуваат цените на нивните производи, а за тоа немаат објективни причини, тие не треба да добиваат субвенционирана струја од државата, бидејќи субвенциите се од граѓаните, вели премиерот Димитар Ковачевски. Од 1 декември, производителите на храна плаќаат повластена цена на електрична енергија, но засега не се исполнуваат очекувањата на Владата за намалување на цената на прехранбените производи за барем 10 отсто. Премиерот ...

Со заем во износ од 25 милиони евра од КфВ развојната банка, 11,2 милиони евра грант од ЕУ од ВБИФ и 0,2 милиони евра од германската Влада, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 36,2 милиони евра за реализација на нова инвестиција во енергетскиот сектор. Инвестицијата ќе се реализира во наредните две години и ќе опфати ревитализација на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ ...

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека за поздравување се најавите на Регулаторната комисија за енергетика дека се прават анализи за воведување на евтина дневна тарифа на струјата и потенцираше дека ваквите можности се отвораат со зголеменото производство на струја. „Од први јануари годинава до осми февруари ЕСМ има произведено над 720 илјади мегават часови електрична ...

Субвенционираната струја да се укине само за оние компании кои не ги намалиле цените на своите производи, а не за сите, предлага Сојузот на стопански комори, за да не дојде до нов бран поскапувања. Од Сојуз на стопански комори бараат средба со Бектеши на која ќе се обидат уште еднаш да го убедат министерот дека помошта не треба да им се одземе на сите. Предупредуваат дека ако се укине мерката, цените повторно можат да отидат нагоре. -Оние ...

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека земјата ја продолжува успешната трансформација кон зелена енергија и годинава со тоа што продолжуваат инвестициите во централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Овие инвестиции треба да ѝ обезбедат на Република Северна Македонија поголемо производство на струја и енергетска независност на земјата. „Само во 2022 ...

Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционираната струја за компаниите. Според првичните податоци на институциите, 60 до 70 проценти од компаниите од прехранбениот сектор што ја користат оваа мерка не ги намалиле цените и не го испочитувале договореното. Мерката за субвенционирана струја ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се работи на ...

Во текот на вчерашниот ден се произведени вкупно 15.554 мегават часови електрична енергија од кои 11 798 се од термоелектраните, додека 3.756 од обновливи извори на енергија. Ова производство е за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за дополнителните снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и виталните државни субјекти, соопшти денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата. Тој ...

ЕСМ продажба објави јавен повик за набавка на природен гас за март годинава за останати потрошувачи на природен гас во земјава кои снабдувањето ќе го вршат преку оваа компанија. – ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина природен гас за март 2023 година за производство на топлинска ...

„Се уште е многу рано за да се зборува за било каква стабилизација на цените на гасот и електричната енергија. Иако просекот во јануари беше 150 евра за мегават час за разлика од август кога просечната цена на електричната енергија изнесуваше 495 евра за мегават час, грејната сезона се уште трае, исто така и воените дејствија во Украина, вели во интервју за порталот Пари, Јанис Јанопуос, главен извршен директор на ЕДС АД (Енерџи деливери ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски најави можно враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот од 1. јули. „РКЕ самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е можно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто“, вели ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 а 1,00 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 84,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 денари. За 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се ...

Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме до крајот на грејната сезона, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. „Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции што ги имаме“, изјави Бислимоски одговарајќи на прашања на новинарите по ...

Ин мемориам

28 минути - Тера

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.03
81%
1018

Белград

5ᴼ/4ᴼ
1.54
80%
1020

Софија

4ᴼ/3ᴼ
3.6
86%
1019

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
1.81
76%
1021

Љубљана

2ᴼ/2ᴼ
2.57
87%
1021

Атина

13ᴼ/11ᴼ
3.09
82%
1018

Тирана

7ᴼ/7ᴼ
2.57
76%
1016

Подгорица

8ᴼ/8ᴼ
1.03
76%
1017
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

499807 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

989 $

Злато

84946 $

Бакар

8 $

Паладиум

31093 $

Платина

30358 $

Родиум

147106 $

Цинк

99207 $