петок, мај 17, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски најави можно враќање на дневната евтина струја

    Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме до крајот на грејната сезона, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

    „Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции што ги имаме“, изјави Бислимоски одговарајќи на прашања на новинарите по средбата во Стопанската комора на Северна Македонија посветена на нова регулатива за складирање на струја произведена од обновливи извори.

    Тој посочи дека домашното производство на електрична енергија во периодот од октомври минатата година до јануари годинава е на завидно ниво. Така, во првиот месец годинава, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа, според Бислимоски е добар резултат.

    „Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што, имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја“, рече Бислимоски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ