Јавна расправа за оцена на влијание врз животна средина, а во врска со проект „Инсталирање на постројка за производство на електрична енергија во „Еуроникел индустри““, се одржа денеска во Кавадарци, согласно Законот за животна средина. Со реализација на проектот, се предвидува производство на електрична енергија со помош на поставување монтажни единици за генерирање на електрична енергија.Вкупната инсталирана моќност на постројката е 42 мега ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за вчерашниот ден, 20 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 173,78 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 203,44 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 138,33 ...

Златко Черепналкоски, извршен директор за продажба и маркетинг на Енерџи Деливери Солушнс АД (Energy Delivery Solutions) вели дека оваа компанија ја набавува енергијата на начин кој ги гарантира цените според договореното за времетраење на целиот договор Либерализацијата на пазарот со електрична енергија во С Македонија е целосна, така што и домаќинствата можат да се снабдуваат од комерцијални снабдувачи по нивен избор. Но, тоа не се случува се ...

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден дена за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 79, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 81 денари ...

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Чедовиќ денеска остварила средба со генералниот директор на ЈП „Србијагас“ Душан Бајатовиќ, на која разговарале за планираната гасна интерконекција со Северна Македонија, како и за текот на изградбата на гасната интерконекција Србија – Бугарија. Во соопштението на Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека на средбата се зборувало за наредните фази на проектот за ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00 денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а за 1,50 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се продава за 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 81,50 и Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за ...

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат ...

ЕСМ планира во втората половина од ноември да го тестира работењето на топланите Исток и Запад на дизел, но во тој период граѓаните на Скопје нема да останат без парно греење, бидејќи нормално ќе функционира ТЕ-ТО, информира Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ. – Мора еднаш да видиме како топланите ќе функционираат на дизел и да имаме дополнителна варијанта во случај да нема гас. Во нафтените резерви има на залиха околу 100 милиони тони ...

Се уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката дали по 15 септември топланите ќе работат на приоден гас или на дизел, но топлинска енергија ќе има редовно, рече ...

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3, соопшти компанијата. АД ЕСМ, како што се наведува, и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот. -Како што и претходно ...

Топланата Север од денеска ја стопираше испораката на топлинска енергија за своите корисници. Како што инфомираа од компанијата немаат ниту пари за гас, ниту пак помош од државата. И покрај направените напори и преговори од страна на овластените лица од Друштвото Скопје Север АД Скопје сеуште не е обезбедена финансиската поддршка од АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, со што се доведува во прашање понатамошното работење на ...

Жителите на Скопје-Север, по 24 часовно смрзнување, ќе добијат парно греење. Ова го изјави директорот на Топланата „Скопје-Север“, Куштрим Рамадани. Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење. – Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави ...

Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, објави на денешната прес конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. ДООЕЛ „Топлификација“ е најновиот правен субјект во рамките на компанијата и во негова надлежност ќе биде изградбата и одржувањето на топловодот, како и дистрибуцијата на топлинска енергија од РЕК „Битола“ до градот Битола и околните населени места. „’Топлификација Битола’ е исклучително ...

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната Седница, Владата на Северна Македонија ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за ...

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваа на почетокот со работа на 17 мегавати соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во С Македонија, лоцирана во светиниколско Амзабегово. Словенечката компанија ГЕН-И, рече Ковачевслки, платила 2,7 милиони евра во државниот буџет преку концептот на иновативно партнерство, а за возврат државата дала државно земјиште на користење од 50 години. ...

Хидроелектраната Чебрен ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и потенцијал од многу повеќе. Ќе работи во каскаден систем со постојната ХЕЦ Тиквеш која е на истиот слив на Црна Река, што значи дека ќе биде каскаден систем со над 400 MW. Сепак, важноста на оваа инсталација не е само додадениот капацитет, туку улогата што ќе ја има во балансирањето на мрежата и помагањето во нашата транзиција кон обновлива енергија, вели министерот за животна ...

Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со гас и ќе овозможи негово пристигнување од други држави, како што се САД, Катар, Алжир, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Според него, иднината и за енергетската трансформација и за енергетската независност е во обновливите извори на енергија. ...

Од годинава оние кои што ќе градат фотоволтаични централи најверојатно ќе мора да инсталираат и батерии со цел да се балансира снабдувањето со електрична енергија. Според најавите, таквата обврска ќе биде од 10 – 20 отсто од инсталираниот капацитет на фотоволтаичната централа, што ќе доведе и до зголемување на инвестицијата за околу 20 до 30 отсто. -Веќе имавме средба со директорот на МЕПСО, а со измените на Законот за енергетика се воведува ...

Сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат. Граѓаните да бидат спокојни, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“. Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување со енергетската криза и резултатите се веќе евидентни. Премиерот, ...

Основните и средните училишта кои се уште се немаат пријавено на огласот за добивање на субвенционирана електрична енергија, тоа да го направат веднаш, порача, во Среда, советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов и додаде дека рокот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија од 1 февруари завршува во петок на 20 јануари. -Министерството за образование и наука (МОН) во текот на вчерашниот ден исто така ги повика ...

Од полноќ ќе има зголемување на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари од литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 останува на исто ниво со малопродажна цена на 85,00 денари од литар, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Од РКЕ информираат дека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 денари литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 денари литар, ...

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција. Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании ресгиртирани во државата да достават понуди за снабдување со гас кои ќе бидат економски оправдани за ЕСМ и за Владата, а ќе има, ...

Премиерот Димитар Ковачевски во четврток на 17 ноември во Белград ќе учествуваат на Регионалната конференција „Можности за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Конференција, организирана од амбасадите на Норвешка во Белград и Сараево во соработка со Нордиската стопанска алијанса, Бизнис асоцијацијата Норвешка-БиХ и партнерите за соработка во областа на енергетиката, ќе ...

Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши. -По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот Бектеши во емисијата ДЕТЕКТОР на Телевизија Сител. Во анкетата спроведена од ИПИС која беше презентирана во емисијата ДЕТЕКТОР на ТВ СИТЕЛ, каде што гостуваше министерот Бектеши, од ...

Извршниот директор на државната компанија Булгартрансгаз изјавил дека Бугарија, како алтернатива, започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, изјави за БНТ дека, иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Северна Македонија, Грција и Србија. Како што пренесува ...

Наскоро ќе биде во тек изградбата на нашиот гасен интерконектор со Грција, а планираме и гасни интерконектори со нашите соседи Србија и Косово, нагласува премиерот Премиерот Димитар Ковачевски ја истакна реализацијата на енергетските проекти како еден од трите приоритети за Северна Македонија во периодот на голема светска криза, во своето обраќање на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна ...

Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаични централи, вели министерот за економија Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската Унија, дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока ...

Земјите од регионот може да ја искористат глобалната криза и да се развиваат како нова енергетска сила, но за тоа се потребни значајни инвестиции, е пораката од денешниот енергетски самит што се одржа во Белград, и на која учествуваше премиерот Димитар Ковачевски. Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со лидерите од регионот, по средбата за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија на Западен Балкан, рече ...

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Џедовиќ за РТС потврди дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од десет отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Електропривреда Србије, за просечна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата сметката ќе биде зголемена за околу 300 динари (околу 2,5 евра). Како што соопшти РТС, последното поскапување на струјата од 6,5 отсто било на 1 септември. Гасот во Србија ...

Грчката Државна компанија за електрична енергија ДЕИ (PPC) објави дека склучила Договор за ексклузивност со Enel S.p.A. („Енел“) во врска со потенцијалното стекнување на целосниот капитал на акциите на Групацијата Енел во Романија („Целни средства“). За време на периодот на ексклузивност, до крајот на јануари 2023 година, страните ќе преговараат за трансакциската документација и PPC ќе спроведе соодветна анализа на целните средства и, по ...

Скопје

23ᴼ/23ᴼ
1.03
60%
1009

Белград

21ᴼ/18ᴼ
5.66
65%
1008

Софија

19ᴼ/17ᴼ
4.63
49%
1014

Сараево

18ᴼ/18ᴼ
5.61
47%
1011

Љубљана

17ᴼ/12ᴼ
2.06
83%
999

Атина

23ᴼ/19ᴼ
4.63
59%
1010

Тирана

20ᴼ/20ᴼ
3.09
56%
1012

Подгорица

20ᴼ/19ᴼ
1.54
73%
1011
Currency

61.8672

Currency

57.7411

Currency

72.3508

Currency

37.6905

Currency

41.9064

Currency

62.7501

Currency

7.94401

Currency

0.61548

Currency

0.36875

Currency

0.52603

Currency

1.78005

Currency

0.6894

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

598665 $

Рутениум

24115 $

Калај

31 $

Сребро

854 $

Злато

74601 $

Бакар

9 $

Паладиум

30690 $

Платина

30771 $

Родиум

151607 $

Цинк

91147 $