Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и ...

На официјалната веб-страницата на Европската Унија е објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција. Отворањето на понудите ќе биде за 60 дена, односно на 1 февуари 2024 година во 12 часот. Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. На ...

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите рече дека очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа. На тој начин би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоме, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години. – Станува збор ...

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ ...

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач. -Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа е предвидено со ...

Новата одлука за цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја објави Универзалниот снабдувач – ЕВН хоум, откако претходно Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе направи проверка дали е соодветно пресметана. -Регулаторната комисија за енергетика со новата одлука во декември ќе стартува да ја применува ЕУ практиката според која како обврска на регулаторот е дефинирање на тарифите за пренос и дистрибуција, а ...

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 77, а на Екстра лесното масло ...

Меѓународните кредитори, вклучително и Европската банка за обнова и развој и Светската банка, го поддржуваат планот од 3 милијарди евра (3,26 милијарди американски долари) кој има за цел да ја натера Северна Македонија да престане да го користи јагленот за производство на енергија, изјави шефот на ЕБОР за Ројтерс. Договорот, кој се очекува да биде објавен на самитот за климатски промени COP28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, подразбира план ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со директорката на Бирото за Европа и Евроазија на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД, Ерин Елизабет МекКи. Фокус на разговорите беше ставен на енергетската транзиција на Северна Македонија и енергетската независност во регионот, како и спроведувањето на реформските процеси во земјата на патот кон ЕУ. Заеднички беше изразено задоволството за ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 ноември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 121 еврo/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 119,76 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 127,77 евра за мегават час, а на MEMO 126,81 евра. Цената на ...

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ...

За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година – 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). -За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 ноември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 98,69 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 103,14 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 108,29 евра за мегават час, а на MEMO 108,57 евра. Цената на ...

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач донесена на 20.10.2023 година. Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на ...

Од постојниот гасовод со Бугарија треба да се ослободи проток од уште околу 200 милиони нормални кубни метри природен гас за земјава да ги задоволи сите потреби без да користи руски гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Првпат откако е ставен во функција со актуелната Влада се ослободени количини во делот на гасоводот што го имаме со Република Бугарија. Капацитетот од 800 милиони нормални кубни метри што ги имаше ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 3 ноември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 67,20 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 87,58 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 82,87 евра за мегават час, а на MEMO 85,27 евра. Цената на природниот ...

Цената на парното греење во Скопје од 1 ноември ќе поскапи за 4,51 отсто. Тоа, според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика, значи дека просечната сметка од 1.800 денари ќе биде зголемена за 80 денари. „Од бараните 50 отсто зголемување на цената кои го бараа компаниите ние одобривме 4,5 отсто. Одлуката за новата цена ја донесовме откако се осигуравме дека цевките на мостот ‘Беласица’ ќе бидат искористени, за да може да се користи ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажнатадеривати на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 81,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 81,00 денар. За 0,883 денари се ...

„Нашата земја водеше успешна политика од почетокот на економската и енергетска криза, пред сѐ во делот на обезбедувањето на електрична енергија без никаков прекин во текот на целата измината година. Но, исто така, континуирано креиравме мерки за обезбедување на субвенции и финансиски средства за најранливите категории на граѓани како и субвенционирање на цената на електрична енергија, која е обезбедена за сите домаќинства и за сите компании на ...

Компаниите НОМАГАС од Северна Македонија и ДЕСФА од Грција постигнале конечна инвестициска одлука за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, а изградбата се очекува да започне на почетокот на следната година. „Вчера со нашиот партнер НОМАГАС постигнавме конечна инвестициска одлука, па така проектот сега и официјално е подготвен и ќе ја започнеме изградбата на почетокот на следната година“, откри извршната директорка на ДЕСФА и ...

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија откога Бугарија воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија. Бектеши вели дека тоа би ја зголемило цената на гасот што во земјата го користат компаниите, но уверува дека додека е тој министер, нема да дозволи уцена од никого. Според Бектеши, земјава има право на ослободен капацитет на актуелниот гасовод ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,63 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 112,05 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 111,80 евра за мегават час, а на MEMO 102,26 евра. Цената на ...

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, донесе Одлука за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија. Универзалниот снабдувач ќе биде должен да ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 130,35 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 140,86 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 118,47 евра за мегават час, а на MEMO 128,58 евра. Цената на ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 6 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 108,68 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 103,03 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 87,88 евра за мегават час, а на MEMO 90,49 евра. Цената на ...

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
4.63
61%
1011

Белград

7ᴼ/6ᴼ
4.12
65%
1010

Софија

3ᴼ/1ᴼ
7.2
66%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
9.58
42%
1010

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.29
57%
1006

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.81
59%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.57
54%
1010

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
2.57
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4607

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $