
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Живееме во време кога многу е лесно да се заборави колку е потребен и корисен Wi-Fi пристапот на јавните места. Можеби повеќето од нас сега имаме мобилни пакети кои вклучуваат брз интернет пристап со не толку мало месечно ограничување, но има ситуации кога тоа не е практично како што се мисли. Информацијата дека Скопје Сити Мол има пуштено повеќе точки низ трговскиот со бесплатен Wi-Fi иако навидум звучи едноставно, ни го привлече вниманието, ...
Преку мал „тизер“ на кинеската мрежа Weibo, Motorola најави дека некаде во јули ќе го претстави првиот смартфон во светот кој ќе дојде со камера која има 200 мегапиксели. Дека вакво нешто може да се очекува стана јасно минатата година кога Samsung го претставија нивниот ISOCELL HP1 сензорот со 200 мегапиксели кој доаѓа со „ChameleonCell“ технологија која овозможува групирање на 16 пиксели и добивање на една слика до 12,5 ...
3 настани, 3 града од 30ти мај. Кеитаро ви најавува IT Happy Hour. Ве очекуваме на опуштена IT дружба во Скопје, Охрид и Битола. Настанот е бесплатен, а своето место можете да го резервирате на: Следете не на нашите профили на Facebook, LinkedIn и Twitter за повеќе информации за специјални награди и изненадувања кои ве очекуваат на сите 3 локации. IT Happy Hour настаните се организирани од интернационалната компанија Кеитаро, што започнува со ...
Proton Mail сервисот е познат веќе неколку години како сервис кој нуди шифрирана имејл комуникација. Корисниците кои испраќаат пораки помеѓу себе можат да бидат сигурни дека нивната комуникација нема да биде прочитана од трети страни, но ова сепак не важи за пораките со други сервиси. Од компанијата, која е лоцирана во Швајцарија, во меѓувреме претставија дополнителни сервиси, исто така со акцент на приватноста на корисниците преку ...
Скопје, 25 Мај 2022 – Samsung Electronics и Hyundai Motor Group објавија дека електричното возило GV60 Genesis ќе биде првото што ќе поддржува дигитални клучеви со ултра широк опсег (UWB) достапни на Galaxy уредите. Седумте најнови модели на паметни телефони Samsung Galaxy ќе поддржуваат дигитален клуч напојуван од UWB технологија. Дигиталниот клуч ќе биде достапен преку апликацијата Samsung Pass – систем за складирање на дигитални ...
Некаде во април прочитавме дека Windows 11 ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни, односно од програмерите на другите достапни апликации, не само моментално достапните кои се од Microsoft. Тогаш се работеше за неофицијална најава, па секако чекавме да видиме што ќе кажат од Microsoft на темата. Од компанијата официјално го најавија доаѓањето на оваа функција на Windows 11, а временската рамка ја поставија за до крајот на ...
Скопје, 23.05.2022- Клучна дилема со која средношколците се соочуваат по завршувањето на средното образование е што и каде понатаму? Професионалната надградба е еден од значајните животни предизвици. Оттука, изборот на факултет обично е поврзан со две клучни прашања: Што можам најдобро да направам за својата иднина? и „Кој е вистинскиот избор за мојот факултет?“ Одговорот на овие исклучителни важни прашања треба да се најде во нашите ...
По тестирањето на основниот Galaxy S22 модел од Samsung, сега на ред дојде моментално најдоброто од компанијата, Galaxy S22 Ultra. Разликата помеѓу овие два телефони е доволно голема, па не може да се каже дека го имаме истиот телефон, но само со поголем екран. Веднаш станува јасно дека Galaxy S22 Ultra има целосно различна целна група, а слободно веќе може да се каже дека оваа година овој телефон ќе им се погоди на корисниците на кои им фалеше ...
Со пуштањето на најновата верзија од dev каналот на Windows Insider програмата на Windows 11, Microsoft почна со тестирање на нова функција која веднаш потсетува на познатата Spotlight функција од macOS. За разлика од Spotlight, лентата за пребарување во Windows 11 е направена цело време да стои на десктопот во форма на „виџет“. Ова исто така може да значи дека наскоро ќе видиме и нова можност на овој оперативен систем, поставување ...
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година. Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци ...
Qualcomm минатата недела, како што најави, одржа настан на којшто очекувано претстави два нови чипови, освежениот Snapdragon 8+ Gen 1 и Snapdragon 7 Gen 1. Вториот чип е и прв од својата класа кој го користи новиот начин на именување од страна на Qualcomm. „Плус“ верзиите од Snapdragon или да ги наречеме освежени меѓу верзии, обично не донесуваат големи промени во перформансите, што е и очекувано, но сепак Snapdragon 8+ Gen 1 е важна ...
Скопје, 22.05.2022- Ако мјузиклите за џубокс доаѓаат во бранови, во саботата (21.05.2022), Скопје доживеа значителен наплив. На уникатен пристап, истовремено забавен и задоволувачки, во Ист Гејт Мол, хип-хоп танчери ја покануваа публиката да креира сет-листа, по желба на секој гостин, а за тоа време тие играа. Несомнено е дека уживаа и едните и другите. Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе ...
Скопје, 20 мај 2022 – Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој. Новата професионална опрема која се состои од 22 одела за пожарникари, интервенциска опрема и нуркачка опрема со моторен чамец беше официјално предадена во употреба денеска, на Денот на пожарникарите во ...
Скопје, 20.05.2022 г. – Пролетната сезона А1 Македонија ја збогатува со нова промоција за своите корисници и ја отвора можноста за зголемени A1 Combo попусти за сите тарифни модели за фиксни услуги за приватни корисници. Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во A1 Combo достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници покрај супер брз и стабилен интернет, ТВ со најквалитетна слика на ...
По неофицијалното пуштање на датотеката за инсталирање на новата верзија од Outlook, очекувано беше дека Microsoft наскоро и официјално ќе ја направи достапна за корисниците. Досега нарекувана One Outlook, новата апликација има за цел да го унифицира корисничкото искуство, односно да постои една верзија без разлика од каде се отвора и користи. Новата апликација е направена на основа на веб апликацијата достапна преку outlook.com, што значи дека ...
Полека се приближуваме кон летото, топлите пролетни денови и сонцето нè потсетуваат дека е крајно време е да го разбудиме телото, да заборавиме на мрзеливоста и да започнеме со тренинзите кои секогаш ги одложувавме за „од понеделник“ . Здравјето и физичкиот изглед се двете најчести причини поради кои се занимаваме со спортски активности, а мотивацијата често недостасува. За да ја зајакнеме и одржуваме може да ни помогне ...
Дали би сакале да постои веб платформа која вашите визии за иднината на државата во која живеете ќе може да ги претвори во реалност? Што е она што прво би го предложиле? Како ја замислувате иднината за 20 години отсега? Да, ваква веб платформа постои и таа е една од главните алатки кои ќе овозможат сите граѓани да имаат можност да се вклучат во креирањето на Националната развојна стратегија (НРС) како клучен документ во кој ќе се исцрта патот за ...
Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. РСБСП секоја година редовно повикува на совесност и одговорност на матурантите и на нивните родители, а укажува на сериозноста на можните последици од сообраќајни инциденти. Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и ...
Скопје, 20.05.2022 – Скопје е домаќин на овогодинешното Европско првенство во танци 2022. Во периодот од 02.07.2022 (сабота) до 05.07.2022 (вторник), Ист Гејт Мол ќе биде главната локација за претставување на најдобрите танцови вештини, како и вмрежување на голем број домашни и странски танчери. Главните атракции ќе бидат претстојните настапи на хип-хоп изведувачи во различни возрасни категории и групирања во неколку нивоа, а воедно ...
Скопје, 19 Мај 2022: Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа* која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18 години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022. За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице ...
Неофицијалните извори, кои и минатата година најавија можност за ова, тврдат дека Apple ќе направи мал редизајн на нивниот паметен часовник, а главната промена ќе биде кај екранот кој треба да биде рамен, наместо заоблен како сега. Оваа промена ќе повлече и мала промена на дизајнот околу екранот, а доколку часовникот изгледа како на неофицијални слики, дефинитивно се работи за одлична одлука од компанијата. Неофицијалните информации доаѓаат од ...
Microsoft веќе еднаш истакна дека Windows 11 ќе им биде достапен на сите компатибилни компјутери порано од планираното во јануари, сега повторно го истакнува овој статус на оперативниот систем со дата од 17 мај. Без разлика дали плановите биле нешто одложени или од компанијата ова го користат како потсетување, останува фактот дека системот за машинско учење веќе не одлучува кој ќе ја добие надградбата, па секој кој е заинтересиран може да ја ...
YouTube, на десктоп и мобилните апликации, добива една одлична новина која посебно ќе се погоди кога се гледаат подолгите видеа, а не секогаш целата содржина е причината за гледање на тоа видео. Новата функција е наречена „Most replayed“ и во основа истата ќе ги прикажува деловите од видеото кои се најчесто гледани, односно се најпопуларни кај корисниците. Со тоа кога се гледа некое видео ќе може да се отиде директно на тој дел и да ...
Скопје, 19.05.2022 – Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитални вештини за раст” објавува Jавен повик за учество во едукативна и практична програма за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг наменети за компании од агро-секторот,секторите за туризам и ИКТ. Проектот „Дигитални вештини за раст”, кој е поддржан од Швајцарската Програма за ...
Педесет години по собирањето на првите примероци од почвата на Месечината, научниците од Универзитетот на Флорида успешно ги искористија за да откријат дали во нив може да се засади и израсне растение. Растението кое е користено во овој експеримент е „Arabidopsis thaliana“, кое е растение карактеристично за Евроазија и Африка, а е поврзано со растенијата како тие од брокули, карфиол и слични. Ова растение е доста мало и лесно за ...
Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“. Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува ...
Според информации од компанијата Pixelate, вкупно 1,5 милиони апликации на App Store и Play Store не се ажурирани повеќе од 2 години, односно се „напуштени“ од страна на своите програмери. Поради ова овие апликации најверојатно ќе бидат тргнати од продавниците за апликации, односно нема да може да бидат пронајдени и инсталирани. Покрај другите причини за ова, апликациите кои не се ажурираат претставуваат и безбедносен ризик за ...
Apple ќе ја одржи својата WWDC конференција на почетокот од идниот месец, а на истата стандардно ќе ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи. Тоа значи дека уште малку останува до откривањето дали нешто интересно ќе донесат овие наредни верзии. Според информации од познатиот Марк Гурман, оваа година јавната бета верзија, односно таа наменета за обичните корисници, од iOS 16 и iPadOS 16 ќе биде пуштена нешто подоцна. Обично ...
Apple се познати по својата строга контрола на скоро секој дел од корисничкото искуство на нивните платформи, а најчесто тоа е и една од причините зошто нивните уреди успеваат да го овозможат истото на високо ниво. Еден од ваквите примери на строга контрола е неможноста програмерите да користат сопствена веб технологија кај нивните интернет прелистувачи, па тие мора да ја користат технологијата на Safari, WebKit. Ова значи дека без разлика која ...
Meta во својата WhatsApp апликација тестира можност за напуштање на групните разговори без истото да го видат сите членови на групата, кои може да бидат до 256 луѓе. Наместо стандардно известување и прикажување на информација во групата, напуштањето на групите би го гледале само нивните администратори. Ваквата можност е доста корисна и потребна од две причини. Едната е честото напуштање или додавање на луѓе во групите, да не непотребно додава на ...