Meta, односно во тоа време Facebook, најави воведување на шифрирани разговори кај сите нивните апликации уште во 2019 година. Планот беше да имплементацијата на оваа заштита на разговорите заврши оваа година, но минатата година најавија дека тоа сепак ќе се случи во 2023. Од компанијата сега излегоа со информации за тоа до каде се со имплементацијата, а дополнително најавија и нови функции кои ќе дојдат како дел од овој процес. Од оваа недела ...

Samsung вчера го одржа нивниот Galaxy Unpacked August 2022 настан и дефинитивно може да се каже дека имаше што да се види. Од компанијата ги претставија едни од нивните најдобри производи во неколку категории, односно ги претставија наредните генерации од двата уреди на преклоп, паметните часовници, како и безжичните слушалки. Како главни на настанот може да се нарече дека беа новите Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4. Овие уреди доаѓаат со делумно ...

Според анализата направена од страна на Феликс Краус, Meta на еден начин ги заобиколува правилата за приватност на iOS преку користење на сопствен прелистувач вграден во апликациите Facebook и Instagram. Ова е нешто што е очекувано и не изненадува, а и го објаснува фактот што овие апликации немаат можност за отворање на линковите директно со друг прелистувач, па мора прво да се отворат во самата апликација. Тоа што го тврди Краус е дека Meta со ...

Motorola, еден ден по претставувањето на новиот Galaxy Z Flip4 од Samsung, ја претстави наредната генерација од нивниот Moto на преклопување, Moto Razr 2022. Moto Razr е направен како наследник на слободно може да се каже легендарниот Razr од пред повеќе од 20 години, со модерни додатоци се разбира. Најновиот Razr доаѓа со доста потребни надградби, а оваа година и со чип кој ќе го направи овој телефон навистина привлечен за корисниците. Како ...

Скопје, 11 Август 2022 – Компанијата Samsung Electronics објави дека постигнале огромен напредок кон исполнување на своите цели за одржливост до 2025 година во мобилниот бизнис сектор. Меѓу клучните иницијативи се развојот и вклучувањето на рециклирани материјали во производите, создавањето поеколошки пакувања и нов живот за постарите Samsung Galaxy уреди, сè со цел да се намали електронскиот отпад. Од најавата на визијата Galaxy за планетата на ...

Скопје, 10. Август 2022 – Компанијата Samsung Electronics ја претстави најновата генерација на револуционерните паметните телефони на преклоп: Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4. Двата уреди се одликуваат со прилагодлив хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните потреби и унапредени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги руши конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го унапредуваат секојдневниот ...

Скопје, 10. Август, 2022 – Компанијата Samsung Electronics Co., d.o.o. ги најави моделите на паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro – кои ги обликуваат навиките за здравје и благосостојба со интуитивни сознанија, напредни функции и уште помоќни способности. Galaxy Watch5 ги подобрува перформансите на кои се потпираат потрошувачите секој ден, додека Galaxy Watch5 Pro – најновиот додаток на линијата Galaxy Watch – е најиздржливиот и ...

Galaxy уредите на преклоп повторно нѐ потсетуваат на она што е можно со уникатни искуства и интеракции за сите корисници на паметни телефони ширум светот. Samsung ја создаде оваа нова категорија со претворање на неверојатното во реалност, сето тоа преку иновативни нови технологии и софистицирани, високопрецизни производни процеси. Имено, клучниот елемент на уредите на преклоп на Samsung е ултра тенкото стакло, заштитен материјал кој може да се ...

Елон Маск оваа недела продаде дополнителна количина акции од Tesla, компанијата која ја основа, во вредност од скоро 7 милијарди долари, односно 6,9 милијарди. За оваа сума Маск продаде 7,92 милиони акции. Како главна причина за оваа одлука се истакнува можниот исход од судењето кое е закажано за 17 октомври, на кое Twitter може да победи и Маск да мора да продолжи со купувањето на оваа друштвена мрежа. Исто така, доколку дојде до ваква одлука, ...

Со почеток во 15:00 часот по македонско време, Samsung ќе го одржи нивниот Galaxy Unpacked August 2022 настан кој повторно ќе се пренесува во живо преку YouTube. На овој настан ќе бидат претставени доста интересни уреди, па дефинитивно ќе вреди да се гледа. Според нас, главниот уред кој ќе биде претставен е Galaxy Z Fold4, односно наредната генерација од одличниот уред кој со преклопување се претвора од мал таблет во смартфон. Четвртата ...

Со овој допис сакам да ја информирам македонската спортска јавност и македонските спортски институции: Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет (МОК) и сите клубови кои се членови на Карате федерацијата на Република Северна Македонија (КФРСМ), дека јас, Бошко Заборски, во моментов член на ИО на КФРСМ и потпретседател на истата, не се согласувам и се спротивставувам на веќе изгласаниот Правилник за работа и избор на државните ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на летната кампања „За безбедно лето 2022“, до возачите упатува апел за безбедно учество во сообраќајот и советува: • почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот, • возете со пропишаната брзина и не престигнувајте непрописно други учесници во сообраќајот, • правете почести паузи, • за време на паузите излезете од возилото, раздвижете се, напијте се кафе, вода или ...

Научници од Wellcome Sanger Institute од Британија и ETH Zurich успешно ја имаат направено првата мапа на поврзаноста на имунолошкиот систем на човекот. Потребни биле повеќе години на работа, како и доволен развој на технологијата за да се дојде до ова ниво кое ќе овозможи голем напредок во лечењето на одредени болести во иднина, а посебно се истакнува канцерот. Резултатот од работата на овие научници е продолжување на работи кои веќе биле ...

Apple во текот на вчерашниот ден ја пушти петтата бета верзија за програмерите од iOS 16 која со себе донесува една мала, но доста важна и барана новина. Ова сигурно ќе наиде на исмејување од страна на Android корисниците кои стандардно имаат повеќе избор во прилагодувањето на изгледот и функционирањето на нивниот телефон. Новината го враќа прикажувањето на процентот до кој е наполнета батеријата на iPhone, нешто што беше тргнато со ...

За време на годишното собрание на акционери, Tesla најави дека го има произведено својот 3 милионити електричен автомобил. Достигнувањето на бројката се има случено изминатите неколку недели, што значи дека истата е веќе надмината. Ова е голем успех за Tesla кои пред 10 години имаа проблем со доволно големо производство, па дури имаше ситуации на доцнење на нарачки на автомобилите. Покрај стандардните фабрики, Tesla сега има и 4 гигафабрики од ...

Netflix при крајот на минатата година како избор на содржина воведе и игри кои корисниците можат да ги играат без дополнително плаќање, како и без реклами и слично. Изборот на игри моментално е околу 24, но од компанијата планираат да го прошират на 50 до крајот на годината. Сепак, според бројките од компанијата Apptopia, корисниците не се баш заинтересирани да играат игри преку овој познат стриминг сервис за филмови и серии. Игрите досега се ...

Тие се магични, необични, убави и топли – филмовите кои овој август доаѓаат на Pickbox NOW се идеални за целото семејство. Фантастични актери, необични приказни и одлични оценки се она што ги краси сите овие филмови – погледнете кои филмови доаѓаат на Pickbox NOW. Легендата за 1900 (The Legend of 1900) 8/10 Овој феноменален филм е епска приказна за човекот кој можеше сè – освен да биде обичен човек. Во главната улога е фантастичниот актер Тим ...

На крајот од јуни можевме да прочитаме дека Samsung оваа година планира да ја пушти надградбата на One UI направена на наредната верзија од Android уште порано. Соодветно на тоа, бета верзија од One UI беше најавена дека ќе биде пуштена доста порано од минатата година, па One UI 5.0 бета верзија беше најавена за третата недела од јули. Можеби оваа најава не се оствари точно, но сепак Samsung ја пушта новата верзија од One UI цел месец порано од ...

Google во јуни најавија дека планираат да ги спојат нивните две апликации за видео разговори Google Duo, која е наменета за приватните корисници и Google Meet, кој е наменета за бизнис состаноци, односно еден вид конкуренција на Zoom, Microsoft Teams и сличните. Планот е да постои една апликација, а таа ќе биде Google Duo, но ќе биде преименувана во Google Meet. Тоа значи дека новата апликација ќе биде направена на основа на Google Duo, но ќе и ...

Telekom MK апликацијата за деловни корисници ве става вас во центарот на управувањето на деловните активности благодарение на нејзините функционалности коишто се адаптирани на корисникот. Со неа ќе имате преглед и контрола над вашите услуги – само со еден допир со прстот. Зошто оваа апликација е вистински погодок за вашиот бизнис: Заштеда на време Со Telekom MK, сите операции поврзани со сметките и тарифите се собрани на едно место и достапни со ...

Компанијата vivo, една од водечките производители на паметни телефони во светот, на корисниците во Македонија им нуди дополнителна поволност за купување уреди во периодот за преднарачка што ќе трае од 5.8. до 20.8.2022 година, до 23:59 часот. Со купување на телефон vivo X80 Pro во промотивниот период, имате право на подарок безжичен полнач од 50W, како и дополнителна едногодишна гаранција на вашиот нов уред и шест месеци заштита на екранот од ...

Научници од Rice Универзитетот од САД дојдоа до нестандардна идеја за искористување на умрени пајаци како роботски раце со кои би можеле да се пренесуваат одредени мали работи. Пајаците можат да носат до 130% од нивната тежина, како што се истакнува, што ги прави одлични во замислената задача за која научниците веруваат дека има практична примена. Засега овој проект е само концепт којшто треба да покаже на кој начин и што е можно. Начинот на ...

По објавата на одличните и први слики од James Webb вселенскиот телескоп, со досега недостигнат квалитет и детали, NASA објави слика од таканаречената Cartwheel галаксија. Оваа галаксија е оддалечена од Земјата околу 500 милиони светлосни години и се наоѓа во Sculptor соѕвездието од галаксии. Името Cartwheel го добива поради изгледот кој е налик тркало од кочија кој е добиен како резултат на судирот на две галаксии, една голема спирална и уште ...

Детското штедење Халки, еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, доби свое лого. Детскиот депозит, чиј симбол е Слончето Халки, им овозможува на родителите да создадат сигурна иднина за своите деца. Потврда за тоа се и поволните каматни стапки, кои за детското штедење во денари достигнуваат до 1,8 отсто. „Следејќи го пулсот на нашите клиенти, ние во Халкбанк постојано изготвуваме програми и понуди со многу поволности, а една ...

Скопје – 3. август 2022 година – Samsung Electronics Co., Ltd., глобален лидер во секторот за гејмерски монитори, ја објави глобалната достапност на својата линија за гејмерски монитори за 2022 година – Odyssey G85NB и G75NB, дополнително зајакнувајќи ја водечката позиција на серијата Odyssey во обезбедувањето најсеопфатно и најреално искуство за игри на пазарот. Моделот G85NB – првиот светски монитор за игри со 240Hz 4K – е достапен во големина ...

Иако Windows 10 се’ уште е официјално поддржан како оперативен систем од страна на Microsoft, а така треба да остане барем до 2025 година, сепак по пуштањето на Windows 11 јасно стана дека развојот на нови функции ќе биде насочен кон новиот Windows. Windows 10 до 2025 ќе продолжи да добива исправки на багови, безбедносни надградби и по некоја мала новина, но не треба да се очекува нешто посебно ново кај овој систем. Сепак, тоа изгледа нема да ...

Outlook апликацијата од Microsoft за мобилните не е апликација со баш најдобри перформанси дури и на посилните телефони, нешто што веќе претставува проблем за тие од пониската класа. Апликацијата покрај проверка на имејл пораките во неа има вградено и календар, како и можност за користење на датотеките од OneDrive. Истата беше направена на основа на познатата апликација Acompli која Microsoft ја купи во 2014, а подоцна ги додаде и функциите од ...

Патент апликација поднесена од трана на Dell покажува дека од компанијата работат на систем за безжично полнење на уреди кои би се полнеле доколку се поставени на одреден дел од лаптоп компјутер. Ваква нешто веќе со години е достапно кај дел од Android телефоните од повисоката класа и е одличен начин за дополнување на батеријата на безжичните слушалки кои доволно долго ги имаме користено кога сме излезени, како и дополнување на батеријата на ...

Samsung за корисниците на Galaxy S21 серијата во Јужна Кореа пушти нов режим наменет да ги заштити личните податоци на корисниците додека нивниот телефон и на сервис. Едноставно и логично наречен „Repair Mode“, односно режим за поправка, при негово вклучување на сервисерите им остануваат достапни само неколку апликации кои се клучни за нивната работа. Се останато, односно сликите, датотеките, податоци и другите лични податоци на корисникот, се ...

Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 отсто во споредба со ...

Прибежиште

37 минути - МРТ

Самец

51 минута - МРТ

Робокап

51 минута - МРТ
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.67
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52