Samsung Galaxy Fold3 останува еден од најдобрите уреди на пазарот кои со тек на време ќе направат мала револуција кај мобилните телефони кои ќе можат да ја заменат за мал таблет компјутер, без потреба од носење на огромен уред во џебот. Сепак, до доаѓањето во оваа ситуација и во пракса, потребно е средување на неколку „проблеми“ кои ги имаат уредите од првите генерации на технологијата која вклучува екрани кои се превиткуваат. Еден ...

Сеавус Едукативниот и Развоен Центар (SEDC) пред неколку години ја основаше Академијата за програмирање, во рамките на која се изучуваат и основите и најпознатите технологии на Front-end развојот. Интеракцијата помеѓу корисниците и веб апликациите се остварува преку Front-end. Истото се нарекува и „клиентска страна“, односно сето она што се прикажува при навигација во веб-прелистувачите, како текст, слики, полиња за внесување, ...

Минатата недела Елон Маск најави дека договорот за купување на Twitter го става во мирување поради информациите дека на мрежата има помалку од 5% лажни и спам сметки, нешто за кое тој смета дека не е точно. Зошто дури сега ова се доведува во прашање не е баш познато, но Маск истакна дека тој верува дека на мрежата има барем 20% лажни и спам сметки, а таа бројка може дури и да е поголема. Тој ги повикува и неговите следбеници да направат ...

Викендов во Скопје се одржа ИТ конференцијата DevCon 2022 под мотото “од ИТ заедницата за ИТ заедницата” на која присуствуваа повеќе од 150 професионалци од различни области во развојот на веб и мобилните технологии. „После 2 години пауза поради пандемијата, среќни сме што успеавме повторно да го вратиме DevCon со настан во живо и освен одличните предавања што имавме можност да ги чуеме – повторно да се дружиме и да ...

Преку кинеската мрежа Weibo, Qualcomm најави настан којшто ќе го одржи на 20 мај на кој треба да биде претставен нов мобилен чип од компанијата. Со оглед на тоа дека е рано за претставување на Snapdragon 8 Gen 2, тоа што може да се очекува е стандардното претставување на „освежена“ верзија од главниот чип, односно Snapdragon 8 Gen 1+. Овие верзии од чиповите обично донесуваат одредени помали подобрувања, но се доволни за да ...

Huawei, водечката светска технолошка компанија, се враќа на настаните во живо со присуството на својот гејмерски тим на Nordic Game, конференција и изложба посветена на гејмерската индустрија во нордиските земји и Централна и Источна Европа. Настанот, што се одржува на историското место Слагтхусет во Малме, Шведска, од 17 до 20 мај, ќе му овозможи на Huawei да покаже како рапидно растечката база на корисници во сопствената продавница за ...

Модерниот свет и брзањето да направиме сè, плашејќи се дека нешто пропуштаме изискува потреба на секој можен начин да си го олесниме секојдневието. Без разлика дали сме растргнати помеѓу работните обврски, времето за себе или потребата за социјализација и поминување квалитетно време со пријателите и најблиските, она за кое копнееме е поедноставување на малите нешта кои значат многу. Тргнувајќи од потребите и желбите на своите потрошувачи, ...

Скопје, 16 мај 2022 – Компанијата Samsung Electronics ја претстави иднината на Micro LED технологијата на саемот „Интегрирани системи на Европа (ISE) 2022“ во Барселона со три нови модели на својата најсовремена технологија за прикажување наречена The Wall. „Micro LED технологијата ја дефинира иднината на иновациите на екранот. Од секторот за луксузни производи до угостителство и патување, потенцијалот на Micro LED да им ...

Lightning конекторот од Apple можеби имаше логика и предност кога беше претставен, но по претставувањето на USB-C, единствено што останува е желбата на компанијата да им поголема контрола над додатоците кои се голем дел од нивниот екосистем. Веќе одреден период се очекува дека тие конечно ќе се префрлат на USB-C кај iPhone, посебно по правењето на таквата промена кај iPad и Mac, но тоа уште се нема случено и според информациите ќе се почека уште ...

Netflix во првата четвртина од оваа година за првпат во 10 години пријави пад на бројот на корисниците. Иако од компанијата ова во главно го препишаа на конкуренцијата и големиот број на корисници кои ја делат својата сметка со пријателите, сепак не можеше да не се стави поголемо влијание на содржината која тие ја објавуваат. Кратко кажано, не е мал бројот на тие кои веруваат дека филмовите и сериите во денешно време не се како што треба, ...

Скопје, 16.05.2022 — Големите нешта секогаш се привлекуваат, а за време на викендот сите патишта водеа до големи насмевки во новото срце на Скопје. Оваа сабота (14.05.2022), доказ за истото можеше да се најде во најголемиот шопинг центар од европски ранг во регионот, Ист Гејт Мол. Широките коридори беа разиграни со ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа најголемиот флешмоб досега во најзабавното место во Скопје. Со ...

Повеќе од 200 посетители и учесници проследија пет различни панели на кои беа отворени и дискутирани различни прашања и аспекти од исклучителна важност за дополнителниот развој на фриленсингот во нашата држава, беа воспоставени директни контакти со претставници на клучните институции и беа промовирани пристапи за градење на успешна фриленс кариера. Во првиот панел на кој учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, ...

Елон Маск денеска објави нешто за кое сигурно голем дел од луѓето ќе кажат дека беше очекувано. Тој објави дека договорот за купување на Twitter е привремено ставен во мирување, во очекување на повеќе детали околу пресметката дека лажните и спам профилите на мрежата сочинуваат помалку од 5% од вкупната бројка на корисници. При оваа објава, Маск става линк од Reuters, каде е објавена оваа информација, но не дава дополнително објаснување зошто ова ...

Во текот на вчерашниот ден, астрономите од US National Science Foundation и соработката преку Event Horizon Telescope, ја објавија првата слика од досега претпоставуваната црна дупка во центарот на нашата галаксија, Млечниот Пат. Со успешното „сликање“ на црната дупка се докажува нејзиното постоење и се овозможува дополнително проучување на овие вселенски тела за кои се верува дека ги има во центарот на секоја галаксија. Името на ...

Google оваа недела ја одржува нивната позната Google I/O конференција која веќе не може да се каже дека е наменета само за програмерите и софтверската понуда од компанијата. Тие на овој настан го најавија долгоочекуваниот Pixel Watch, а го претставија и Pixel 6a, стандардната „послаба“ варијанта од нивните лански модели. Стандардно „a“ верзиите од Pixel телефоните ги донесуваат поголемиот дел од карактеристиките од ...

После голем број на неофицијални информации, меѓу кои и слики, Google конечно го потврди постоењето на Pixel Watch. Од компанијата не го претставија целосно часовникот, односно само го најавија и го прикажаа, па останува во периодот што следи да ги видиме сите информации поврзани со него. Сега го имаме изгледот и дел од неговите карактеристики, па може да се каже дека е и доволно за да може да се почне да се размислува дали вреди да се купи. ...

Скопје, 12 мај 2022 – Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива. УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“. Средношколци, ...

Поради недостаток на некои поголеми промени и новини кај телефоните, почнуваме да се интересираме на помалите промени кои можеме да ги очекуваме во годините што следат. Добро е што барем процесорите напредуваат со одреден задоволителен процент, па заедно со примените кај камерите, продолжува оправданоста за промена на телефонот на секои две години, во „најлош“ случај. За iPhone 14 моделите, односно тие кои треба да бидат претставени ...

За време на конференција организирана од Financial Times, Елон Маск најави дека планира да ја врати сметката на Доналд Трамп на Twitter, која беше суспендирана минатата година по случувањата во Конгресот на САД. Според Маск, „банирањто“ на Трамп е грешка која има доведено до отуѓување на голем дел од земјата и ја нема ни постигнато својата цел да Трамп нема глас во јавноста. Одлуката е морално погрешна и глупа, додава тој и истакнува ...

Netflix оваа година за првпат пријави пад на бројот на корисниците, 200.000, а се очекува дека ќе изгубат уште неколку милиони во периодот што следи. За некои ова беше големо изненадување, додека за други нешто што само се очекуваше кога ќе почне да се случува. Иако удел во случувањата во Netflix имаат секако и конкурентните сервиси, сепак според нас и голем број на луѓе, главен фактор е влијанието на „woke“ луѓето во САД, кои ...

iPod touch, последниот уред од iPod серијата, веќе нема да се произведува, а ќе биде достапен преку Apple до потрошување на залихите. Со ова, еден од легендарните производи на компанијата заминува во историјата, но не и корисничкото искуство кое им го нудеше на корисниците. Од Apple истакнуваат дека музиката ќе продолжи да живее преку нивните други уреди кои нудат најдобро искуство за нивниот Apple Music сервис преку кој, покрај целата колекција ...

Скопје, 11.05.2022 г. – А1 Македонија продолжува со усовршување на дигиталните алатки за постигнување супериорно корисничко искуство и со задоволство ја најавува новата опција „А1 Видео поддршка“, што претставува уште еден канал за комуникација на корисниците со Контакт центарот за техничка поддршка. Преку уникатната дигитална алатка, „А1 Видео поддршка”, за прв пат достапна во земјава, корисниците на А1 Македонија ...

Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, за првпат е организиран настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како „ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“. Сообраќајната култура ...

Meta ќе почне со тргање на неколку постари функции од Facebook кои се поврзани со локациските сервиси на мобилните телефони. Објаснувањето е дека овие функции веќе не се користат толку често, а една од главните причини за тоа е секако падот на довербата во компанијата и генерално за приватноста на интернет. Почнувајќи од 31 мај на корисниците нема да им бидат достапни функциите како Nearby Friends, Background Location, Location History, Weather ...

Можеби во денешно време корисниците се веќе навикнати дека мораат да имаат некаква онлајн сметка за да ги користат нивните уреди, а ова посебно важи за мобилните телефони, сепак на десктоп тоа не е секогаш праксата. Тоа значи дека компјутерите уште може да се користат како порано, односно инсталацијата на оперативен систем не подразбира и обврска на поврзување на истата со онлајн сметка. Microsoft моментално уште дозволува корисниците да не се ...

Скопје, – 10 мај 2022. –Компанијата Samsung Electronics ја објави организацијата на првиот Samsung 6G форум што ќе се одржи на 13 мај 2022 година со почеток во 2 часот по полноќ. Сите заинтересирани може да се регистрираат онлајн преку веб-страната на настанот https://Samsung6gForum.com најдоцна до 13-ти мај. Сите новости поврзани со настанот ќе бидат испратени преку е-пошта, а пријавените учесници можат да поставуваат прашања на ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави првиот јавен повик за оваа година, со кој вкупно 6 милиони евра се ставаат на располагање за поддршка на домашните компании, преку јавниот повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и забрзан економски раст. Целта на овој јавен повик е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да ...

Линкови кои што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на друштвените мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор. Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци. – „Макпетрол“ традиционално секоја година ја ...

Nothing компанијата, за која уште веруваме дека нема да претстави ништо толку револуционерно како што најавуваат, претстави „Launcher“ апликација преку која сака да им даде претстава на корисниците каков ќе биде нивниот Nothing OS. Nothing OS е оперативниот систем на кој ќе работи нивниот прв смартфон, Phone (1), кој треба да биде претставен ова лето. Од компанијата, поточно основачот и поранешен ко-основач на OnePlus Карл Пеи, ...

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во продукција на ДНФ Филмс, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
67%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
43%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
48%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
58%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.02
60%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
41%
1012
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
6.69
48%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52