Новиот паметен телефон од серијата nova 10 го наследува Star Orbit Ring дизајнот и нуди нови функции за македонските корисници. Меѓу нив е и системот за сликање од 108 мегапиксели, што открива досега невидени детали.

HUAWEI nova 10 SE исто така располага со 6,67-инчен OLED HUAWEI дисплеј со целосен преглед и резолуција од 2400 x 1080 пиксели, стапка на освежување од 90 Hz и стапка на семплирање до 270 Hz, овозможувајќи живописни и детални содржини со прецизна точност. Екранот има тесни рамки што создаваат импресивен сооднос на екран-тело од 91,85%.

Смартфонот исто така поддржува 66W HUAWEI SuperCharge и има издржлива батерија од 4500mAh.

Стил и елеганција во дизајнот

Дизајнот Star Orbit Ring создава сјај сличен на дијамант. Друга значајна карактеристика на телефонот е финишот Starry Flash Craft на задната страна, што е одговорен за мат изгледот и чувството на допир. Облогата против отпечатоци од прсти (AF) се спротивставува на дамки, масла и вода, а површината е отпорна и на штети од секојдневното користење и гребаници.

HUAWEI nova 10 SE доаѓа во три бои: Starry Silver, Mint Green и Starry Black.

Портрет камера од 108 MP со висока резолуција за снимање на секој детаљ

Серијата HUAWEI nova отсекогаш била препознаена по одличната технологија за мобилна фотографија. Секоја нова генерација на телефони доаѓа со значителни нови подобрувања, а HUAWEI nova 10 SE го продолжува ова наследство со својот систем за сликање од 108 MP и алгоритам за комбинирање на повеќе кадри, и обезбедува високи перформанси во широк опсег на сценарија за фотографирање. Без разлика дали сте во светло или слабо осветлено опкружување, внатре или на отворено, можете да бидете сигурни дека HUAWEI nova 10 SE секогаш ќе ги сними најдобрите кадри.

Системот на камери на HUAWEI nova 10 SE вклучува примарна камера од 108 MP, што поддржува f/1.9 бленда за подобрено заматување на позадината при фотографирање портрети. Благодарение на технологијата 9-во-1 Pixel Binning, камерата може да репродуцира со максимална точност дури и мали детали и фини карактеристики, како што се бојата на косата и кожата, со зголемен динамички опсег и оптимизирани светли и темни области. Алгоритмот за спојување на повеќе кадри во RAW, обезбедува моќни перформанси со комбинирање на повеќе кадри во една преку обработка на квалитет на слика на ниво на пиксели. Со High-Res Shot, портретните слики остануваат јасни дури и по зумирањето. HUAWEI nova 10 SE, исто така, располага со главна камера со широк агол од 8 MP што поддржува видно поле до 112°, како и макро камера од 2 MP што снима сосема ново ниво на детали.

Алгоритмот за комбинирање на повеќе кадри во RAW е во интеракција со технологијата за намалување на шумот при фотографирање за да обезбеди највисок квалитет на слики од сите типови. Фотографиите направени во слабо осветлени средини, како што се ноќните фотографии на пример, имаат помал шум на сликата, оптимизирана осветленост и зголемен динамички опсег, откривајќи детали што можеби претходно биле незабележани. HUAWEI nova 10 SE автоматски ги идентификува околините со позадинско осветлување и ги зголемува контрастите за да го подобри искуството при фотографирање. Со овозможено HDR, портретните фотографии направени во такво опкружување се карактеризираат со високо ниво на јасност, живописни детали и изрази на лицето.

HUAWEI nova 10 SE, исто така, располага со широкоаголна предна камера од 16 MP, што нуди функции со вештачка интелигенција специјално прилагодени за селфи. Технологијата 4-in-one pixel fusion е одговорна за селфи фотографиите да бидат квалитетни во средини со слаба осветленост, а камерата автоматски се префрла во режим на широк агол кога е потребно, проширувајќи го видното поле до 90° за групни фотографии.

Иновативно влог снимање

Влогирањето стана еден од главните начини на кои младите се изразуваат и споделуваат. HUAWEI nova 10 SE поддржува беспрекорно префрлување помеѓу предната и главната камера за вашата снимка да биде континуирана и сè е снимено во една видео датотека, што го прави создавањето и споделувањето содржина лесно и практично. Dual-View Video ви овозможува да снимате сцени со поделен екран, односно да ја снимите вашата сопствена реакција додека сцената се одвива пред вас – две перспективи одеднаш.

HUAWEI nova 10 SE се поврзува и работи беспрекорно со HUAWEI WATCH 3, HUAWEI WATCH GT/FIT и уредите HUAWEI Band, што ви овозможува да снимате преку пренослив уред и да бидете во кадарот.

Долго траење на батеријата, одлични карактеристики за игри

HUAWEI nova 10 SE доаѓа со ново и продолжено траење на батеријата, можности за играње, забава и паметни комуникации, што носи возбудливо искуство за денешните млади потрошувачи.

Смартфонот поддржува 66W HUAWEI SuperCharge за брзо полнење, овозможено со употребата на новата технологија за полнење со низок напон. Потребни се само 38 минути за полнење на телефонот, и според лабораториските тестови на Huawei, целосно наполнета батерија поддржува до 12 часа гледање видеа. Што се однесува до игрите, HUAWEI nova 10 SE доаѓа со Touch Turbo, функција што го подобрува одговорот на допир на дисплејот, како и технологија за супер допир од 10 точки, стапка на освежување од 90 Hz и стапка на семплирање од 270 Hz.

Безбедни со EMUI 12

Како оперативен систем за паметни уреди од следната генерација, EMUI 12 му овозможува на HUAWEI nova 10 SE поврзување и интеракција со широк опсег на уреди. HUAWEI nova 10 SE нуди и функција за заштита на приватноста на екранот. Кога споделувате слика, можете да изберете AI Privacy Protection за автоматски да ги заштитите чувствителните информации на сликата.

Заштитата на приватноста е достапна и при споделување фотографии, што го спречува примачот да ја добие локацијата, моделот на уредот и времето на снимање. Телефонот исто така може да ги филтрира рекламите во апликациите за да создаде безбедна околина за веб пребарување. Можете да ги најдете речиси сите ваши омилени глобални и локални апликации во AppGallery, а за останатите, можете да ја преземете апликацијата Gspace и да ги инсталирате преку неа.

Цени и достапност

На македонскиот пазар, HUAWEI nova 10 SE може да се најде во продажната мрежа на Сетек, по препорачана цена за крајните потрошувачи од 24.999 денари.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на Huawei.

Претходна статијаВизијата за совршена слика, звук и дизајн е спакувана во еден телевизор – Samsung Neo QLED, многу повеќе од неопходен додаток во секој дом
Следна статијаНовогодишна промоција на Македонски Телеком