Фото: Shutterstock.com

Според истражувањето направено од страна на The Markup, повеќе познати сервиси за поднесување годишни даночни пријави до американската IRS, ја користеле Meta Pixel алатката на нивните страни.

Meta Pixel, односно поранешната Facebook Pixel алатка, се поставува на веб страните, по што сопствениците можат да следат одредени активности и информации од посетителите преку системот на Facebook. Ова се прави поради рекламни цели, кратко кажано, за пуштање реклами на точна група на корисници.

Тоа што го имаат откриено од The Markup е дека поголемиот дел од овие компании го имаат поставено Meta Pixel на делови од страната каде што не би било препорачливо со оглед на информациите со кои тие работат.

Зависно од компанијата, потоа Meta Pixel алатката била користење за собирање на различни информации, а проблемот е што покрај името и имејл адресата, биле собирани информации како приходите на корисникот, статусот на даночната пријава, средствата кои треба да бидат вратени од страна на државата, како и сумата на стипендиите за факултет на децата на корисниците.

Тоа што сепак до некаде е добро е што сумите биле заокружувани на 1000, а имињата на корисниците биле испраќани до Facebook во не толку лесен за читање формат.

Со оглед на тоа што веќе одамна е познато како функционира Meta Pixel алатката, проблемот во овој случај се компаниите кои ја користеле и кои бираат кои податоци би сакале и од кој дел да бидат собирани.

Една од најпознатите компании за даночни пријави, Intuit, која го има сервисот TurboTax, иако ја користела алатката, истата била ограничена само на основни информации, но не и финансиски. Исто така, алатката била поставена само на делот од страната каде корисниците се најавуваат на сервисот.

Ова е пример зошто следењето на интернет активностите за рекламни цели обично добива лош углед, односно се бараат решенија кои можат да ја задржат оваа форма на бесплатен интернет, но без ризикот од нарушување на приватноста на корисниците.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаSamsung Galaxy S23 може да дојде со поддршка за сателитска комуникација во итни ситуации
Следна статијаNetflix нема да останат само на развојот на игри за мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.