Microsoft ја тргна ознаката „Preview“ од Windows Subsystem for Linux во Microsoft Store и со тоа оваа апликација им станува достапна на сите корисници, а исто така станува главното место од каде што ќе се вклучува, односно инсталира овој додаток на Windows.

Една главна новина доаѓа со пуштањето на WSL во Microsoft Store, а тоа е достапност во Windows 10. Со тоа корисниците на оваа верзија од Windows ќе ја добијат можноста на новата верзија од WSL, односно WSL2, вклучување на Linux апликациите со графичкиот кориснички интерфејс.

Иако замислата на WSL е целосно друга, корисниците во основа добиваат можност да користат Linux апликации, исто како да имаат инсталирано некоја од Linux дострибуциите, директно од Windows.

Предноста на WSL е што се трга потребата од инсталирање на виртуелна машина, а потребните функции и апликации се користат исто како да се дел од Windows.

Корисниците добиваат пристап до познатите алатки за командна линија, како и други апликации кои се карактеристични за Linux.

Во основа, Microsoft со WSL прави обид да програмерите и администраторите продолжат да го користат Windows за нивната работа, оперативен систем кој во светот на серверите не е секогаш баш најпопуларниот.

Верзијата од WSL која се инсталира преку Microsoft Store станува главната верзија, односно овој додаток на Windows веќе нема да биде вклучуван преку системот и веќе нема да мора да се чека надградба на Windows за да се ажурира WSL.

Ова значи дека корисниците кои го инсталираат и ажурираат WSL преку командна линија, тоа ќе може да продолжат да го прават така, а командата „wsl –install“ или „wsl –update“ќе ја инсталира и ажурира верзијата од Microsoft Store.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаWindows 10 2022 надградбата пуштена за поголем број корисници
Следна статијаSamsung Galaxy S23 може да дојде со поддршка за сателитска комуникација во итни ситуации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.