Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во ...

Два нови закони беа изгласани од страна на Европскиот Парламент кои привлекуваа големо внимание уште од нивното првично предложување во декември 2020. Законите се водат како пакет за дигитални сервиси, односно Digital Services Act и Digital Markets Act. Овие два закони директно ќе ги погодат големите ИТ компании до степен што за дел од работите кои стануваат обврска може да се каже дека се претерани и непотребно задираат во работи кои треба да ...

Живееме во време на огромна достапност на информации, но по некое чудо луѓето се можеби најмногу дезинформирани од било кое време порано. Информациите можеби се достапни, но луѓето ретко ги читаат како што треба, а посебно проблем прави барањето на потврда на сопственото верување, наместо дознавање на што е точно. Изминатите неколку години со корона кризата, војната во Украина сега, па и најновите случувања на политички план во Македонија, ја ...

Како што посочија од МГ Фешн, компанијата е подготвена да ја реализира оваа капитална инвестиција како донација за градот и понуди соработка со Општина Центар за уредување на овој простор со разновидно парковско зеленило по примерот на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана смарт опрема. Паркот е предвиден на површина од близу 7.500 м2, што е приближна големина на Плоштадот Македонија, а истиот ќе ...

Microsoft продолжува да ги прилагодува нивните апликации да изгледаат во стилот на Windows 11. Може слободно да се каже дека овој процес оди бавно, односно од компанијата можеа сите апликации да ги освежат уште од самото пуштање на новиот оперативен систем, а не после скоро една година уште една по една апликација да се менува. Како и да е, тоа е темпото кое од Microsoft го тераат, па на ред за редизајн е дојдена OneDrive апликацијата, односно ...

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“, програмата на 21-от фестивал на европски филм – CINEDAYS ќе ја пресретнуваме низ Скопје на кровот на ГТЦ, на кровот на Дом на градежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум, Кинотека. „Околностите изминативе три изданија на фестивалот нѐ принудија да го извадиме платното од неговата предвидлива позиција, да го истражиме градот и годинава ќе видиме како ...

Xiaomi денеска ја претстави нивната нова 12S серија составена од три модели. Како главна карактеристика на серијата се истакнува соработката со Leica, што значи дека главниот акцент е ставен на способностите на камерата која има голем кружен модул на задната страна. Со проблемите кои ги има Huawei со САД, изгледа дека Xiaomi сака да го преземе местото, посебно во Кина, на производител со најдобрите камери на пазарот. Од Xiaomi истакнуваат дека ...

ARM го претстави дизајнот за наредната генерација од процесори, а ова се одлични вести за корисниците на Android и PC кои идната година можат да очекуваат добри зголемувања на перформансите на нивните уреди. Дизајните од ARM ги користат компании како Qualcomm, Samsung и MediaTek, кои се најпознатите во светот за производство на мобилни чипови. Главниот нов процесор кој го најави ARM е Cortex-X3, третата генерација од силните Cortex-X процесори, ...

Мобилната апликација од Outlook на Microsoft користи доста ресурси, па не ретко се има случено да проблем со неа имаат и поскапите телефони. Ова значи дека апликацијата е скоро невозможно да се користи на поевтините телефони, па од компанијата сакаат да ја променат оваа ситуација. Microsoft работи на полесна верзија од Outlook која очекувано треба да го носи името Outlook Lite. Ваква апликација веќе се тестира од страна на компанијата, па со ова ...

Новиот потрошувачки Еко-кредит на Халкбанк е наменет за физички лица и овозможува финансирање на проектите за енергетска ефикасност (ЕЕ), какви што се замената на енергетски неефикасните системи за снабдување со топлина и надградувањето на надворешната ѕидна и покривна инсталација, системите за греење и осветлување, како и поставување фотоволтаици на покривот за производство на струја. Во повеќето земји низ светот, теми за дискусија се ...

Во Халкбанк тоа може да го направите по навистина промотивна и висока каматна стапка од 2% за орочување во денари, на период од 13 месеци. Каматната стапка на промотивната понуда е фиксна и се исплаќа по завршување на периодот на орочување. Кај овој производ минималниот износ на вложување е 30.000 денари и истиот е без можност за делумни исплати и уплати на средства пред истекот на датумот на доспевање, Во случај на предвремено раскинување на ...

Оваа недела неофицијално беше објавена цената на Phone (1) од Nothing, кој ќе биде претставен на 12 јули. Со оглед на цената, шпекулациите околу тоа кој чип ќе се користи беа логични, а сега чипот го потврди и основачот на компанијата, Карл Пеи. Чипот на кој ќе работи Phone (1) е Snapdragon 778G+, па ова можеби е и изненадување со оглед на големите најави за промените кои ќе ги донесе телефонот на пазарот. Иако се продаваат во големи количини, ...

Порано Mozilla Thunderbird, сега само Thunderbird, останува еден од најпознатите имејл клиенти, а посебно за корисниците на Linux. Оваа апликација со отворен код е одлична алтернатива на Outlook кој не може бесплатно да се користи, а и не е достапен на сите платформи. Thunerbird како имејл клиент ги нуди сите потребни функции за да се смета за сериозна апликација, но една работа остана непроменета со години, а тоа е изгледот на корисничкиот ...

Конечно после долго време на чекање со месеци да биде пуштена најновата Android верзија за достапните уреди, изминатите неколку години, а посебно минатата Samsung го забрза целиот процес. Најновата верзија од Android, барем кај најновите модели, станува достапна брзо по официјалното пуштање, па минатата година процесот започна од ноември. За оваа година, неофицијално се најавува дека Samsung дополнително ќе го забрза процесот, па One UI 5.0, ...

Скопје – 1 Јули 2022. –Преносливиот проектор Samsung Freestyle конечно е достапен и во Македонија по препорачана малопродажна цена од 60.999 денари. Уредот е толку фантастичен што се прилагодува според личните желби и потреби на корисникот, па така истиот може да биде проектор, паметен звучник и амбиентално осветлување за употреба внатре и надвор од домот. Freestyle доаѓа во бела боја со врвен, минималистички дизајн, а поради неговите врвни ...

Можноста за зачувување на лозинките во Google Chrome не е нешто ново, а корисниците на Android овие лозинки можат да ги видат и користат и преку самиот оперативен систем. Користењето на апликации за лозинки останува доста важна препорака за безбедност на интернет, а достапни се повеќе решенија. Google сака нивниот Password Manager да се користи од повеќе корисници, па со воведувањето на неколку новини оваа недела, оваа апликација станува реално ...

Првпат претставена во 2020 година, серијата ги охрабрува корисниците да пробуваат нови вежби преку низа анимирани фитнес курсеви, режими на вежбање и функции за следење на здравјето. Со елегантниот дизајн на моделот и чувството на леснотија додека го носите, Huawei ги предизвикува корисниците да ја подобрат својата кондиција со уред што е стилски и корисен. HUAWEI WATCH FIT 2 располага со заоблен правоаголен дисплеј од 1,74 инчи, наследувајќи го ...

Бришењето на онлајн сметки е нешто што не е баш едноставно, а тоа е така затоа што компаниите кои стојат зад сервисите не сакаат да го олеснат овој процес. Не е мал бројот на луѓе кои се откажуваат од бришењето на својата сметка затоа што не можат да најдат каде се прави тоа. Бришењето на Instagram сметката ќе стане многу поедноставно, барем за корисниците на iPhone. Ова ќе може едноставно да се направи директно преку апликацијата, нешто што ...

Microsoft во Австралија започна со тестирање на Stories функција на нивниот сервис OneDrive. Иако името на функција веднаш асоцира на истата кај друштвените мрежи, сепак целта на Microsoft не е да го претвори OneDrive во уште една друштвена мрежа. Stories на OneDrive е замислена како начин на споделување на слики и видеа со избрана група на луѓе, кои ќе можат да ги видат само доколку добијат линк од вас. Вакво нешто веќе одамна е можно на ...

Кога претседателот на САД Џо Бајден ја промени одлуката од неговиот претходник, Доналд Трамп, поврзана со TikTok, завршија проблемите кои ги имаше оваа популарна кинеска апликација. Во периодот што следеше оваа апликација стана уште повеќе популарна во светот, до степен што Meta најавува промени кои ќе ги направи нивните две апликации, Facebook и Instagram, повеќе слични со TikTok. TikTok е и првата апликација, која не е од Meta, која има ...

Collections на Microsoft Edge е една од подобрите функции на овој прелистувач која прави да вреди да се користи, а сепак е прашање колку од корисниците знаат дека постои. Се работи за дел од Edge каде може да се зачувуваат веб страни, да се додаваат белешки, а сето ова да се организира во категории, односно во посебни „папки“. Сигурно ќе се прашате, па добро, што е ова различно од Favorites, па краткиот одговор би бил дека сега за сега разликата ...

Скопје, 29 јуни – Вчера во Едукативниот центар М6 се одржа работилница за визуелно раскажување приказни во организација на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, а под покровителство на брендот 4U. Едукаторите од Ефектива ги водеа учесниците низ процесот на креирање успешна визуелна приказна. Работилницата ја следеа идни графички дизајнери, професионалци и заинтересирани за визуелната комуникација. Работејќи на темата „Слатки приказни 4U“ ...

Големите најави за какви промени на пазарот треба да донесе Phone (1) од Nothing оставија впечаток дека телефонот ќе биде од највисоката класа. Сепак, споредбите кои ги правеше основачот Карл Пеи со iPhone, меѓу другите, навистина асоцираа на нешто што ќе биде најдоброто на пазарот. Како ќе изгледа Nothing Phone (1) веќе можевме да видиме, покрај тоа што беше прикажана слика од задниот дел, познатиот и интересен Маркез Браунли го прикажа ...

Huawei Consumer Business Group го претстави новиот HUAWEI MateBook D16, лесен лаптоп со високи перформанси и голем дисплеј од 16 инчи. Новиот модел ја наследува естетиката и иновативноста на портфолиото на Huawei Smart Office и серијата Matebook и додава многу подобрувања, вклучително и сосема нов HUAWEI FullView дисплеј, процесор од 12-та генерација Intel® Core™ H-серијата со високи перформанси, лесно метално тело и синхронизирана работа помеѓу ...

Нѝ причинува големо задоволство да го најавиме отворањето на 21 издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022, годинава фестивалот обединува повеќе од 50 филмови, а филмот „Мими“ кој е селектиран во SEE програмата ќе се натпреварува за една од ...

На минатонеделната официјална премиера на новите производи за регионот на Централна и Источна Европа, Турција и Канада, Huawei го претстави и HUAWEI nova Y70. Овој уред е најновото дополнување на веќе добро познатата серија nova, што нуди модерни технологии по разумна цена. HUAWEI nova Y70 доаѓа со мноштво импресивни функции, вклучувајќи 6,75-инчен HUAWEI FullView дисплеј, голема батерија од 6000 mAh, HUAWEI SuperCharge од 22,5W, 128GB меморија ...

Интернет пребарувачот од познатиот прелистувач Brave, може да се каже дека официјално е алтернатива и конкуренција на останатите со тргањето на „бета“ ознаката на годишнината од претставувањето. Brave Search сега е и стандардниот пребарувач на Brave прелистувачот, што значи дека ќе биде автоматски вклучен за новите корисници, додека постојните можат едноставно да го изберат во Settings. Главните карактеристики по кои се истакнува Brave Search се ...

Повеќе пати можевме да прочитаме дека со iPhone 14 Pro моделите Apple кончено ќе ја воведе една од најбараните функции кај нивниот смартфон, „always on“ екранот. Оваа функција нема потреба од објаснување, а истата е веќе одамна достапна кај Android конкурентите. Марк Гурман од Bloomberg, кој најчесто има точни информации, најавува дека iPhone 14 Pro моделите дефинитивно ќе ја добијат оваа функција и истата е поврзана со новиот „заклучен екран“ ...

Неколку пати досега се најавува влез на Apple на пазарот на уреди за виртуелна, проширена и „измешана“ реалност, но тоа никако да се случи. Според информациите ова требаше да се случи и оваа година, па дури некои се надеваа дека првиот ваков уред од компанијата ќе биде претставен на WWDC 2022, но тоа не се случи. Сега, претставени како доста сигурни информации, се најавува дека Apple ќе го претстави својот прв уред за виртуелна реалност во ...

Неофицијалните најави дека Netflix планира да претстави пониска претплата која ќе има реклами, може да се каже дека се официјално потврдени, па останува само да видиме кога од компанијата би ја пуштиле претплатата. Според The New York Times, новата претплата ќе биде пуштена до крајот на оваа година, а од медиумот имаат дојдено до внатрешна комуникација преку која се најавува вакво нешто. Потврдата дека од компанијата работат на ваква претплата ...

Прибежиште

12 минути - МРТ

Самец

26 минути - МРТ

Робокап

27 минути - МРТ
weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
0.54
60%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
54%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
60%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52