Во труд кој е објавен во Nature Communications Engineering, се разгледува можноста смартфоните, едни од најмасовно користените уреди во светот, да се користат како алатки за проценка на состојбата на мостовите.

Трудот е направен со мерење на вибрациите на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Истражувачите првите мерења ги имаат направено со точно следење на неколку фактори, односно видот на возило, смартфонот, неговата поставеност во автомобилот и слично.

Резултатите покажале дека проценката на вибрациите била на ниво на мерните инструменти кои се поставени на самиот мост за таа цел.

Тоа што е уште поважно и дава голема тежина на трудот е точноста на резултатите кога условите не биле точно контролирани. Поточно, преку соработка со Uber, користени биле податоците од смартфоните на возачите во Сан Франциско, по што резултатите биле исто така на високо ниво на точност во споредба со специјалните инструменти на самиот мост.

Начинот на којшто се користи акцелерометарот во смартфоните е прилично едноставен. Ова е сензор кој има една задача, а тоа е да ги детектира движењата на уредот во било кој правец, а алгоритмите можат потоа да ги направат потребни пресметки, зависно за што се користат добиените податоци.

Вибрациите кои ги имаат мостовите во основа зависат од цврстината, масата и тежината на мостот. Овие вибрации се нарекуваат модална фреквенција која е карактеристична за една градба со конкретна големина, маса и цврстина. Истото важи и за големи облакодери кои се движат по малку при земјотрес, но и при поголеми ветришта и слично.

Идејата на истражувачите не е да почнат да се користат сите уреди кои се во употреба за мерење на состојбата на мостовите. Сепак тоа може да предизвика прашања околу приватноста. Поради тоа, информациите би можеле да се собираат од доволно големата бројка на возила од полицијата, другите служби, сервисите за достава и слични.  

ИЗВОРWired
Претходна статијаNetflix нема да останат само на развојот на игри за мобилните
Следна статијаСмартус Македонија со неповторливи ниски цени за Black Friday
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.