февруари 8, 2023 На подрачјето на Шуто Оризари денеска во 11:55 часот на ул.„Бутелски венец“, полициски службеници од Оперативниот тим на потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(39) од Скопје. Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница по наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето ќе биде спроведено во надлежната ...

февруари 8, 2023 Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво. Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето. Мајката на бебето по ...

февруари 8, 2023 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за ...

февруари 8, 2023 Болни и потресни сцени постојано се споделуваат на социјалните мрежи по катаст рофалниот земјотрес кој се случи на границата помеѓу Турција и Сирија, а во кој според последните проценки заги нале над 9.400 луѓе. Последната снимка која ги расплака сите е онаа објавена на „Твитер“ со двегодишниот Мухамет кој поминал цели 44 часа под урнатините. На видеото може да се види како спасувачите на исцрпеното момче му даваат вода од ...

февруари 8, 2023 Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер. „Преживуваме вистинска природна ката строфа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,8 и 7,6 степени според ...

февруари 8, 2023 ОВЕН Сакате да се издигнете, но тоа значи да се ослободите од гравитецијата и луѓето кои ве влечат надолу. Оваа седмица почнавте добро да го организирате личниот живот од сите страни и агли. Седмицава, кога Месечината е во Девица разговара со Нептун во вашиот сектор на завршетоци, тивката рефлексија сè уште може да биде малку заматена од некоја долготрајна конфузија за минатото и насоката во која се движи вашиот живот. Меркур во ...

февруари 8, 2023 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 3 степена. Ќе продолжи периодот на ...

февруари 7, 2023 Територијата наМакедонија се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса од север. Во текот на денешното утро имаме МНОГУ НИСКИ температури на воздухот. Најстудено утринава беше на Попова Шапка каде се измерени -17 степени, потоа во Маврово се измерени -12 степени, во Берово -10 степени, -9 во Пожаране, Претор и во Тополчани, -8 во Охрид и -7 во Крива Паланка и Битола. На другите места температурите беа малку повисоки. ...

февруари 7, 2023 По цели 22 часа поминати под урнатините, во Турција е спасено тригодишно момче. Премрзнато, без храна и без вода, малечкото дете конечно е на сигурно, а емотивно видео од спасувањето сподели Хакан Копур, новинар во националната телевизија ТРТ. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА. Исто така, Сиријка, заробена во урнатините откако и се урна куќата во земјотрес, родила машко дете, а нејзината судбина сè уште не е позната. ...

февруари 7, 2023 По катаст рофалниот земјотрес во Турција и Сирија, скопјани се мобилизираа за да испратат помош за настр аданото население, за да им се помогне на луѓето кои во овие студени денови остана без своите домови. На плоштадот Македонија уште вчера е отворен пункт за донации, каде може секој, во рамките на своите можности, со својата помош да придонесе за семејствата погодени од земјотресот. Граѓани и компании постојано донираат ...

февруари 7, 2023 Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија по инцидентот во Охрид при кој се здоби со пов реди, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, јави БНТ. Пендиков, кој вчера беше отпуштен од Воено медицинската академија во ...

февруари 7, 2023 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска (07.02.2023), во периодот од 18.00 до 19.30 часот, на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“ и ул.„16 Македонска бригада“, поради протест од граѓани на урбана заедница Автокоманда, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените сообраќајници. МВР апелира до сите граѓани ...

февруари 7, 2023 Триесет и три основни училишта во Скопје денеска добиле дојава за поставена бо мба. Како што информира МВР, дојавите се пријавени во полиција околу 12:30 часот, а пристигнале преку електронските адреси на училиштата. -Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антит ерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР. ...

февруари 7, 2023 Јосип Аталиќ, градежен инженер и координатор во Хрватскиот центар за земјотресно инженерство, вели дека од последниот голем земјотрес во таа земја во 1999 година, кога заг инаа 17.000 луѓе, во Турција почнале сериозни инвестиции. Но, тоа не беше доволно, вели Аталиќ, додавајќи дека таму има многу стара градба, која е во лоша состојба и дека е многу полоша од градбата во Хрватска. Турција и Сирија вчера рано наутро беа погодени ...

февруари 7, 2023 Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја стресе Грција во 3 минити со 12 часот по македонско време, а епицентарот е на Халкидики. Поточно епицентарот на земјотресот се проценува на 12 километри југозападно од Ормилија,односно 70 километри од Солун, додека фокусната длабочина е проценета на 9 километри. Поради тоа што земјотресот е плитко во земјата тој беше почувствуван на повеќе места меѓу кои и во ...

февруари 7, 2023 Необично видео се појави на TikTok. Не е наведено во кое време од ноќта е создадено и во кој град, но е објавено на профилот Stray Beautiful, кој собира донации за напуштените кучиња ширум светот. Во описот се наведува дека е создаден непосредно пред разорниот земјотрес што ја погоди Турција. На нео се гледа куче кое стои само на улица и завива многу гласно. Зад него има џамија, а покрај него поминуваат само неколку автомобили. ...

февруари 7, 2023 Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до ...

февруари 7, 2023 Денеска на пладне, дојава за поставени бо мби примило ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата. Полицијата е на терен и ги проверува просториите. Дојава за бо мба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, а најверојатно дојави за поставени бо мби има во сите основни училишта на територијата на ...

февруари 7, 2023 Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е ...

февруари 7, 2023 Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Утринските температури од -15 до -3 степени, дневните во интервал од -7 до 2 степени Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе изнесува -6 степени. За утре се најавува сончево време со мала до ...

февруари 7, 2023 Овен Во текот на денот ќе бидете многу активни кога е во прашање односот со партнерот и тоа е она што ви недостига некое време. Партнерот е многу задоволен од вашето однесување. Бик Венера ви дава можност да научите многу за вашиот партнер, но многу повеќе се вртите кон сегашниот момент. Во текот на денот главно сте фокусирани на работните и деловните аспекти. Близнаци Почетокот на денот е обоен со вашата претерана грижа за ...

февруари 6, 2023 Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот на кои февруари 2023 година ќе им донесе незаборавни емоции и романтични авантури. Еве за кои три знаци станува збор: Овен Овните моментално минуваат низ не баш најлесниот период, ако ја процените нивната состојба во личниот живот. Сепак, февруари ќе донесе емотивен земјотрес – запознавање со многу активна и весела личност која ќе ви помогне ви сите проблеми и која ќе ве натера светот ...

февруари 6, 2023 Земјотреси со интензитет блиску до денешниот, подрачјето на Турција може да го тресат со месеци. Од Институтот за земјотресно инженерство велат изненадувачки е што по првиот потрес од 7,8 степени и следните имаат речиси идентична амплитуда. Се очекува, тие да зафатат и поширока територија. „За земјотреси со ваква јачина, сигурно во подолг временски период, недели, а кај некои земјотреси и со месеци се забележува изразена ...

февруари 6, 2023 Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО, односно променливо облачно со сончеви периоди. Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу – 10 степени, понекаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните ...

февруари 6, 2023 Два силни земјотреси утринава ја погодија областа на Турција. Разорниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а 9 часа подоцна следел нов земјотрес со јачина од 7.5 степени. Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мр твите и повр едените од под урнатините. Според последните податоци, бројот на заг инати се искачи на 2.200 лица. Во меѓувреме, ...

февруари 6, 2023 Имајќи предвид дека технологијата оди постојано напред со засилен развој, така се менуваат и навиките на луѓето. Онлајн продажбата стана поинтензивна овозможувајќи полесен и побрз пристап до саканите производи. Но покрај предностите, има и свои слабости со кои секојдневно се соочуваат голем број граѓани. Имено, грѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на ...

февруари 6, 2023 Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак. Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите ...

февруари 6, 2023 Приватните превозници и градоначалничката на град Скопје најдоа решение за превозот во градот. По четиричасовна средба, на повидок е нов договор. „Одиме во позитивна насока и ќе се реши нашиот проблем. Ќе има реформи, ние сме јавен сервис и мора да им служиме на граѓаните на Скопје. Има простор за договор и блокади нема да има“, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Скопје. Тој додава дека долгот кон ...

февруари 6, 2023 Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за ...

февруари 6, 2023 Нов земјотрес со јачина од 7,5 степени претпладнево ја стресе одново Турција и донесе нови проблеми. Работата на спасувачките екипи е дополнително отежната. Социјалните мрежи се преплавени со видеа од земјотресите, а моментот на новиот силен земјотрес беше фатен и при директен телевизиски пренос. На снимката се гледа како се рушат згради при новиот земјотрес, додека луѓето панично бегаат низ улиците. Видеата можете да ги видите ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
3.6
72%
1007

Белград

14ᴼ/12ᴼ
1.54
52%
1007

Софија

10ᴼ/10ᴼ
4.12
85%
1009

Сараево

10ᴼ/10ᴼ
4.47
85%
1007

Љубљана

8ᴼ/6ᴼ
1.54
82%
999

Атина

22ᴼ/20ᴼ
7.15
41%
1005

Тирана

15ᴼ/15ᴼ
3.6
59%
1009

Подгорица

16ᴼ/14ᴼ
3.6
55%
1008
Currency

61.5521

Currency

57.5361

Currency

71.7049

Currency

37.3818

Currency

41.9844

Currency

62.88

Currency

7.94039

Currency

0.6176

Currency

0.37038

Currency

0.52508

Currency

1.76733

Currency

0.69045

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

610450 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

870 $

Злато

74392 $

Бакар

8 $

Паладиум

31935 $

Платина

28923 $

Родиум

152411 $

Цинк

89903 $