
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Најновата фотелја Clodette, со својата форма и доминантно присуство, ги враќа корисниците во детските спомени кога сè околу изгледаогромно. Со седиште во Цирих, Studioforma е дизајнерско и архитектонско студио кое се занимава со дизајн на мебел, производи и ентериери, како и со големи архитектонски проекти. Основано во 2002 година од Alex Leuzinger и неговиот поранешен деловен партнер, фирмата преминала од архитектонски start-up во меѓународно ...
Проектантското биро од Скопје „Стокуќа“ е добитник на престижната меѓународна награда BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за Пивара Скопје во конкуренција на повеќе од 2.400 проекти од 21 држава. За потребите на дополнителен работен простор со современа работна култура, нашиот инвеститор СКОПСКА ПИВАРА го избра првиот кат од магацинот кој не е во функција и се наоѓа веднаш до постојните канцеларии на ...
Државните електростопанства во регионот на Западен Балкан се соочуваат со високи трошоци на име увоз на електрична енергија и јаглен, што сериозно ги исцрпува средствата неопходни за инвестирање во енергетска транзиција, но и за одржување на постоечките капацитети. Тие исто така веќе трпат сериозни последици поради тоа што увезената електрична енергија ја продавале на своите потрошувачи по неколкукратно пониски цени од увозната. Електропривреда ...
Стручњаците за автомобилска индустрија анализирале над 72 милиони податоци за автомобили од различни брендови за периодот од 2019 до 2022 година во Европа, САD и Австралија, со цел да утврдат кои автомобили најмалку губат од својата првобитна вредност. Porsche, Jeep и Mini се трите брендови кои најмалу губат во вредноста низ годините, а најголемите губитници се Chrysler, Audi iи Seat. Меѓу возилата кои задржуваат добар дел од својата вредност ...
Компанијата Rimac Аutomobili собра 500 милиони евра во новиот круг на финансирање, кое го предводат Softbank и Goldman Sachs, како и постоечките акционери, вклучувајчи ги и Porsche. Тоа ја поставува вкупната вредност на овој хрватски производител на автомобили на над 2 милијарди евра. Најголемиот дел од новите средства ќе бидат вложени во проширување на производните капацитетии зголемување на обемот на технолошкото работење, со цел достигнување ...
Paso Internacional Los Libertadores, исто така наречен Cristo Redentor, е планински премин на Андите помеѓу Аргентина и Чиле. Тоа е главната сообраќајна рута што ја поврзува чилеанската престолнина Сантијаго со градот Мендоза во Аргентина и има прилично густ сообраќај. Со 29 остри кривини на екстремно стрмната падина, исто така е еден од најпредизвикувачките патишта за возење. Патувањето започнува на чилеанската страна со стрмно искачување, 70 ...
Новата зграда на Етнографскиот музеј е отворена во градскиот парк Városliget во Будимпешта. Проектот на величествената зграда е потпишан од архитектот Марсел Ференц од унгарското архитектонско студио NAPUR Architect. Најголемиот парк во Будимпешта и еден од најстарите јавни паркови во светот со имплементацијата на сеопфатниот проект за реновирање Liget Budapest станува модерна зелена зона на релаксација, забава и рекреација во срцето на ...
Во виенскиот округ Simmering, во моментот се истражуваат енергетски решенија за одрржлива иднина. На подрачјето на постројката за спалување отпад Simmeringer Haide, во средината на мај е отворена пилот постројка во која стручњаците од различни подрачја работат на производство на „зелени“ горива. Ова е прва постројка во светот во која од отпадот, остатоци од дрво, хартија и отпаден муљ се произведува синтетички гас. Гасот се користи на самото ...
MVRDV го отвори Rotterdam Rooftop Walk, привремена портокалова кровна инсталација во Ротердам. Rotterdam Rooftop Walk е привремена инсталација за пешачење која се протега долж Светскиот трговски центар во Ротердам и создава мост до градската стоковна куќа Bijenkorf. Инсталацијата долга 600 метри ја изградила градежната компанија за скелиња Dutch Steigers во рамки на Rotterdam Rooftop Days, фестивал кој создава нови простори за да им даде шанса ...
Електричните камиони на компанијата Daimler Truck со домет од околу 500 километри, по германските патишта ќе тргнат веќе во оваа година, но само во тест режим. Сериското производство на моделот eActros LongHaul треба да започне во 2024 година. Станува збор за камиони за т.н дистрибутивен транспорт, кој во зависност од моделот, имаат три или четири пакети батерии. Во преминот од мотори со внатрешно согорување на нови погони, Daimler Truck ...
Британската влада соопшти дека дел од термоцентралите на јаглен, кои било планирано да се затворат до крајот на годината, сепак ќе продолжат да работат и по тој рок. Причината за таквата одлука е обезбедување на стабилно снабдување со електрична енергија во претстојната зима. Земјите ширум Европа прават планови за вонредни ситуации во случај на сериозни пореметувања во испораката на енергенти од Русија, при што особено е ранлива ситуацијата со ...
Според најновиот извештај на американската компанија Даглас Елиман, моментално во Њујорк се водат вистински „мини-војни“ за изнајмување недвижнини. Во целиот Менхетен, Бруклин и северозападниот дел на Квинс, бројот на станови за изнајмување бил околу 10 илјади, додека од април тој број паднал на само 7.669, што е неколку илјади помалку од бројот на изнајмувања на Airbnb за цел стан или куќа во Њујорк. Според податоците добиени од аналитичката ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и проф. д-р Огнен Марина декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера потпишаа Меморандум за соработка со кој, општината и факултетот ќе воспостават партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство. Заедничката соработка подразбира взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, ...
Ремек дело со извонреден звук и мека светлина создадено да ви овозможи квалитетен живот и амбиентално задоволство: ова е најкраткиот опис на звучниците на Welle – светилки. Уредот, дизајниран во модерен скандинавски стил, всушност е светилка која е задолжена за создавање мека светлина, во комбинација со висококвалитетен аудио систем со јасен и моќен звук. Веќе со години е забележлив трендот на таканаречените мултифункционални уреди кои во ...
Производителите на играчки одамна сфатија дека децата не се единствената целна група. Напротив – продавањето играчки на возрасни е исто толку профитабилно како и убедувањето на децата дека им е потребна таа играчка. Има ли подобар начин да ги убедите возрасните да го купат најновиот сет на Лего отколку со комплет кој реконструира една од најпознатите слики на сите времиња – „Ѕвездена ноќ“ од Винсент Ван Гог. Ова дело го насликал Ван Гог во ...
Од шведската енергетската компанија Vattenfall обезбедиле 9,3 милиони фунти за иновациско финансирање за развој на она што се тврди дека е првата офшор турбина на ветер во светот за производство на водород. Електролизаторот за производство на водород ќе биде поставен директно на постоечка оперативна турбина. Пилот-проектот ќе има моќност од 8 MW и ќе може да произведува доволно водород секој ден за напојување. Водородот ќе биде доставен до ...
Како да се спроведат зацртаните климатски цели во услови на драматичен раст на цените на енергијата и отежнато снабдување со енергенти, беше главна тема на Групата 7 во Берлин. Иако е договорено исфрлање на јагленот до 2035, како и декарбонизација на сообраќајот до 2030 година, некои земји тоа тешко ќе го постигнат, а ослободувањето од руската енергетска зависност оди бавно. Токму замената на фосилните горива од Русија, доминирала во ...
Националниот Закон за клима, кој има обврзувачки таргети за емисиите на јаглерод диоксид за 2030 и 2040 година, како и обврска за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година, е клучен за напорите на Грција за декарбонизација. Главниот фокус е во затворањето на сите електрани на јаглен до 2028 година, со реевалуација во 2023 година. Една од најреволуционерните промени е забраната за користење на горилници на нафта за греење на објекти, ...
Познато е дека ленот е многу корисно растение и се користи во различни гранки на индустријата. Бидејќи бетонот има исклучително висок удел во емисиите на јаглерод, тим предводен од Универзитетот за технологија во Ајндховен (TU/e) истражува дали ленот може да се користи и како зелен алтернативен градежен материјал. За да го тестираат ова, тие изградиле пешачки мост со сензори кои ги следат промените во изградбата. Проектот се нарекува Smart ...
Градежната компанија „Баласт Недам“ ќе почне да лансира куќи направени од слама. Од „Баласт Недам“ велат дека куќите се впечатливи и дека климатските позитивни домови стануваат достапни за пошироката јавност. Се вели дека куќата на природата исполнува високи амбиции за одржливост и во исто време се фокусира на достапност и приспособливост. Со користење на префабрикувани панели од слама, можно е да се изгради во голем обем. Куќата е повеќе од 95 ...
Словенечката хидроенергетска компанија DEM, која управува со хидроелектраните на Драва, доби градежна дозвола за изградба на геотермална електрана на подрачјето на општината Лендава. Станува збор за првиот таков истражувачки-развоен проект за искористување на геотермалната енергија во Словенија. Електраната ќе се гради на бушотината Pg-8 и ќе служи како демонстрациски пример на добра пракса. Притоа, ќе се искористува геотермалниот потенцијал на ...
Европа секоја година добива голем број нови хотели, за само посебните се издвојуваат по своите квалитети. Во изборот за најдобар хотел на Стариот континент, оваа година критериумите се проширени не само на квалитетот на услугата туку и на локацијата на која се наоѓаат. На листите на најдобрите, рангирани од различни субјекти, сепак следните најчесто се во врвот, од кои дури четири се сместени во Франција. 1. Hotel Motto – Австрија. Во Виена овој ...
Објавени се победниците на овогодинешниот натпревар за облакодер eVolo. Заедно со кулата за контрола на климата и облакодери отпорни на цунами, како и кула за производство на храна, конкуренцијата обезбеди архитектонски проект неограничен со практичност. Треба да се нагласи дека натпреварот за облакодер eVolo помалку се занимава со планови за кули што некогаш би можеле да се изградат, туку наместо тоа се фокусира на истакнување интересни идеи. ...
Урбаното шумарство е сегмент од т.н. „зелена инфраструктура“. Посебно е важна улогата на дрвјата односно урбаните шуми наспроти тревниците, првенствено во однос на многу поголемиот учинок во апсорбирањето на полутантите од воздухот, кои предизвикуваат бројни респираторни заболувања и според проценките на Светската здравствена организација, околу седум милиони предвремени смртни случаи. Но, и покрај неспорните придобивки на урбаното шумарство во ...
Долгорочната амбиција на Mercedes-Benz да стане највредната марка на светот кога станува збор за лукзузните возила, се чини дека е на најдобар пат да се реализира. Потврдено е дека асортиманот на највисоката класа под знакот на трикраката ѕвезда ќе биде значајно променет. Луксузните автомобили на Mercedes во иднина ќе се делат на три класи: Top-End Luxury, Core Luxury и Entry Luxury. Entry Luxury сегментот ќе биде „влезот“ во класата на ...
За сите оние кои се Барби девојки и им се допаѓа светот на Барби сега може да изнајмат вистинска куќа на плажата Барби во Калифорнија, која е достапна за 570 долари на час. Вилата на плажа има вкупно шест спални соби и шест бањи, вклучувајќи неонска дневна соба, спална соба инспирирана од принцезата и базен во дворот создаден за фотографии на Инстаграм. Домот има и игралиште за кошарка и голем поплочен двор, топла када, скара, балкон, домашна ...
Германскиот производител на автомобили BMW во Кина воспоставува шема на рециклирање на своите отфрлени батерии од електричните автомобили. Една батерија од 100 kW h содржи околу 90 килограми никел, литиум и кобалт. Овие суровини главно можат да се реупотребат за нови ќелии, а со тоа се штедат ресурси и се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид (CO2) за 70 %. Кина е најголемиот глобален пазар на електрични автомобили и се очекува да генерира ...
Кулата на пандите е проектирана од UDG Atelier Alpha за новиот кампус на Истражувачката база за одгледување џиновски панди во Ченгду. Тоа е нова културна знаменитост што комбинира набљудување, изложба и разгледување знаменитости, а исто така е дело на пракса што ја слави комбинацијата на природата и технологијата. Инспирацијата за оваа феноменална градба доаѓа од ластарите од бамбус, растение кое е широко распространето во регионот ...
Боите на езерото и брановите на водата ги обликуваат куќите налик на камен, проектирани од архитектот Марко Казамонти. Овој комплекс се наоѓа на брегот на езерото Маџоре, кое се наоѓа на јужната страна на Алпите. Проектот, со поглед на постојното урбано ткиво формирано од шаблоните на шаховската табла, дворните згради и изолираните куќи, има за цел да создаде сосема нов и поинаков урбан амбиент. Гледано во целина, зградите имаат облик на камења ...
Компанијата Miguel Concha Arquitectura неодамна го реализираа проектот за реконструкција на старата зграда на мексиканската резиденција во музеј на фондацијата Сантијаго Карбонел, со што стана дом на уникатни дела изложени како дел од познатата сликарска кариера на Карбонел. Постојаната изложба ја содржи приватната колекција на уметникот, која со текот на времето е внимателно сочувана и одржувана, а која сега е изложена во внатрешноста на топли ...