Македонскиот шампион Шкендија продолжува со засилувањата за претстојните европски предизвици, а ново име во тимот е добро познатиот Ендрит Красниќи. Играчот за врска потпиша нов договор со тетовскиот клуб и повторно ќе го носи дресот на тетовскиот клуб. Красниќи веќе има едно успешно поглавје во Шкендија, во сезоната 2023/24 одигра 32 натпревари, при што постигна шест голови и подели 13 асистенции. По една година во редовите на косовскиот клуб ...

Нион, 17 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби велшки ТНС за противник во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Првите натпревари од новата сезона 2025/26 во ЛШ се на програмата на 8 и 9 јули, а реваншите на 15 и 16 јули. Шкендија ќе му гостува на ТНС во првиот натпревар, пред реваншот во Македонија една недела подоцна. За Шкендија и ТНС ова ќе биде ...

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за првото коло во квалификациите во Лигата на шампиони, македонскиот првак се најде помеѓу неносителите и имаше среќа, за противник го доби ТНС од Велс. Шкендија играше двомеч против ТНС во 2018, тогаш во Скопје славеше со убедливи 5-0, но неочекувано загуби во Велс со 4-0. Првиот натпревар ќе се игра на 8/9 јули во Велс, додека пак реваншот е седум дена подоцна во Македонија. Утре ќе биде извршена ...

Велшкиот тим ТНС или Њу Сеинтс, е противник на Шкендија во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Тетовскиот тим доби релативно добар противник, со кој може да се надигрува и да се пласира во следното квалификациско коло. Шкендија веќе играше против ТНС во сезоната 2018/19 во 1. квалификациско коло. На домашен терен победи со 5-0, додека на реваншот загуби 4-0, и така се пласираше во следната рунда. Првиот натпревар Шкендија ...

Актуелниот македонски шампион Шкендија денеска го доби противникот во квалификациите за Лигата на шампионите, а ждрепката одлучи дека тетовци ќе се соочат со ривал од Велс. Се работи за екипата на Њу Сејнтс, која ќе се соочи со Шкендија како велшки шампион и веројатно претставува добра опција со оглед на другите екипи кои можеа да бидат противник на нашиот претставник. Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 8 или 9. јули, а реваншот ќе ...

Македонскиот шампион Шкендија имаше релативно поволна ждрепка во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тетовскиот тим за ривал го доби велшкиот првак ТНС. Првиот меч ќе се игра во Велс, а потоа Шкендија ќе го игра реваншот на свој терен. Тетовска Шкендија ја имаше среќата на своја страна на ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, иако се најде во групата на неносители. Како противник го доби, барем на хартија, ...

Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби ривалот во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Тетовчани се најдоа меѓу неносителите, а на ждрепката имаа среќа и го извлекоа можеби најлесниот ривал од првиот сад на носителите. Тоа е ТНС од Велс, со кого веќе еднаш имаат играно во еврокуповите. Тоа беше во 2018 година, кога Шкендија во Скопје ги надигра островјаните и ги совлада со 5-0, што е една од највисоките евро-победи на ...