Пеп Гвардиола е подготвен да го продолжи договорот со Манчестер Сити и по 2021 година, иако неговиот тим се соочува со закана да не игра во ЛШ две сезони. Англискиот шампион, исто така, доби казна од 30 милиони евра, но санкциите ќе ги разгледа Арбитражниот суд (КАС). Гвардиола посочи дека ќе преговара со претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак „на крајот на сезоната или кон средината на следната“. – Јас работам со ...

Тоа што требаше да претставува вистинска забава и тениско уживање за фановите на Балканот, на крајот се претвори во вистински корона хаос, бидејќи „Адрија турот“ предводен и организиран од Новак Ѓоковиќ доживеа вистински колапс со неколку заразени тенисери. Еден од нив е и самиот Новак кој вчера потврди дека има позитивен корона тест заедно со неговата сопруга Јелена, по што Србинот на двапати се јави и се извини во јавноста за ...

Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во светот, компанијата „Ракутен Вибер“ соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Фејсбук. – Злоупотреба на кориснички податоци и неможноста да се спротиставиме на насилната реторика на Фејсбук, ги преминаа сите мерки, поради што Вибер презема соодветни мерки, како на пример суспендирање на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки ...

Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочил дека ...

– Од вторник 28 јули сите оние кои во Грција ќе пристигнат авионски од Бугарија и Романија, задолжително ќе биде да имаат негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ и е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за ...

Милијардерот филантроп Бил Гејтс изјави дека лековите за коронавирусот може значително да ја намалат смртноста оваа година, но вакцината ќе биде клучна за да се врати светот во нормала. – Можете да видите терапевтска корист побрзо од заштитна. Мислам дека има добри шанси да имаме значително намалување на смртноста до крајот на годината со комбинацијата на овие нови инструменти, рече Гејтс во интервју за Си-Ен-Би-Си. Коосновачот на ...

Но, и да се „утврди цената“ која Приштина ќе ја плати во замена за признавањето, како и дека е важно јавноста во двете општества да сфати што се случува во дијалогот. Професорот на Факултетот за политички науки на Универзитетот ААБ од Приштина Неџмедин Спахиу кажа дека искуството со БиХ покажало како ќе се решава и судирот на Косово и Србија. Смета, меѓутоа, дека односите ќе бидат проблематични и по конечното решение, а тврдењето ...

Италијанската Влада планира да ја продолжи вонредната состојба во државата, што ќе овозможи да владее со уредби без потреба од парламентарно одобрување, и покрај силното спротивставување на опозициските партии. – Владата ќе донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до 31 октомври, само по одобрување од Парламентот, изјави денеска министерот за здравство Роберто Сперанза, пренесува „Политико“, повикувајќи се на ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 26 јули – Денот на солидарност, посочува дека на овој ден треба да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани. – Педест и седум години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, ...

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците експресно го отфрли предлогот на ДУИ, која преку Бујар Османи вчера предложи нова албанска „платформа“ според која би се раководеле партиите на Албанците кога преговараат за составување на Влада. Османи предложи на изборите да настапуваат најмногу две партии или две коалиции на партии на Албанците, веројатно со цел да не се „раситнуваат“ гласовите. Понатаму, ДУИ посакува ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи, информираат од ОЈО Гостивар. – Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости ...

Бројките не се добри. Ни најголемите песимисти не ги очекуваа. Институциите сега некако како затворени да се во последно време. Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија, истакна професор д-р Никола Пановски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. -Големиот број на случаи е една од причините на големата смртност. Друго е и дека доцна се јавуваат, а трето е дека инфективните одделенија и не ...

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга…, ја зеле финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците, покажа анализата на Управата за јавни приходи(УЈП), институција преку која се спроведуваше оваа мерка за поддршка од последиците од корона-кризата, а со цел да се задржат работните места. Како што соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска денеска на ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, ...

Штип нема да биде ставен во карантин и покрај секојдневните двоцифрените бројки на заразени. За тоа не е ниту разговарано на Комисијата за заразни болести, истакнаа на денешната прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Не размислуваме во овој момент за карантин и не гледаме причина. Карантинот не се одредува според горната граница на заразени ...

Руската сексапилна атлетичарка Дарија Клишина со години е на листата на најубави спортистики во светот, а мажите ја обожувааат. Толку многу што своевремени добила понуда да стане проститутка. -Беше така, само што не се користеа зборови, туку „следења“. Поминаа шест месеци од тоа. Искрено, не очекував таква понуда, вели 29-годишната атлетичарка. За понудата вели дека воопшто не ни размислувала. -Веднаш остро одговорив: ...

Цените се движат од 200 до и до неколку илјади евра, а се пшочесто и Срби се одлучуваат да купат Албанки за брак, вели некогашен службеник за државна безбедност. -Најчесто овие девојки доаѓаат од Кукуш и други албански места, а цените се од 2000 па до 3000 евра, претходно цените беа поголеми, но сега се намалени бидејќи претпочитаат да ги мажат девојките на запад. Се почестои Македонци и Срби кои не можат да се оженат се одлучуваа да појдат до ...

Оваа жена од Зодијакот ја одликуваат одлучност, упорност и доследност во своите цели. Воедно, таа е силна, заводлива љубовница која многу очекува од партнерот, но дава двојно повеќе. Нејзините два најголеми квалитети се чувствителноста и трпението. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. Ако некој се обиде да ги тестира нејзините граници, ќе се разбуди нејзиниот огнен темперамент. Се работи за жената Бик. ...

Гумените сандали, кои ги носеа генерации и генерации во поранешна Југославија, се враќаат на голема врата во светот на модата. Сандалите, кои ги произведуваше сплитската фабрика „Југопластика“, а со кои најчесто растеа децата во поранешната СФРЈ, пак се во тренд откако една од најексклузивните модни куќи во светот „Гучи“ пушти во продажба речиси идентичен модел под свое име. Популарните гумени сандали сега со логото на ...

Продажбата на заштитни маски во аптеките во Италија е преполовена во последните сто дена, а Италијанците купуваат десет пати помалку средства за дезинфекција отколку на почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата, покажаа податоци на компанијата Иквиа, која ја следи потрошувачка во аптеките. Метеж на плажите, преполни аперитив барови, а Италијанците постепено се ослободуваат од маските што понекогаш ги чуваат во џебовите или на ...

Метрополата Лил, Туке, над седумдесет градови во Мајен воведоа задолжително носењето маска во некои делови од јавниот простор, со цел да се спречи повторување на епидемијата, јави дописникот на МИА. Наспроти разгорувањето на епидемијата во Франција, повеќе градови одлучија во соработка со префектурата задолжително носење на маска на отворено. – Префектите со указ отсега ќе можат да го прошират задолжителното носење на маски и на јавните ...

Коалицијата на политички партии во Венецула, предводена од Хуан Гуаидо најави дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, кои ќе бидат распишани од претставниците лојални на претседателот Николас Мадуро. Коалицијата составена од 27 партии изборите, што се закажани на 6 декември, ги нарече измама. – Заедно ќе се бориме за да ја избереме судбината на нашата земја. Сега мораме да го мобилизиаме мнозинството кое сака ...

Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе почне со вакцинирање на населението против короанвирусот во октомври. Руската вакцина не е на листа на СЗО, од шест вакцини кои дојдоа до третата фаза од клиничкото испитување. Понекогаш одредени истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна новина. Но меѓу ...

Обемот на трговијата на мало во Европска унија зво јуни забележа раст од 5,2 проценти во споредба со мај, а во еврозоната порастот е за 5,7 отсто, соопшти денеска Евростат. Податоците покажуваат дека обемот на малопродажба во ЕУ и во еврозоната се врати на новото од февруари, кога не беа во сила мерките за затворање на економијата поради пандемијата со Ковид-19. Додека во мај обемот на малопродажбата во еврозоната се зголеми за 20,3 проценти, ...

Со месеци се зборува за кучиња кои потенцијално би можеле да го детектираат коронавирусот, а аеродромот во Дубаи беше меѓу првите во светот што воведе кучиња кои можат да го намирисаат коронавирусот. Здравствената администрација во Дубаи ќе зема брис од избраните патници, а откако ќе се земе брисот, кучињата ќе бидат сместени во просторија за изолација, каде ќе мирисаат повеќе примероци, пишува порталот Onemileatatime. Ако помирисаат траги од ...

Министерот за здравство Филипче повторно се вратил во сала за операции. Повторно во сала на операција. Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува, извести на ФБ министерот Филипче Прочитај повеќе: Синдикатите се погласно го креваат гласот ...

Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја разбрануваше јавноста со својата објава на „Фејсбук“ која се однесува на вицепремиерката, Радмила Шекеринска, се појавија првите реакции. Неговиот колега, исто така пратеник, но и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги земаше од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше соработник. „Се моли Апасиев да иде ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, ...

Инцидент вечерва пред болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски во центарот на Скопје во кој интервенираше и полицијата и приведе и неколку лица. Од МВР информираат дека била повикана полиција поради инцидент во кој учествувале членови на семејства и роднини, предизвикале сообраќајна несреќа во која било повредено дете. Полицијата се уште е на терен, а повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот. На снимките кои ги доби Сител се ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.92
46%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
40%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.61
36%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.73
42%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.9
42%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
3.73
53%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
5.36
53%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.66
49%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.52
61%
1012
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
39%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
43%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.87
46%
1014
Currency

61.535

Currency

55.5002

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62