
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Меѓу другите, до сега се контактирани Бразил, Норвешка, Германија и некои поранешни советски републики, од кои се бара да испорачаат доволно важен руски шпион или државјанин кој би можеле да го искористат во трампа. Пример, од неодамна во германски затвор лежи Вадим Красиков, поранешен полковник во руската агенција за домашни разузнавање, кој според Си-ен-ен е на врвот на листата луѓе кои Русија ги бара назад. За сега не е познато под кои услови ...
Откако оди на боледување во 2008, Клифорд цело време ја зема истата плата од 54.000 фунти, а според здравствениот план на ИБМ тој ќе продолжи да ја зема истата плата до 65 години. Според планот за инвалидитет, лице кое не може да работи не е отпуштено но останува вработен на ИБМ и „нема никаква обврска да работи.“ Се до пензија или предвремена смрт на ова лице ќе му се исплаќаат по 75% од платата. Иако за ова Клифорд се има спогодено со ИБМ во ...
Најпосакуваниот исход за Украинците е репризирање на есенската офанзива во која речиси молневито го ослободија целиот регион околу Харков и ги одбија руските сили неочекувано далеку на исток на земјата. Разликата е што тогаш имаа противник кој ја потценуваше украинската армија, противник кој тргна во војна со сериозни заблуди околу својата добредојденост во земјата заради што не беше ни приближно добро утврден и можеби најважно имаа елемент на ...
Единствената дополнителна информација што Маск ја споделува на темава е дека новата директорка ќе почне со работа во следните 6 седмици, без да даде ни најмал хинт која би можела да биде замената. Една од шпекулациите е дека позицијата ја добива досегашната директорка за партнерства и адвертајзинг на Ен-би-си универзал, Линда Јакарино. Маск кој стана директор на Твитер минатиот октомври кога ја купи компанијата, по кратко време објави дека би се ...
Парите се на олигархот Константин Малофејев кои беа запленети минатата година откако американското министерство за правда го обвини дека ги прекршил санкциите против Русија финансирајќи Руси кои промовирале сепаратизам на Крим. Освен што му беа запленети парите до кои американските власти можеа да стигнат, против Малофејев се покренати и две обвиненија за прекршување на санкции, за кои е предвидена максимална казна од 20 години по обвинение. ...
Според договорот Германија би требала да прими повеќе професионални, обучени и полуобучени Кенијци, а за тоа Најроби бара олеснување на правилата за миграција што Берлин ги има кон африканста држава. Договорено е и да се направи рамка за подобро поврзување меѓу кениските технички колеџи и занаетчиски школи со нивни колеги од Германија, како би се поттикнала миграцијата на работници, а во исто време во Кенија да се започне со учење германски ...
Зeленски објаснува дека се уште им недостасуваат „некои работи“ вклучително оклопни возила кои стигаат во серија: „Со она што во моментов го имаме можеме да тргнеме во напад, и мислам, дека ќе бидеме успешни. Но ќе изгубиме многу луѓе. И мислам дека тоа не е прифатливо. Па треба да почекаме. Сепак ни треба уште малку време.“ Периодов и јавно и по приватни канали украинските функционери се обидуваат да ги намалат очекувањата од контраофанзивата. ...
Не само што маските се непријатни, го отежнуваат дишењето и во суштина се бесмислени, туку носеле и спротивен ефект. Прилично шокантно ново истражување откри дека повеќето луѓе денес во белите дробови имаат микропластика, која вообичаено ја има во маските за еднократна употреба. И тоа во сите делови на нивните бели дробови. Според торакалниот хирург д-р Осита Онга, присуството на микропластика во белите дробови е темпирана бомба за јавното ...
„Метаверс сега оди на гробиштата на пропаднати идеи на технолошката индустрија. Меѓутоа неговиот краток живот и срамна смрт се и оценка за технолошката индустрија која го изроди,“ пишува Ед Зитрон во анализата за Бизнис инсајдер. Од првиот ден постоење на Метаверс Закерберг го продаде проектот како „иднината на интернетот“ и така и се однесуваше кон него (финансиски и со други ресурси) се до пред некој месец. Метаверсот, на кратко, беше ...
Циришката Универзитетска болница неодамна повлече храбар потег. На 1-ви декември 2022 година ја пополни челната позиција на својата прочуена кардиологија. Менаџментот за тоа место не донесе некоја меѓународно позната хируршка ѕвезда; го донесе Омер Џемали, пишува швајцарскиот весник на германски јазик, Neue Zürcher Zeitung. Пред Џемали да ја преземе високата функција, медиумите воопшто не му беа наклонети па некои од нив го нарекоа „перач на ...
Постовите со Смирноф на кои има етикета „платено партнерство“ се на Максин Лаквин, која е ЛГБТ активист инаку неодамна присилно отстранет од парламентот на Тексас заради нарушување на гласањето за законот за транс лица. Запрашани од Фокс њуз за партнерството со Лаквин, претставник на Смирноф изјавува дека таа „моментално не е партнер на Смирноф, и дека моментално нема никакви договори со Смирноф.“ Од компанијата потврдуваат дека таа учествувала ...
Во видео обраќањето, Такер порачал дека се враќа со „нова верзија“ на своето шоу. „Твитер долго време служи како место каде се инкубира и развива националниот разговор. Твитер не е партиска страна, тука на сите им е дозволен пристап и мислам дека тоа е добра работа,“ изјави поранешниот водител на Фокс њуз. We’re back. pic.twitter.com/sG5t9gr60O — Tucker Carlson (@TuckerCarlson) May 9, 2023 53-годишниот Такер беше најпопуларниот водител на ...
Мандатот на вон дер Лејен трае до 2024, кога треба да се одржат и изборите за нов Европски парламент. Исходот од изборите треба да одлучи, барем теоретски, и кој ќе ја наследи вон дер Лејен на нејзината позиција. На година и нешто до изборите, централно-десничарската Европска народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент, реши да застане зад претседателката на ЕК, исто како и германските конзервативни партии. Тоа што за сега е ...
За Францис Фукојама добитната комбинација за Украинците е да ги ослободат Херсон и Запорожје на југ со што би дошле во позиција за вистински преговори и примирје кое има шанси да издржи подолго време. „Моментално, мислам дека мировни преговори би биле многу лоши за Украина, бидејќи тоа ќе и даде на Русија големо парче од украинската територија. И мислам дека тоа нема да биде добра ситуација,“ изјавил Фукојама. Американскиот политиколог го смета ...
На снимка од дел од предградието Квејкерс хил се гледа еден голем зелен плац сред бескрајните редови новоизградени речиси идентични куќи. Имотот е во сопственост на семејството Замит кое одбива да го продаде без разлика милиони австралиски долари што се понудени за плацот. Се работи за плац од 2 хектари (20.000 м2) на кој агентите проценуваат дека би можеле да се изградат меѓу 40 и 50 куќи, а секој блок за куќа од по 300 м2 веројатно би се ...
Изборот на деца на училишна возраст е затоа што експертите процениле дека за да се надмине „фуј факторот“ потребно е потрошувачите да се фатат додека се уште се во ларвеста фаза, кога вкусовите на консументите се уште се формираат. Во име на производителите на инсекти работи асоцијацијата Швајцарски инсекти, која изминативе четири години ги обиколува швајцарските училишта држејќи предавања за користа од јадење инсекти на кои се презентираат и ...
Ако петте земји на Брикс сакаа да ја прекинат зависноста од доларот, ќе треба да направат повеќе од само да изберат друга валута за тргување. Тоа не е обична ставка од едно мени, како што сугерираше бразилскиот претседател Лула, прашувајќи „кој донел одлука доларот да биде светска резервна валута? „Тој и неговите колеги лидери на Брикс ќе треба да го променат начинот на кој комуницираат со остатокот од светот и еден со друг“, пишува Волфганг ...
„Многу време потрошивме гледајќи во ОпенАИ. Кој ќе биде следен што ќе има ново достигнување? Што ќе биде следниот потег. Меѓутоа непријатната вистина е дека ние не сме позициониран за да победиме во оваа трка, а не е ниту ОпенАИ. Додека ние се расправаме, трет играч полека ни го јаде лебот. Секако, зборувам за опен-сорс,“ пишува Лук Серно, во документот од април годинава. Гугл периодов е изразито под притисок да покаже дека знае да направи нешто ...
Анализата на Морган Стенли покажува дека швајцарската индустрија за часовници изминатава деценија значително се фокусирала на поскапи модели, кревајќи ги цените за да надоместат за намалениот обем на продажба. Иако е намалена продажбата од претходно, моментално Епл продава повеќ часовници за еден квартал отколку што целата швајцарска индустрија продава за една година. Во анализата се објаснува дека продажбата на смарт часовници го достигнала ...
Што да се каже за бојкотот на Бад Лајт? Она што пред неколку недели беше отфрлено како конзервативен бес кој брзо ќе се смири и нема ништо да постигне, за да испадне најуспешниот потрошувачки бојкот последните години? Во нашата ера на културни војни, во која дури и брендовите за алкохол и сладолед се чувствуваат принудени да ни предаваат како да размислуваме и живееме, оваа епизода навистина кажува нешто. Ако го пропуштивте сето ова - или ако, ...
Американската политика стана опседната со надворешните влијанија по приказните дека Русија се вмешала во нивните избори во 2016-та. Теза која досега неколкукратно е раскринкана со студии (види: Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати), дури и од тинк-тенкови на Пентагон. Истовремено, таа фама беше користена како маска за шпионирање свои граѓани, како во случајот со тинк-тенкот наречен „Алијанса за ...
Малку што друго е девалвирано во нашите јазици како терминот „незапамтено злосторство“, и кога штокавските весници објавуваат нешто како „незапамтено злосторство!“, тоа обично значи дека такво злосторство не се памети од минатиот месец. Заклал цело семејство, ја убил мајка си со секира, силувал деведесетгодишна старица, со калашников ликвидирал цело село, стрпал луѓе во подрум и ги запалил живи, ја бомбардирал градската болница со авион, го ...
Земјоделци на југот од Харков свесни дека украинските екипи за деминирање ги немаат ни од блиску потребните капацитети за справување со масовното минирање на земјата, фатиле сами да го чистат теренот за орање. Така сопственик на земјоделска компанија, во пример кој не е баш најпаметно да се следи, изработил деминирачки трактор, ставајќи му на обичен трактор дополнителен оклоп собран од уништените руски тенкови и уште нешто плус опрема која би ...
„Шојгу! Герасимов! Каде е муницијата? Тие дојдоа тука како волонтери и загинаа за вие да можете да се дебелеете во вашите канцеларии од махагони,“ гневно порача Пригожин. Пригожин објаснува дека неговите сили се согласиле да останат во Бахмут до 10 мај за да и дозволат на Русија да го прослави денот на победата (9 мај). Според изјавата, на 10-ти сите позиции на Вагнер во Бахмут ќе им бидат отстапени на единици на министерството за одбрана, а ...
Се работи за една кампања за што ја објави норвешкиот огранок на Амнести интернешнл а се однесуваше на протестите во Колумбија и полициската бруталност со која истите беа задушени. Освен осудата од хејтерите, добронамерниот совет од експертите беше дека користењето на вештачка интелигенција и создавање на слики од ништо, во крајна линија ќе го поткопа кредибилитетот на организацијата, која и онака си влече проблеми со обвинувања дека содржините ...
Најголемата борба се случува меѓу компаниите во Индија, која како најбројна држава на светот секогаш можеше да обезбеди кадар за ИТ индустријата. За оваа криза, предизвикана од трката меѓу најбогатите и најголеми светски технолошки компании, помош нема ни од Индија. Блумберг пренесува сведоштва за тоа како компании ја дуплирале платата на специјалисти за вештачка интелигенција кои преминале кај нив, или како на еден инженер му било понудено БМВ ...
ЈП Морган (компанија вредна 414 милијарди долари) би можела да одговара за тужбите од жените кои биле сексуално злоупотребувани од Брајан Епстин доколку се докаже дека поранешниот извршен директор на компанијата, Џес Стејли, од прва рака знаел дека Епстин се бави со трговија на малолетнички за секс. На таа тема постојат две тужби против ЈП Морган и Дојче банк а постои и тужба од Девствените острови каде Епстин злоупотребувал девојки на својот ...
Долгогодишната Демократка (за оние кои размислуваат политички бинарно) признава дека настаните во последните три години сериозно го нарушиле нејзиниот поранешен поглед на светот и дека она што е сега најважно е „Уставот, слободата (како liberty) и слободата (како freedom)“. Taa и Стив Банон регрутирале 3.500 научни и медицински експерти за да помогнат во анализа на десетици илјади документи што Фајзер ги има доставено до Агенцијата за храна и ...
Иако повеќе од пет компании изразиле интерес за купување на Вајс, шансите да се случи тоа се сè помали, изјавил за Њујорк тајмс еден од луѓето запознаени со постапката за отворање банкрот на компанијата. Најголемиот долг на Вајс е кон Фортрес инвестмент груп, која во случај на банкрот би можела да стане нов сопственик на компанијата. Во случај на продажба, Фортрес ќе биде првата компанија чиј долг ќе биде исплатен. По пикот во средината на ...
Моделот изработен од британските научници ги обработува снимките од компјутерска томографија и идентификува дали абнормалните израстоци снимени на нив се рак. Тимот научници од Ројал Мадсен фондацијата, Институтот за истражување рак и Кралскиот колеџ во Лондон, користат КТ сканови од 500 пациенти со големи израстоци на белите дробови за да го развијат АИ алгоритамот. По ова моделот е тестиран да покаже дали може прецизно да идентификува ...