
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



„Обвиненијата против Доналд Трамп во Њујорк дадоа дополнителни докази - иако не беа ни потребни - дека анти-Трампизмот останува многу поголема закана за слободата и демократијата од самиот Трампизам“, пишува во британски Спајкд Тој Слејтер. „Се чини дека наводните обожаватели на либералните норми немаат чуено за принципот на невиност додека не се докаже спротивното.“ Да не се надуени обвинувањата на ниво на кривични дела, она за што се обвинува ...
Александар, кој е претседател на Фондацијата отворено општество што ја наследи од татко му, последен пат бил во Белата куќа на почетокот од декември кога има 2-дневна турнеја. На 1 декември има состанок а подоцна вечерта присуствувал и на вечера организирана од Претседателот на САД во чест на Емануел и Брижит Макрон. Следниот ден Сорос помладиот имал други состаноци со неколку советници на Бајден, со кои соработувал и во претходните гостувања. ...
Има нешто многу ретро околу посетата на Макрон на Кина. Таа доведе до сцени од пред сигурно многу векови кога странските полномошници патуваа до Средното кралство носејќи подароци и барајќи услуги од императорот. Тоа исто така беше и потсетување на некои поскорешни времиња во кои се уште можеше да се зборува за реформи во Кина а притоа да изгледаш сериозно. Кина на Ши сега е мрачно и репресивно место. Неговата растечка меѓународна агресивност, ...
Макрон ја повторил својата „омилена теорија“ за стратешка автономија на Европа, објаснувајќи дека континентот треба да избегне да биде вовлечен во судирот меѓу Кина и САД околу Тајван. Токму „стратешка автономија“ е она за што Макрон и Европа имаат најголема поддршка од Ши Џинпинг и Кинеската комунистичка партија. Процената на Политико е дека кинеските политички лидери се уверени во падот на Западот и дека слабеењето на врските меѓу САД и Европа ...
За Гуча: Ти знаеш што е Гуча. Луѓето опасно свират, овие нашиве Цигани. Знаат овде-онде да се раштимани ама коге ќе почнат да свират - тоа е грување. Едно време од дискографската куќа Ења Рекордс за која снимам со години, ми викаат, ти треба да свириш со нив. Му објаснувам на Екрем Сејдиќ дека продуцентот ми предложил да свириме заедно, тие да ме следат. Прашувам, би дошле ли во Минхен? Не, не чини то. А во Белград? Не, и тоа им е голем град. ...
Речиси 80 години, американскиот долар беше валута на светот. Немаше место на планетава каде би ви одбиле долари. Американската валута не беше универзална само затоа што се користеше во меѓународните трансакции и размени туку и затоа што се сметаше за долгорочно безбедно место за вредноста. Тоа беше добро за луѓето во Америка. Поради тоа што имаше многу долари во циркулација надвор од САД, позајмувањето пари внатре во САД беше вештачки евтино. ...
Браната на Ирпин е пробиена уште на вториот ден од руската инвазија, со што се поплавуваат над 13.000 хектари земјиште, некогашно мочуриште. Тука дел од руските оклопни сили заглавуваат и се обидуваат да најдат нови заобиколни рути до Киев. Ова им дава можност на Украинците да удрат по руската неподвижна механизација и во исто време да оформат две одбранбени линии околу Киев. Кога Русите веќе ги освојуваат Буча и Хостомел, сите мостови околу ...
„Ако успееме во остварување на нашите стратешки цели на военото поле и кога ќе бидеме на административната граница со Крим, тогаш сме подготвени да свртиме дипломатска страна и да разговараме за ова прашање. Тоа не значи дека го исклучуваме ослободувањето на Крим од страна на нашата армија,“ изјавил Андриј Сибига. Изјавите околу Крим во најголем дел се смирувачки за Западот кој е скептичен дека Украина има капацитет да го освои полуостровот, ...
Додека меѓу членките на алијансата има очигледни разлики околу ова прашање, кои треба да бидат испеглани до самитот во јули, Зеленски јавно кажа дека ќе се појави на самитот во Вилнус само ако таму на Украина и бидат дадени јасни чекори кон членство во НАТО. Алијансата уште во 2008 се согласи дека Украина некогаш ќе стане членка, но од тогаш нема ништо дополнето на таа тема. Во тоа време САД се залагаа за зближување на Украина кон НАТО, додека ...
Многумина од критичарите го обвинија Брег за политичка пристрасност, врз основа на неговата некогашна реторика, кога најавуваше дека има намера да тргне по Трамп уште додека се кандидираше за обвинител. Особено скокотливи се обвинувањата за неговите финансиски релации со мегадонаторот на Демократската партија, Џорџ Сорос кој со Трамп се амблеми за две различни Америки. Во мај 2021 година, прогресивниот политички комитет „Боја на промената“ го ...
Целата залиха на резервни делови и опрема што ги имал на руска територија, ЦИСКО ги уништил пред да ја напушти државата. Залихата се проценува на некои си 23 милиони долари. Како деловите така и сите возила, канцелариска опрема, мебел и демо примероци што ЦИСКО ги имал во Русија биле уништени. Руската агенција ТАСС ова го објаснува со законот за данок во Русија според кој фирмата добива даночни олеснувања (државата и враќа пари) за целата опрема ...
Се работи за Старлинк В2 мини сателити, од кои во понеделникот еден повторно влегол во земјината атмосфера и по пат се распаднал. Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард, кој ги следи сателитите на Спејсикс, забележал дека три сателити ја зголемувале својата висина обидувајќи се да стигнат до оперативната орбита, а еден започнал контролирана маневра за деорбитирање. Минатиот месец Спејсикс први забележаа дека новата пратка сателити полека ...
Во 2017 година, Меѓународниот монетарен фонд процени дека 97% од сомалиските шилинзи кои се во оптек во земјата се фалсификат. Сомалија престана да печати пари во 91-ва, после колапсот на тогашната влада по што земјата влезе во крвава граѓанска војна. Повеќето банкноти кои биле во оптек во меѓувреме исчезнале или пак толку се офуцале што се непрепознатливи. Плаќањата се префрлиле во долари и фалсификувани сомалиски шилинзи, често печатени и ...
Еден од најцитираните научници во светот, шпанскиот хемичар Рафаел Луке, е суспендиран без плата во следните 13 години, потврди и самиот Луке и институцијата каде што до неодамна работеше, Универзитетот во Кордоба во Шпанија. Универзитетот го санкционирал Луке затоа што работел како истражувач и во други центри, како што се Универзитетот на Кралот Сауд во Ријад и Универзитетот за пријателство на народите во Москва, иако имал договор со полно ...
Во март 2022, по руската инвазија на Украина полската влада вети дека ќе го прекине целиот увоз на енергенси од Русија до крајот на годината. Следниот месец премиерот вети дека во истата рамка ќе биде прекинат и увозот на течен гас. Една година подоцна, состојбата е целосно прекинат увоз на јаглен, драстично намалување на увозот на нафта, додека купувањето на течен гас „не само што не е намалено по руската инвазија, туку е зголемено и непречено ...
Популацијата на скуша се намалува поради прекумерниот риболов и таа риба повеќе не е одржлив избор на храна, соопшти британското друштвото за зачувување на морето во својот нов водич за одржлива морска храна во Велика Британија. Скушата од североисточниот дел на Атлантикот долго време се препорачуваше како еколошки избор за потрошувачите но сега се инсистира на поголема регулација на тоа колку и како се лови. Друштвото годинава креирало ...
Предложената сума би била исплатена во период од 25 години и доколку таа биде прифатена од судот, Џонсон и Џонсон со нејзе ќе ги покрие сите сегашни и идни тужби за производи кои содржат талк, како пудрата за бебиња. Предлогот е поддржан и од групата адвокати кои претставуваат речиси 70.000 тужители, вклучително и семејства на лица кои починале од рак. Тој сега треба да биде директно поддржан и од доволен број на тужители. Тврдењето на ...
Од 10 земји членки, 5 веќе имаат ваков меѓусебен договор од ноември 2022, со кој се овозможува проширување на прекуграничниот систем за дигитално плаќање. Во исто време Индонезија, со некои си 270 милиони жители, објави дека работи на сопствен домашен систем за плаќање. Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, ја поттикна тамошната администрација да почне да користи кредитни картички објавени од локалните банки и постепено да престане да ги ...
1994 е битна година за бендот. Англија им е под нозе нодопрва треба да се освои Америка. Доаѓаат на турнеја, дебело навлечени на алкохол и дроги, особено од ним омилениот кокаин. Уште тогаш браќата Лијам и Ноел се рогови во вреќа и тој нивен однос ќе стане легедарна противтежа на поговорката „брат брата не рани, тешко оној кој го нема.“ Збудалени од белото, во Лос Анџелес се тепаат со вратари на дискотеки, биваат исфрлани од радио станици заради ...
Џенис Атвин, пратеничка во канадскиот парламент: Се прашувам дали лидерот на опозицијата ќе го повлече она што го кажа и ќе се извини затоа што државната комисија за радиодифузија ја нарече „мала група привилегирани инсајдери блиски до премиерот“. И би го прашала да го дефинира поимот „WOKE“, би сакала да видам што има тој а каже за „разбуденоста“. Пјер Полиевр: Всушност, би сакал да го повлечам зборот, не е тоа мала туку голема група ...
Иако проблемот не е нов, скорешно истражување покажа дека дебелината во војската на САД имала врв за време на пандемијата. Само во армијата, речиси 10.000 активни војници развиле гојазност меѓу февруари 2019 и јуни 2021 година, што е стапка од речиси една четвртина од испитуваните војници. Слични стапки на дебелаана има и американската морнарица и маринците. „Армијата и другите служби треба да се фокусираат на тоа како да ги вратат силите во ...
Науката долго време сугерираше дека децата кои живеат во градовите растат побрзо и поздраво од децата од руралните средини, но тој тренд се има превртено во последните три децении, вели студија објавена во Нејчр. Таа покажува дека просечната висина на урбаните деца и адолесценти на возраст од 5 до 19 години сега е малку помала од онаа на нивните врсници во руралните области во повеќето земји - особено во богатите земји како што се САД, Велика ...
Генерално, позитивно е кога партиите и функционерите од целиот политички спектар наоѓаат заедничка основа и работат заедно за решавање на колективните проблеми. Во случајот со Тикток, се погласното барање за забрана на апликацијата и спречување или драматично ограничување на пристапот до неа за американските граѓани е длабока грешка - не затоа што Тикток е многу важен на еден или друг начин, туку затоа што неговата забрана е во спротивност со ...
Вакцинирањето на нискоризичните групи како тинејџери и адолесценти треба да се размисли во зависност од контекстот, па СЗО и понатаму ја препорачува вакцината кај овие групи за лицата што имаат нарушен имунитет или некаква здравствена состојба. По овие правила, за здравите лица до 60 годишна возраст, кои се сметаат за среден приоритет, и понатаму се препорачува целосно вакцинирање и еден бустер, но не и дополнителни. Иако дополнителните бустери ...
Информацијата беше откриена неодамна кога Кока-кола требаше да го обнови својот таинствен договор со американската влада, кој предвидува чистиот кокаин да му се продава на еден од најголемите производители на опијати во светот. Преработката на листовите кока, кои го даваат вкусот на најпопуларниот пијалак на светот, во САД се увезуваат од Степан компани кој има ексклузивна лиценца за увезување кока листови во Америка. По нивната преработка ...
„Зеленски повеќе пати јавно кажа дека украинската цел е да се избрка секој еден Русин од окупираните делови на Украина. И тоа е значителен подвиг. Многу, многу тешка воена задача. Имаш уште неколку стотици илјади Руси кои се во окупираните делови од Украина. Не велам дека ова е невозможно да се направи. Само велам дека ова е многу тешка задача. Но тоа е нивната крајна цел. Тие секако имаат право да го направат тоа, тоа е нивна земја. И тие ја ...
„Голем број енергетски компании добија огромен неочекуван профит заради војната. Ние проценивме дека вредноста на тоа е над 200 милијарди долари. Тие ги земаат овие пари затоа што ние се бориме, заради војната. Мислам дека е фер овие пари да се поделат со Украина. За да се помогне обновувањето на енергетскиот сектор,“ изјавил Галушченко. Сумата од 200 милијарди долари е често споменувана како вкупниот профит на петте најголеми компании (БП, ...
По купувањето на Твитер, Маск целосно го измени системот за делење беџови за верификација на социјална мрежа, па по новиот ценовник организации треба да платат 1.000 долари месечно за да добијат златен беџ, а почетната цена за приватни лица е 7 долари (во САД). Од Тајмс порачале дека исто така нема да им ги надоместат парите ни на нивните новинари кои платиле за синиот беџ, освен во ситуации кога тоа е неопходно за работа. На слична политика за ...
Службата за државјанство и имиграција на САД го одбележа денот на видливоста на трансродовите лица со најава дека ќе почне да прифаќа „самоидентификувани родови маркери“ од странски лица кои бараат легални имиграциони услуги и бенефиции, без да им се бараат пропратни документи за тоа прашање. Во моментов постојат само две опции, машко или женско, едноставно затоа што такви се постоечките обрасци. Службата за државјанство тврди дека барањето за ...
Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје. „После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа“. „Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали,“ изјави пратеничката на германската Левица. ************ Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го ...