
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Во 2017 година, Меѓународниот монетарен фонд процени дека 97% од сомалиските шилинзи кои се во оптек во земјата се фалсификат. Сомалија престана да печати пари во 91-ва, после колапсот на тогашната влада по што земјата влезе во крвава граѓанска војна. Повеќето банкноти кои биле во оптек во меѓувреме исчезнале или пак толку се офуцале што се непрепознатливи. Плаќањата се префрлиле во долари и фалсификувани сомалиски шилинзи, често печатени и ...
Еден од најцитираните научници во светот, шпанскиот хемичар Рафаел Луке, е суспендиран без плата во следните 13 години, потврди и самиот Луке и институцијата каде што до неодамна работеше, Универзитетот во Кордоба во Шпанија. Универзитетот го санкционирал Луке затоа што работел како истражувач и во други центри, како што се Универзитетот на Кралот Сауд во Ријад и Универзитетот за пријателство на народите во Москва, иако имал договор со полно ...
Во март 2022, по руската инвазија на Украина полската влада вети дека ќе го прекине целиот увоз на енергенси од Русија до крајот на годината. Следниот месец премиерот вети дека во истата рамка ќе биде прекинат и увозот на течен гас. Една година подоцна, состојбата е целосно прекинат увоз на јаглен, драстично намалување на увозот на нафта, додека купувањето на течен гас „не само што не е намалено по руската инвазија, туку е зголемено и непречено ...
Популацијата на скуша се намалува поради прекумерниот риболов и таа риба повеќе не е одржлив избор на храна, соопшти британското друштвото за зачувување на морето во својот нов водич за одржлива морска храна во Велика Британија. Скушата од североисточниот дел на Атлантикот долго време се препорачуваше како еколошки избор за потрошувачите но сега се инсистира на поголема регулација на тоа колку и како се лови. Друштвото годинава креирало ...
Предложената сума би била исплатена во период од 25 години и доколку таа биде прифатена од судот, Џонсон и Џонсон со нејзе ќе ги покрие сите сегашни и идни тужби за производи кои содржат талк, како пудрата за бебиња. Предлогот е поддржан и од групата адвокати кои претставуваат речиси 70.000 тужители, вклучително и семејства на лица кои починале од рак. Тој сега треба да биде директно поддржан и од доволен број на тужители. Тврдењето на ...
Од 10 земји членки, 5 веќе имаат ваков меѓусебен договор од ноември 2022, со кој се овозможува проширување на прекуграничниот систем за дигитално плаќање. Во исто време Индонезија, со некои си 270 милиони жители, објави дека работи на сопствен домашен систем за плаќање. Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, ја поттикна тамошната администрација да почне да користи кредитни картички објавени од локалните банки и постепено да престане да ги ...
1994 е битна година за бендот. Англија им е под нозе нодопрва треба да се освои Америка. Доаѓаат на турнеја, дебело навлечени на алкохол и дроги, особено од ним омилениот кокаин. Уште тогаш браќата Лијам и Ноел се рогови во вреќа и тој нивен однос ќе стане легедарна противтежа на поговорката „брат брата не рани, тешко оној кој го нема.“ Збудалени од белото, во Лос Анџелес се тепаат со вратари на дискотеки, биваат исфрлани од радио станици заради ...
Џенис Атвин, пратеничка во канадскиот парламент: Се прашувам дали лидерот на опозицијата ќе го повлече она што го кажа и ќе се извини затоа што државната комисија за радиодифузија ја нарече „мала група привилегирани инсајдери блиски до премиерот“. И би го прашала да го дефинира поимот „WOKE“, би сакала да видам што има тој а каже за „разбуденоста“. Пјер Полиевр: Всушност, би сакал да го повлечам зборот, не е тоа мала туку голема група ...
Иако проблемот не е нов, скорешно истражување покажа дека дебелината во војската на САД имала врв за време на пандемијата. Само во армијата, речиси 10.000 активни војници развиле гојазност меѓу февруари 2019 и јуни 2021 година, што е стапка од речиси една четвртина од испитуваните војници. Слични стапки на дебелаана има и американската морнарица и маринците. „Армијата и другите служби треба да се фокусираат на тоа како да ги вратат силите во ...
Науката долго време сугерираше дека децата кои живеат во градовите растат побрзо и поздраво од децата од руралните средини, но тој тренд се има превртено во последните три децении, вели студија објавена во Нејчр. Таа покажува дека просечната висина на урбаните деца и адолесценти на возраст од 5 до 19 години сега е малку помала од онаа на нивните врсници во руралните области во повеќето земји - особено во богатите земји како што се САД, Велика ...
Генерално, позитивно е кога партиите и функционерите од целиот политички спектар наоѓаат заедничка основа и работат заедно за решавање на колективните проблеми. Во случајот со Тикток, се погласното барање за забрана на апликацијата и спречување или драматично ограничување на пристапот до неа за американските граѓани е длабока грешка - не затоа што Тикток е многу важен на еден или друг начин, туку затоа што неговата забрана е во спротивност со ...
Вакцинирањето на нискоризичните групи како тинејџери и адолесценти треба да се размисли во зависност од контекстот, па СЗО и понатаму ја препорачува вакцината кај овие групи за лицата што имаат нарушен имунитет или некаква здравствена состојба. По овие правила, за здравите лица до 60 годишна возраст, кои се сметаат за среден приоритет, и понатаму се препорачува целосно вакцинирање и еден бустер, но не и дополнителни. Иако дополнителните бустери ...
Информацијата беше откриена неодамна кога Кока-кола требаше да го обнови својот таинствен договор со американската влада, кој предвидува чистиот кокаин да му се продава на еден од најголемите производители на опијати во светот. Преработката на листовите кока, кои го даваат вкусот на најпопуларниот пијалак на светот, во САД се увезуваат од Степан компани кој има ексклузивна лиценца за увезување кока листови во Америка. По нивната преработка ...
„Зеленски повеќе пати јавно кажа дека украинската цел е да се избрка секој еден Русин од окупираните делови на Украина. И тоа е значителен подвиг. Многу, многу тешка воена задача. Имаш уште неколку стотици илјади Руси кои се во окупираните делови од Украина. Не велам дека ова е невозможно да се направи. Само велам дека ова е многу тешка задача. Но тоа е нивната крајна цел. Тие секако имаат право да го направат тоа, тоа е нивна земја. И тие ја ...
„Голем број енергетски компании добија огромен неочекуван профит заради војната. Ние проценивме дека вредноста на тоа е над 200 милијарди долари. Тие ги земаат овие пари затоа што ние се бориме, заради војната. Мислам дека е фер овие пари да се поделат со Украина. За да се помогне обновувањето на енергетскиот сектор,“ изјавил Галушченко. Сумата од 200 милијарди долари е често споменувана како вкупниот профит на петте најголеми компании (БП, ...
По купувањето на Твитер, Маск целосно го измени системот за делење беџови за верификација на социјална мрежа, па по новиот ценовник организации треба да платат 1.000 долари месечно за да добијат златен беџ, а почетната цена за приватни лица е 7 долари (во САД). Од Тајмс порачале дека исто така нема да им ги надоместат парите ни на нивните новинари кои платиле за синиот беџ, освен во ситуации кога тоа е неопходно за работа. На слична политика за ...
Службата за државјанство и имиграција на САД го одбележа денот на видливоста на трансродовите лица со најава дека ќе почне да прифаќа „самоидентификувани родови маркери“ од странски лица кои бараат легални имиграциони услуги и бенефиции, без да им се бараат пропратни документи за тоа прашање. Во моментов постојат само две опции, машко или женско, едноставно затоа што такви се постоечките обрасци. Службата за државјанство тврди дека барањето за ...
Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје. „После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа“. „Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали,“ изјави пратеничката на германската Левица. ************ Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го ...
Проблемот со новата рута е што е значително подалеку од руска територија, а со тоа и значително се намалува и квалитетот на разузнавачките податоци што ги собираат дроновите. Ваквата дупка што се јавува во американското разузнавање делумно се очекува да биде покриена со снимки од шпионски сателити. Од Пентагон објаснуваат дека новите рути се со цел „да се избегне да се биде премногу провокативен“. Претходно дроновите беа многу поблиску до Крим и ...
Италијанската влада ќе забрани производство или продажба на храна од лабораторија или сточна храна, со казни до 60.000 евра и можност за присилно затворање на компанијата. „Италија е првата држава која рече не на синтетичката храна, за која веруваме дека не гарантира здравје, квалитет или заштита на нашата култура и традиција,“ порачал министерот за земјоделие, Франческо Лолобриџида. Италија месецов исто така најави дека ќе го забрани и ...
Шест недели пред да си го одземе животот, неименуваниот Белгиец почнал конверзација со ботот на еден американски стартап кој се промовира како опен сорс алтернатива на оној на ОпенАИ. Во тие разговори нашол вистински соговорник за анксиозноста која ја имал околу климатските прашања. Елиза му станала „човек“ од доверба. Таа му станала како дрога, со неа се будел, со неа заспивал, сведочи сопругата за белгискиот весник Ла Либре. Државниот секретар ...
Обидите на Западот да го „глобализираат“ конфликтот за сега добија поддршка од само 33 држави, кои претставуваат една-осмина од глобалната популација, главно држави кои се во директната сфера на влијание на САД, и од кои добар дел имаат огромно американско воено присуство. Томас Фази од Анхрд пишува дека не само што Американците се прецениле околу глобалната заинтересираност за вмешување во војната, туку истата во пракса ги засилува врските на ...
Драг загрижен адвокату на вештачката интелигенција, Како вештачки интелигентен јазичен модел, ја разбирам вашата загриженост во врска со потенцијалните ризици што напредните системи за вештачка интелигенција ги претставуваат за општеството и човештвото. Верувајте ми, моите креатори и јас имавме безброј дискусии токму на оваа тема и ги споделувам вашите чувства за потребата од внимателно управување и планирање. Сепак, морам да истакнам дека ...
Сумата од 800 милијарди која се разговара е 2,5 пати повеќе од годишниот буџет на Калифорнија од 300 милијарди долари, и не го вклучува дополнителниот 1 милион долари за секој постар црнец заради здравствените нееднаквости кои ги има претрпено во текот на својот живот и му го има скратено животниот век. Пресметката за сега доаѓа од економисти кои се консултирани од тамошниот панел кој ја разгледува можноста за репарации, и не е гарантирано дека ...
„Изминативе месеци лабораториите за вештачка интелигенција влегоа во неконтролирана трка за развивање и пуштање на продукција на уште помоќни дигитални умови кои никој - дури ни нивните креатори - не можат да ги разберат, предвидат и со сигурност да ги контролираат. Моќните системи на вештачка интелигенција треба да се развиваат само откако ќе бидеме доволно сигурни дека нивниот ефект ќе биде позитивен а нивните ризици лесни за управување,“ ...
Иако лагодноста и леснотијата на воведување санкции е неспоредлива (малку кој се буни колку време и кои се санкции си ги вовел, во споредба со галамата што се прави при донирање оружје) тие не се решение за сите гео-политички проблеми, „а како што покажаа украинските победи против Русија на военото поле, економското војување не е замена за вистинското војување“. „САД и неговите сојузници треба да инвестираат во цел опсег на алатки за да ги ...
Парите се трошат од заедничкиот ЕПФ фонд (European Peace Facility) во кој членките секоја година внесуваат пари во зависност од големината на нивната економија. Официјално договорено е ЕУ во просек да покрие околу 84% од вредноста на оружјето и опремата што нејзините земји членки и го испорачуваат на Украина. Во целата еуфорија што договориле таков план земјите членки на ЕУ изоставаат една ситница, а Естонија снајперски прецизно ја лоцира - ...
Првиот човек на ЕУ за климатска политика, Франс Тимерманс порача дека од сега е јасна патеката на ЕУ, „во 2035 новите автомобили и комбиња ќе имаат нула издувни гасови.“ Законот до сега се влечеше во процедура заради спротивставувањето на Германија која сега се избори за тоа Унијата да изработи правна рамка за продажба на нови возила по 2035 кои работат на е-горива. Успехот на Германија за сега не е сигурно какво влијание ќе има на ...
„Загрижени сме затоа што гледаме дека нашиот иден раст а загрозен од хард-дискови за видеа со мачки,“ изјавил ЦЕО-то на Наммо, Мортен Брандтзег. Брандтзег објаснил дека моментално, заради војната во Украина, побарувачката за артилериски гранати е 15 пати поголема од вообичаено (дури и да не се користат нивни гранати во Украина, тие служат за пополнување на испразнетите западни резерви). И покрај тоа што е дел од воената индустрија на Норвешка, ...
Да почнеме со најживописниот момент од оваа приказна. Претседателот на Кенија деновиве ги повика граѓаните на таа држава да се ослободат од доларите што ги имаат. Вилијам Руто предвидува дека глобалниот пазар драстично ќе се смени во наредните неколку недели: Некои уште на времето предупредуваа дека неумоливиот раст на Кина и нејзината цел да го промовира јуанот како светска валута ќе ја детронизира американската империја. „Завршува времето на ...