
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Убиството се случува во северниот град Нуева Консепсион, на некои си 67 километри од престолнината, а составот на безбедносните сили испратени да го опколат градот е 5.000 војници и 500 полицајци. Владините сили во градот нема да го гонат само убиецот туку и „целата структура на бандата и соработниците“ за кои се уште се знае дека таму се кријат. Во октомври, во слична операција владата испрати 2.000 полицајци и војници да опколат друг град на ...
Подолу е една интересен приказ на 16 генијалци (Кант, Моцарт, Дарвин, Бетовен...) и нивните дневни рутини односно како изгледал нивниот вообичаен 24 часовен ден во поглед на тоа колку време издвојувале за работа, за спиење, за занимации.... Можат да се извлечат неколку интересни паралели но она што е заедничко за сите нив е што - спиеле ко луѓе. Препораките на Американскиот национален институт за здравје е да се спие меѓу 7 и 9 аса. Сите ...
Неколкумина научници Сингапурќани и нивни колеги од Хонг Конг користеле податоци од магнетна резонанца кои ги пуштиле во ВИ модел за трансформација на „текст во слика“ за на крајот да создадат модел „MinD-Video“ за генерирање видео содржини со висок квалитет од читања на мозокот. Нивната веб демонстрација на експериментот покажува паралела помеѓу видеата што им биле прикажани на субјектите и видеата генерирани од вештачката интелигенција ...
Редовното дијагностичко тестирање и самоизолацијата ќе беа поефикасни од затворањето на училиштата и деловните субјекти кога станува збор за борба против заразни болести како што е ковидот, порачува студија од Универзитетот во Вајоминг, објавена во Сајентифик Репортс. Тие развиле епидемиолошки и економски модел за споредување на ефикасноста на задолжителното физичко дистанцирање од политиките за редовно тестирање и самоизолација при што утврдиле ...
Ескпертите бараат итна истрага за причините, при што бројките покажуваат дека минатата година во Англија и Велс имало повеќе вишок или неочекувани загуби отколку во 2021 година. Меѓу април 2022 и април 2023 имало 67.724 дополнителни смртни случаи, што е 12,8% над петгодишниот просек пред пандемијата. Од нив, четвртина му се припишуваат на ковид, а три четвртини од други причини. Овој вишок е поголем и од бројот на прекумерни смртни случаи за ...
Во врска со атентатите што се случија на руска територија, Буданов изјавува: „Ние веќе успешно таргетиравме повеќе луѓе. Имаше и доста публикувани случаи за кои сите знаат благодарејќи на медиумите,“ одговорил Буданов на прашањето дали украинските безбедносни структури убиле руски пропагандист. Меѓу про-воените руски јавни личности кои беа убиени од почетокот на војната се 40-годишниот воен блогер и верен следбеник на Евгениј Пригожин, Владен ...
Мнозинството Американци веруваат дека соработката на Трамп со Русија е лажна приказна и дека лажни се и обвинувањата од фамозното (подоцна раскринкано) Досие Стил. Американците исто така веруваат дека материјалите од лаптопот на Хантер Бајден се веродостојни а не се плод на „руски дезинформации.“ Со други зборови, Американците сметаат дека биле измамени со приказните за девалвирање на содржината на лаптопот, кои пред изборите во 2020. ги ширеа ...
Претставници на Пентагон и Стејт департментот на членови на Конгресот им изјавија дека откриле сметководствена грешка по чие коригирање тие ќе имаат дополнителни пари за помагање на Украина. Од Пентагон признаваат дека грешката ја откриле пред некои си два месеца. Новооткриените 3 милијарди место пофалби и ловорики како што веројатно очекуваа од Пентагон, предизвикаа гнев кај конгресмените кои се извадени од памет што на Пентагон тек така може ...
Локациски единствена позитивна страна на зградата, која го доби името Корниш само за да асоцира на француската ривиера, е што се наоѓа на самиот брег на Хонгконг со поглед на Јужнокинеското море. Затоа слабата страна вклучува тоа што се наоѓа меѓу фабрика за преработка на отпадни води и авто-школа, а во близина на трговски центар (преадаптиран од индустриска зграда) во кој се продава облека и мебел на попуст. Според тамошна агенција за ...
Американските федерални власти им дале ковид помош од 23 милијарди долари на топ 20 непрофитни болници во САД. Тоа ги направило нивните приходи рекордни бидејќи и основните приходи во тоа време им пораснале за 62%. 20-те најголеми непрофитни болници во 2021 година создале кумулативен профит од 324 милијарди долари; за споредба, во 2018-та укнижиле 200 милијарди. Само две од 20-те институции ја отплатиле добиената помош. Во меѓувреме, генералното ...
Бил Гејтс ја игнорирал поканата да стане дел од фондот па Епстин му пратил меил во кој му дал знаење дека знае за неговата афера со Мила Антонова, која се случила во 2010-та година. Гејст, кој има кажано дека бриџот е еден од неговите најомилени хобија, ја запознал Антонова на бриџ турнир кога тој имал 55, а таа била во своите 20-ти години. Епстин неа ја запознава во 2013 година, кога се обидувала да собере финансии за лансирање на онлајн ...
Пример, РУСИ (Royal United Services Institute) забележува дека руската пешадиска тактика повеќе не се труди да распореди униформни баталјонски тактички групи туку сега повеќе работи на слоевита поделба по функција на линија, напад, специјализирани и потрошни трупи. „Тие се формирани во групи фокусирани на исполнување задачи. Линиската пешадија се користи за зачувување на освоеното и за одбранбени операции. Потрошните сили служат за постојани ...
Првиот човек на Шведските демократи, Џими Акесон, инсистира земјата да се посвети на правење на неопходните подготовки за Швегзит, за во случај да се најде во таква ситуација владата да биде во што е можно подобра позиција за преговори со Брисел. Тој и неговиот сопартиец, инаку евро пратеник, Чарли Вајмерс, во текст за Свенска Дагбладет предлагаат три мерки што мора да бидат преземени од шведската влада: - Уставни промени кои ќе воведат ...
Документот на научниците и лекарите од Пентагон форензички го демонтира случајот со природнот потекло опишан во студијата која Фаучи ја користи, притоа заклучува дека сценариото за природното потекло за САРС-КоВ-2 не се заснова на научна анализа, туку на непотрекепени претпоставки. Постоењето на овој интерен документ на Пентагон е од клучно значење, бидејќи докажува дека владините служби, уште во раните месеци на пандемијата биле свесни дека ...
Американската разузнавачка агенција, на својот Јутјуб канал и на Телеграм кој е популарен во Русија, објави видео во кое ги охрабрува Русите да ја предадат својата земја, односно да ги контактираат и да им даваат информации за состојбата. Краткото видео на ЦИА на руски јазик е придружено со текст во кој се вели дека агенцијата сака да стапи во контакт со воени офицери, специјалисти за разузнавање, дипломати, научници и луѓе со информации за ...
„Сега, кога сите зборуваат за технолошки суверенитет и за иднина која зависи од технологија за која треба значителен научен напредок, проблемот е што на руската држава и недостасуваат тие што можат да го направат ова,“ порачал Пармон, кој е и претседател на сибирската филијала на РАН која деновиве стана актуелна откако се откри дека Русија уапсила тројца нејзини научници. Пармон побарал „речиси трократно“ зголемување на државните финансии за ...
Најнапред во терање на зелената агенда во Европа е Холандија која без разлика на масовните протести и блокирање на земјата го донесе драконскиот закон кој предвидува систематско затворање на земјоделските фарми низ земјата како би се исполниле таргетите за загадување. За да ја оствари својата агенда холандската влада ќе откупи илјадници фарми кои се наоѓаат во близина на природни резервати, без опција да биде одбиена, и истите ќе бидат ...
Прв и најважен на листата е Кохинур дијамантот, 21-грамскиот дијамант од 105 карати кој е најголемиот скапоцен камен на круната на кралица Елизабета кралицата мајка. Листата е составена од илјадници најразлични артефакти и богатства кои британската држава ги однела од Индија за време на поробувањето на индискиот потконтинент. Во операцијата, која индиската страна ја опишува како британско „помирување со минатото“, освен бројни индиски дипломати ...
Се работи за Валериј Звегинцев, Анатолиј Маслов и Александер Шипљук, сите тројца научници вработени во сибирската филијала на Институтот за теоретска и применета механика на руската Академија на науки во Новосибирск. Што е точно предавството на тројцата не е официјално соопштено, а апсењето го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков кој само изјави дека против нив има „многу сериозни обвиненија“. Казната за делото за кое се товарат е до 20 ...
Тајмингот е битен во оваа приказна. Најмоќната воена алијанса на светот стана феминистички сојузник во шпицот на движењето #MeToo. „Ставање крај на родовото насилство е витално прашање исто како и мирот, безбедноста и социјалната правда“, ќе напишат Анџелина и Јенс па ќе додадат „НАТО може да биде лидер во овие напори.“ Тоа беше новото лице на НАТО со кое алијансата почна да се претставува како просветителска и „прогресивна“ алијанса, или, како ...
Кога Џо Бајден дојде на претседателската функција во 2021 година, стариот со мерак зборуваше за „битката меѓу демократиите и автократиите“ во која САД и другите демократии се стремат да создадат мирен свет. Реалноста, сепак, е дека администрацијата на Бајден помага да се зголемува воената моќ на голем број авторитарни земји. Според неодамна објавените владини податоци, САД лани продавале оружје во најмалку 57 отсто од автократските држави во ...
Процената на консултантите од Бенчмарк минералс што ја пренесува Њујорк тајмс е дека до 2030 Кина ќе произведува два пати повеќе батерии од сите други земји заедно. Од ретки руди Кина контролира 41% од светските резерви на кобалт и 28% од светските резерви на литиум. Само заради батеријата, електричните возила користат околу 6 пати повеќе ретки минерали отколку обичните возила. Не само што има сопствени залихи, туку Кина активно работи на ...
Истражувачите од германскиот универзитет Мартин Лутер открија нов метод за зголемување на ефикасноста на соларните ќелии. Зголемување со фактор 1.000. Тимот научници го постигнале овој напредок со кристални слоеви од бариум титанат, стронциум титанат и калциум титанат, наизменично биле поставени еден врз друг во решеткаста структура. Нивните наоди, кои би можеле да придвижат револуција во индустријата за соларна енергија, неодамна биле објавени ...
Белата куќа и експерти се сложни дека финансирањето треба да продолжи без прекин, посебно во време кога Киев се подготвува за започнување на масовна контраофанзива. Ветувањето на Белата куќа е дека новиот пакет за помош ќе биде темпиран да не застане помошта за Украина. Разликата од декември е што сега се очекува дека во Конгресот ќе доминира остра дебата за плафонот на задолжување на САД, надополнето со речиси гарантираното противење од „мала ...
(клик за поголема верзија) Тој изјавува дека новиот сектор околу себе гради култрен, финансиски и политички систем на поддршка преку кој се стекнува со огромни моќи, објаснувајќи дека „овој спој на неизмерниот воен естаблишмент и индустријата за тешко оружје е сосема нов за американското искуство“: „Во власта ние мораме да пазиме на стекнување на неоправдано влијание, без разлика дали било намерно или не, од страна на воено-индустрискиот ...
Истрагата на ФБИ за наводниот дослух меѓу Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година немаше „вистински докази“ и беше оптоварена со сериозни мани, заклучува независниот американски советник Џон Дурам. Неговиот извештај од преку 300 страници го означува крајот на четиригодишната истрага започната во мај 2019 година кога тогашниот јавен обвинител Вилијам Бар го назначи него, како ветеран обвинител, да ги испита потенцијалните ...
Системот кој моментално функционира во Кина се базира на тоа дека целото земјиште е државно, а градовите на долг рок им го изнајмуваат земјиштето на инвеститори и од тие пари ги покриваат трошоците што ги имаат, здравство, градинки, училишта итд. Дури во април 2023 заврши деценискиот проект на кој работеа 100.000 луѓе во кој кинеската влада конечно ги дозна сопствениците на сите 790 милиони станови и останат имот во земјата. Ова ќе значи дека ...
Откако тазе порција пилешки прсти/нагетс се превртела во скутот на девојче кое заработило изгореници од втор степен, нејзината мајка поднела тужба против синџирот за брза храна а поротата во Јужна Флорида го прогласи Мекдоналдс за виновен за сервирање на прежешко пилешко. Земале „за носење“, мајката им префрлила „хепи милс“ на синот и ќерката на задните седишта, едната порција се превртела на нозете на 4 годишното девојче (патем аутист), некои ...
Притворањето и прогонот на Џулијан Асанж ги демаскира сите фолирања за владеење на правото и правата на слободниот печат. Незаконитостите, прифатени од еквадорската, британската, шведската и американската влада се застрашувачки. Тие предвидуваат свет во кој злоупотребите, корупцијата, лагите и злосторствата, особено воените злосторства, извршени од корпоративните држави и глобалната владејачка елита, ќе бидат скриени од јавноста. Тие ...
Операцијата и извлекувањето на пациентката се планирани неколку месеци, а на помош е повикана и специјална амбулантна кола од Белгија наменета за пренесување на вонредно дебели пациенти. Целото симнување на жената трае околу еден час, а за преместувањето морало да бидат срушени неколку ѕидови во станот и дел од таваните., за таа преку дупка во патосот да биде симната од прв спрат на приземје. Додека траело ова биле блокирани и дел од околните ...