Добивај вести на Viber Цената на нафтата денеска нагло падна за околу 10 проценти, откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за сообраќај, што ги поттикна очекувањата за нормализирање на глобалното снабдување со енергија. Референтната светска цена на суровата нафта од типот Брент падна на помалку од 90 долари за барел, поради оптимизмот дека редовните испораки би можеле да се обноват по неколкунеделни прекини, објавува ...

Намалени се цените на нафтата за 13% денес. Американските акции пак пораснаа откако Иран информираше дека е отворен теснецот. Американскиот индекс S&P порасна за 1,4 проценти, а Волстрит забележа добивки трета недела по ред, индустрискиот просек Дау Џонс доби 2,2 проценти утрово, а Насдак беше повисок за 1,6 проценти. Американските акции пораснаа за повеќе од 12 проценти откако го достигнаа дното кон крајот на март, со надеж дека ...

Цените на алуминиумот паднаа во Лондон откако Иран соопшти дека Ормускиот Теснец е отворен за транзит на товар, потег што ќе овозможи металот да се извезува од клучните производители Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Тримесечните фјучерси за алуминиум на Лондонската берза за метали паднаа за дури 5,7 проценти по веста, последно тргувајќи на 3.540 долари за тон до 14:44 часот по лондонско време. Цените на лесниот метал ...

Цените на нафтата и гасот денеска нагло паднаа, откако Иран соопшти дека Ормускиот Теснец е отворен за комерцијален бродски сообраќај, што потенцијално го отвора патот за танкери, што носат милиони барели нафта и гас, да стигнат до глобалниот пазар, објави „Гардијан“. Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека бродовите ќе можат слободно да минуваат низ Ормускиот Теснец за времетраењето на 10-дневното примирје меѓу Израел и Либан, ...

Глобалните цени на нафтата пораснаа утринава за време на тргувањето во Азија, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Американски Држави пресретнале и заплениле товарен брод што пловел под иранско знаме. Ова следуваше откако Иран во саботата соопшти дека повторно го затвора пловниот пат низ Ормутскиот теснец за комерцијални бродови, со предупредување дека секој брод што ќе му се приближи ќе биде цел на напад. ...