
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Иако концептот постои уште од 19-от век, прилагоден на интернет ерата го има од 2012 година кога го започнаа двајца швајцарски претприемачи кои за глобално проширување на идејата мораа да почекаат неколку години. Станува збор за еден софистициран облик на стокова размена: наместо некому да му плаќаш пари за завршената услуга, му даваш временски кредити со кои тој може да добие сервис без плаќање од некој друг. Се вика Time Republic, гласи за ...
За овие пари забрзувањето и моќноста на моторите на Мерцедесите ќе биде зголемена за 20 до 24 проценти. Кај EQE, за кој претплатата е 60 долари, моќноста на моторот се зголемува од околу 290 коњски сили на речиси 350 коњи, со што развивањето од 0 до 100 паѓа од 6 на 5,1 секунди. Кај поскапата претплата, за EQS, можноста расте од 355 на 442 коњски сили, додека забрзувањето од 0 до 100 паѓа од 5,3 на 4,5 секунди. Наместо секој месец да се ...
Рајан Веб, инаку оженет маж и татко на пет деца, прогласот го дава чисто заради тролање на левицата, објаснувајќи го како обид да и покаже на левицата како изгледаат. „По многу размислување одлучив јавно признаам и конечно се чувствувам комфорен да го објавам моето вистинско автентично јас,“ пишува Рајан во пораката, во која сам себе се прогласува за веројатно „првата обоена жена лезбејка во историјата на Делавер каунти што служи во советот“. ...
Документацијата заборавена во Ветерспунс пабот се однесува на хидрауликата на новата подморница, која е задолжена за контролирање на отворите за торпедата, управување и пловност. Изворите што ги пренесуваат британски медиуми тврдат дека вечерта кога биле најдени документите, пабот бил преполн со гости. Документите имале обележје „чувствителни“ што според правилата на британската влада значи дека треба да бидат споделени само со лица „кои ...
„Смртната казна не смее да се применува во случаи во кои човечки живот не бил одземен“, гласи одлуката на американскиот Врховен суд (донесена во случајот Кенеди против Луизијана во 2008-ма година), на која гувернерот на Флорида сега ѝ пркоси, веројатно и како дел од неговата предизборна кампања за претседателски кандидат на Републиканците. Минатиот месец тој потпиша и закон со кој се намалува потребниот праг за изрекување смртна казна по кој ...
Министерот за одбрана на Украина, Резников, порачува дека армијата само чека да се среди времето и наредба од командантите за тргне. Британски офицери кои работат со Украинците тврдат дека тие се подготвени за офанзивата и уверени во себе. Наспроти нив се протечените американски разузнавачки проценки според кои не е веројатно дека Украина ќе постигне нешто повеќе од „умрени територијални придобивки“ против вкопаните руски сили. Додека ...
За цело траење на војната највисоките полски функционери отворено ја критикуваат Германија дека тешко се решава да испорача воена помош за Украина, а и кога ќе се реши, тоа го прави многу споро. Тие им памтат на Германците и тоа што изминативе две децении била игнорирана полската загриженост дека Германија станува премногу енергетски зависна од Москва. Пред Патриот да стигне во Полска, полските политичари инсистираа тој да биде испратен на ...
Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“. Наградата му беше врачена на Генералниот ...
Со одлука на австрискиот парламент, под важечкиот бизнис модел престанува да излегува печатеното издание на Виенер Цајтунг кој е во оптек уште од 1703 година. Во својата 320 годишна историја имаат покривано сè, од откривањето на младиот талент по име Моцарт, до абдицирањето на последниот хабсбуршки цар. Во сопственост на австриската влада е од 1857 година а весникот финансиски се одржуваше благодарејќи на законот сите јавни огласи да се ...
Овогодинешните ирски претставници на Евровизија, Wild Youth, неделава му дадоа отказ на нивниот креативен и денс директор, Иан Банам. Би било тоа банална вест, доколку не се знаеше причината за отпуштањето. Банам направил фатална грешка коментирајќи го трансродовиот криминалец Зара Џејд. Тој неодамна беше осуден на девет години затвор во Велика Британија, откако избоде жена, ја врза за стол и ја опљачка. Гревот на Банам беше тоа што сторителот - ...
Тргнувајќи од тоа дека „меката моќ“ е тешко да се измери, Економист се фаќа со нешто што е далеку полесно и веќе достапно - трендови и филмски рецензии на глобални филмови на кинескиот пазар. А овие трендови не се во корист на Холивуд. Економист се служи со бројките од социјалната мрежа Доубан, која главно служи како платформа чии корисници можат да оставаат рецензии и оценки на филмовите. Иако Кина има правило според кое во кино-салите во ...
Хју Пил објаснува дека имало „колебање да се прифати дека, да, сега на сите ни е полошо.“ Тој вели дека како реакција на повисоките сметки и цени вработените решиле да побараат поголемо зголемување на платите, заради што компаниите почнале да наплаќаат повисоки цени за своите услуги и производи. „Некако во Британија некој треба да прифати дека му е полошо и да престане да се обидува да ги одржува своите потрошувачки навики со тоа што ќе ги ...
Највредниот цензор, барем по еден параметар, е пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, единствениот странски пребарувач што работи во земјата, вели извештајот на Citizen Lab на Универзитетот во Торонто. Биле испитани уште осум платформи кои имаат пребарувачки алатки: три пребарувачи, четири социјални мрежи и еден е-комерц гигант. Сите тие подлежат на обемни законски ограничувања кои цензурираат криминални активности, непристојност, порнографија, ...
Со години, и на истражувачи и на оние што ги чуваат дома им е јасно дека папагалите се меѓу најпаметните животни на земјата. Некои студии дури открија дека нивната интелигенција може да се спореди со она на малите деца. Едно ново истражување, во кое папагалите биле успешно учени како да прават видео-повици со други птици, покажува колку се извонредни овие пердувести пријатели. Студијата спроведена од истражувачи од три универзитети (МИТ, Глазгов ...
Иако се знае дека човекот испил повеќе од три литри пиво во текот на еден работен ден, фирмата не докажала дека заради таа количина тој бил „напиен, опиен или пијан“ или неспособен да ја заврши својата работа. Заради овој пропуст судот во Мурсија и наредил на компанијата или да го врати назад на работа вработениот или да му плати надомест од 47.000 евра. Исто така компанијата била опомената дека не го земала предвид влијанието што жешкото лето ...
Поради моментот на изненадување и медиумското влијание на Такер Карлсон, убедливо највлијателниот медиумски менаџер на политички содржини во САД, неговото заминување од Фокс со денови е топ тема. Политички форматираната публика се огласи на очекуван начин: неговите фанови го величаат како херој и прават видео спотчиња придружени од песната „Simply the Best,“додека хејтерите организираат тролачки добротворни прилози за „невработениот“ Карлсон. ...
Паузата во интервјуто траеше околу 20 минути, а на повторното вклучување Ердоган изјави дека деновите имал „сериозна стомачна настинка“ заради што размислувал и за откажување на разговорот. Подоцна портпаролот на турскиот претседател објави дека Ердоган се чувствувал добро. Во Турција моментално во најголем ек е кампањата за претседателските избори во земјата закажани за 14 мај, на која Ердоган се надева дека ќе го освои својот последен мандат. ...
Во март, Карлсон и неговата емисија имале во просек 3,2 милиони гледачи, Лемон нешто над 600.000. Дон Лемон страсно покриваше теми како што е расизмот, една од најбитните прашања за куќа како што е Сиенен. Сè додека не наидеше на тонч каков што наиде во муабетот со Морган Фриман: Почитуваниот Глен Гринвалд (од него види кај нас: „Перверзиите во бракот меѓу службите и медиумите“), на Такер Карлсон со кој воопшто не делат исти политички афинитети ...
Тиаби и екипата мислеле дека кога ќе најдат грешка, ќе му пишат на уредникот кој ја одобрил таа вест и готова работа. Не секогаш биле тоа апла лаги, меѓутоа честопати требало (во име на вистината) да се поправат неколку факти, да се уточни изворот и сл. Во фајловите имало неколку дузина дискретни инциденти околу кои и во самиот Твитер имало загриженост а верувале дека јавноста можеби ќе сака да знае за што се работи. На пример фијаското наречено ...
Уште во февруари, Вол Стрит Журнал обелодени дека надлежните етички тела предупредиле една третина од високите службеници на американскиот Департмент за енергетика дека тие или членови на нивните семејства имаат акции во компании кои се поврзани со нивната работа, што е класичен конфликт на интереси. Писма со предупредување добиле околу 300 вработени во секторот а десетици се оние кои имаат акции во гиганти како Шел и Ексон. Ништо од тоа, ...
Скандалот еруптираше деновиве откако на кинеските социјални мрежи се појавија видеа од саемот, на кое две Кинезинки од штандот на Мини им кажуваат на посетители етнички Кинези дека сладоледот им завршил, за неколку моменти подоцна да извадат сладолед од фрижидер кога кај нив ќе застане Западњак. По видеото се распали гневот меѓу кинеската он-лајн публика дел од која повикувала на бојкот на БМВ во земјата, обвинувајќи ја компанијата дека им ...
Првичната реакција на корпоративните медиуми на огромното протекување тајни документи за војната во Украина беше малку да се замати водата, да се каже дека дека во нив нема што да се види и целата епизода да се сведе на деполитизирана авантура на еден млад и незрел 21 годишен член на Националната гарда. И претседателот Бајден ги минимизираше протечените информации бидејќи не откривале ништо со „големи последици“. „Меѓутоа, она што овие документи ...
Вашингтон пост пишува дека генерал Кирило Буданов, првиот човек на украинското воено разузнавање, ХУР, му наредил на свој офицер „да се подготви за масовни напади на 24 февруари... со сè што ХУР има на располагање.“ Освен Москва се размислувало и за напад на пристаништето на Новоросиск на руска територија кој требало да го покаже капацитетот на Украинците да нападнат зад непријателските линии. Плус напад на припадниците на Вагнер групата кои ...
Центарот за контрола на болестите добил преку 16.000 поплаки на тинитус, односно ѕвонење во ушите, после примањето ковид вакцина но засега не утврдил поврзаност меѓу вакцинирањето и проблемот. Интересот за темата го поттикна и една Фејсбук група со над 4.000 членови која се легитимира како „про-вакцинална“ и наменета за луѓе кои веруваат дека развиле тинитус или други проблеми со слухот после вакцинирањето. Професорот Шаовен Бао, кој и самиот ...
Хјустонското предградие Алиф се надева дека садењето нови дрвја ќе помогне да се потсмират работите во таа населба. Областа наскоро ќе биде дом на преку илјада нови дрвја; оние што ќе ги садат очекуваат дрвјата не само да ги разубават улиците, туку и да донесат малку раат. Kако дрвјата можат да помогнат да се спречи криминалот? Студија објавена во „Журнал за јавна економија“ покажа дека кога температурите се зголемуваат, се зголемува и ...
Протечените документи од Пентагон откриваат дека уште во јануари американските воени стратези проценуваат дека шансите на Украина да го одбрани Бахмут се многу мали и ги предупредуваат своите украински сојузници дека „постепеното“ руско напредување од ноември „го загрозува украинскиот капацитет да го задржи градот“ и дека украинските сили веројатно ќе бидат во ризик да бидат обиколени, освен ако не се повлечат за еден месец. „Овие предупредувања ...
Заради сериозен баг, Мета преку ноќ им има трошено пари на луѓе, компании и агенции, многу над ограничувањата и параметрите кои ги имаат поставено. Некои од купувачите на реклами пријавија драстични зголемувања на потрошените пари, без никаква причина и оправдување кај перформансите на метриките. „Ова е најстрашното празнење што сум го видел. Некои акаунти од нашето портфолио преку ноќ потрошија 50.000 долари, со апсолутно нула сообраќај. Нашите ...
Поставена е сцената за пролетни и летни офанзиви при што двете страни се фокусирани на различни цели. На крајот и Украина и Русија ќе бидат исцрпени, со кусок муниција и во голема потреба од пауза, што значи дека ќе настанат услови за преговори. Западот се обврза да ја поддржи битката на Украина против руската инвазија, но што реално може Украина да очекува со својата претстојна офанзива? Дали Западот ќе ја продолжува оваа непобедлива војна за ...
Неколку дена по објавувањето на сторијата во Њујорк пост од 14 октомври 2020, на три недели пред претседателските избори, во јавноста е објавено писмо потпишано од 51 поранешни американски разузнавачки функционери, во кое се тврди дека сторијата за лаптопот „ги има сите класични обележја на руска информациска операција“. Меѓу потпишаните се и Џон Бренан и Џејмс Клапер директорот на ЦИА, односно Националното разузнавање, од времето на Обама. ...
Затворањето ќе биде дел од поголемо отпуштање на вработени во Базфид, кое на ниво на компанијата ќе изнесува околу 15% од вкупната работна сили или 180 вработени. „Иако отпуштањата ќе бидат низ речиси секоја дивизија, ние одлучивме дека компанијата повеќе не може да продолжи да го финансира Базфид њуз како засебна организација,“ порачал ЦЕО-то, Џона Перети во меморандумот до вработените. Перети порачал дека дел од отпуштените новинари ќе можат ...