Единствена друга компанија што беше блиску до катастрофалниот рекорд на Амазон беше Микрософт, кој од пикот во ноември 2021 изгуби околу 889 милијарди долари од својата вредност. Иако акциите на технолошките компании цела година паѓаат тие добија посебно силен удар од стравот од рецесија, па топ 5-те американски технолошки компании по приходи годинава губат речиси 4.000 милијарди долари пазарна вредност. „Најголемата он-лајн продавница на светот ...

Се смета дека новите бројки се должат на инстантното укинување на ковид рестрикциите, во комбинација со доминантната омикрон варијанта. Процената е дека над половина од жителите на југозападната провинција Сичуан, и градот Пекинг, се заразени во последниот бран. Блумберг пишува дека се уште не е јасно како кинескиот регулатор стигнал до овие бројки, бидејќи на почетокот од месецов беше затворена масовната мрежа на места за ПЦР тестови, а од ...

Бидејќи често и онака не гледаат подалеку од носот, први до решение на мистеријата дојдоа тик-токери. Таткото на Кевин е мафијаш! Тоа го објаснува и однесувањето на малиот: кога му стана јасно дека оние двајца клипани се дојдени да ја ограбат куќата, Кевин ни во еден момент не помисли да се јави на полиција, што е логичен резултат на неговото воспитување во мафијашка фамилија. „Кевин инстинктивно се понесе според кодот 'ова е моја куќа, мое е да ...

Лаптоп елити. Класa во пижами. Тешко е да се знае како да се нарече новиот естаблишмент. Оние дипломирани студенти од високата средна класа кои мислат дека твитањето е работа. Оние кои верно ја гушкаат секоја разбудена мантра, од „Транс жените се жени“ до „Носете маски!“. Оние кои чекаат работи од „деливери“ и ја мразат старата економија - онаа што всушност ги создава работите - поради нејзиниот грозен „футпринт“ на планетата. И обожаваат ...

Депресијата е ужасно искуство кое животот може да го претвори во пекол. Поентата не е дека таа може да стане благодет само ако решиме да ја гледаме како таква; работата е многу посложена од тоа, а во некои случаи и толку сериозна - што „лајфкоучинг“ инсистирања на позитивни аспекти не значат многу. „Секој чувствува дека е сам во пеколот, и тоа е она што го прави пекол“, има кажано Рене Жирар. „ДЕПРЕСИЈА НАС ЈЕ ОДРЖАЛА“ Структурата на човечкиот ...

Сè поголем е бројот на американски граѓани кои го прифаќаат брачниот тренд „да се живее одвоено.“ Во моментов, башка- башка живеат над 4 милиони Американци а во периодот од 2010 до 2019 година нивниот број се има зголемено за 25 проценти. Во овој број не влегуваат оние кои се принудени на одвоен живот затоа што едниот партнер е во војска. Поводи за „а да се олабавиме малку еден од друг?“ постоеле отсекогаш но пандемијата го има изострено ...

Медицински патолози од универзитетската болница во Хајделберг, Германија, објавија непосредни показатели кои покажуваат како умреле луѓе после примена мРНК вакцина. Шестемина истражувачи кои стојат зад студијата утврдиле дека вакцинираните покојници починале затоа што нивното срце било нападнато од нивните сопствени антитела. Овој автоимун напад чини срцето да почне да чука толку брзо што се умира за само неколку минути. Извеле аутопсија на 25 ...

Најниското место на Земјата, 420 метри под морската височина, важи за чудо на земјата. Мртвото море е природна бања полна со богати минерали и соли што прави капачите без напор да плутаат на површината. Езерото кое се поврзува со библиските Содома и Гомора, и од каде Еѓипјаните земале мастраф за своите мумификации, сега умира со исчезнување. Нивото на водата опаѓа за повеќе од метар годишно. Главниот дел од езерото е 15% поплиток од пред ...

Во јавноста протече меил од висок германски командант до првиот човек на Бундесверот, кој се жали на жалната состојба на оклопните возила во склопот на неговата дивизија. „Дури и со најдобри поправки, прашањето на подготвеноста на нашите возила стана лотарија,“ и пишува на својата претпоставена генерал-мајор Руперт вон Батлер. За време на воена вежба во декември направена со цел да се подготви тенковската бригада на Бундесверот за вклучување во ...

Рутата е резултат на адаптирање на двете најсанкционирани држави на светот на притисоците од Западот и зависењето од трговската мрежа главно создадена и контролирана од Западот. Планот на Русија и Иран предвидува транспорт на стока преку реки и железници до Каспиското море, кое во најголем дел е контролирано од двете држави. Како дел од проектот Русија троши 1 милијарда долари на поврзување на реката Волга, едно од главните трговски патишта во ...

Градските власти на Осло речиси тројно ја покачија цената на полнењето на електричните автомобили на градските полначи (денски и до 284 денари на часза нормално полнење) по што националната асоцијација за електрични автомобили соопшти дека веќе не може да препорачува купување електричен автомобил. „Во некои случаи, испаѓа двојно поскапо да наполниш електрично возило одошто да наполниш резервоар со бензин или дизел“, вели генералната секретарка, ...

Деновиве на интернет се појавија слики од една жена, која во маица за по дома, седи на својата ВЦ шоља. Не е тоа богзнае каква вест додека не се дознае „кој“ сликал, по што можеби ќе посакате да ѝ се вратите на метлата. Фотографијата е една од 15-те скриншотови направени од пробна верзија на Roomba J7, робот-правосмукалка од iRobot. За недозволеното објавување се „заслужни“ некои Венецуелци кои работат за Scale AI, ИТ-компанија за мануелно ...

Купувач на џвакачкиот бизнис е Перфети Ван Меле, европски производител на мастики и бонбони кои ги имаат Ментос и Чупа Чупс а во зделката се вклучени производните капацитети на Монделез во Рокфорд (Илиноис) и Скарбимиерц (Полска). Тие го преземаат бизнисот со мастики во САД, Канада и Европа а Монделез се обидува да го трансформира својот бизнис модел за кој пандемијата не беше нежна, со план 90% од приходите да доаѓаат од чоколади и бисквити. За ...

Ноември 1972-ра во Њујорк беше месец кога се појави албумот Трансформер на Лу Рид. За Лу тој проект значеше да се биде или не. Велвет андерграунд беа минато уште од 1970-та, а тој, како поранешен фронтмен, сè уште се бореше да го најде својот пат низ соло кариера. Како што знаеме, Велвет андерграунд во шеесетите беа рок поети од дното на градот и сите негови прљавштини, за какви претходно немавме чуено. Малку што остана да се каже после нивните ...

Кога се случи експлозијата на 26 септември логиката зад обвинувањата против Москва беше дека едноставно гледа на секој начин да ја прекине и попречи испораката на гас за Европа, посебно пред надоаѓање на зимата. Од експлозијата на четири места беа оштетени цевките на гасоводите Северен тек 1 и 2. Пост пишува дека по неколку месеци истрага, голем број западни функционери приватно изјавуваат дека Русија веројатно не е виновна за експлозијата. ...

Булент Кенес беше конкретно именуван од Ердоган како пример на човек кој Турција би сакала да го добие во замена за одобрување на шведското членство во НАТО. И покрај желбата на властите да му удоволат на Ердоган, Врховниот суд одлучи дека тој не може да биде екстрадиран бидејќи во Турција постои ризик за негов прогон по политичка основа, плус некои од делата за кои тој е обвинет не се казниви во Шведска. „Јасно е дека во овој случај има неколку ...

ФБИ му има платено на Твитер скоро 3,5 милиони долари од даночните обврзници за да ги забранува сметките главно поврзани со конзервативни гласови и да мониторира таканаречени операции на „странско влијание.“ Ова го објави Шаленбергер, објаснувајќи дека Одделот за безбедност, содржина и спроведување на законот (SCALE) на Твитер имал воспоставено „програма за надомест“, односно плаќање за сите оние часови работа кои веаботени на Твитер ги ...

Крстозборот насловен како „Некоја тема недостасува“ е дело на консултант од Вашингтон, Рајан Меккарти, кој претходно веќе има објавено 22 други крстозбори. Во дописот до Њујорк тајмс тој пишува и дека е пресреќен што го објавиле и дека тоа е едно од неговите омилени дела, затоа што опфаќа термини од многу различни области. Меккарти додава и дека првично сакал да го направи со 15 реда (15х15) но потоа одлучил да ја прошири рамката за крстозборот ...

Иван Лошев, од престудените краишта на Русија, на Фејсбук го објавува својот сон: „Сонував дека сум мобилизиран и пратен во војска. Одеднаш, бевме нападнати од украинската армија предводена од Зеленски а тој покажа на мене. 'Ти ги видов сторињата на Инстаграм. Да живее Украина!' ми рече Зеленски. 'Да живеат хероите!' му реков јас“, напишал Лошев. Кратко по ова завршува на суд, каде е осуден само на парична казна (30 илјади рубљи, што е околу 22 ...

Од мерките за штедење што ги наведува Бизнис инсајдер, Мета (Фејсбук) скрати 1.000 долари по човек, што им беа за велнес и здравствено, веќе нема да можат да се перат на работа, а нема да имаат ни 200 долари месечно за превоз. Следни на отстрел се трошоците за храна. Гугл пак почна да ги ограничува службените патувања само на оние кои се критични за бизнисот, додека Сејлсфорс на вработените им ги скрати слободните денови што можеа да ги земат ...

Законот за дефинирање на непристојност се повикува на Законот за комуникации од 1934 и во него се тврди дека „непристојноста не е говор заштитен со првиот амандман“. Според предлагачот, сенаторот Мајк Ли од Јута, „непристојноста е тешко да се дефинира (а не па да се гони) преку сегашниот тест на Врховниот суд за непристојност: Милеровиот тест“. Тестот, кој потекнува од судскиот спор меѓу Мелвин Милер и Калифорнија од 1973, дава насоки кои ...

Во двете децении пред ова евроспките лидери ги изразија своите ривалства креирајќи две алијанси чии стратегии станаа поврзани преку нивните распореди за мобилизација. Како резултат на ова, во 1914, убиството на австроунгарскиот престолонаследник во Сараево од српски националисти беше дозволено да ескалира во општа војна кога Германија на другата страна од Европа го спроведе својот сеопфатен план за поразување на Франција преку напаѓање на ...

Тој објаснува дека иако не е во прашање некоја итна закана, во ниту еден момент ЦИА не ја потценува амбицијата на Кина да го контролира Тајван, без разлика кои се средствата што би довеле до тоа. „Ши јавно инсистира дека тој претпочита ова да се случи без употреба на сила. Ама знаеме дека тој исто така даде насоки неговото воено раководство до 2027 да биде подготвено за започнување војна. Па мислам дека искрениот одговор е како одминува ...

Согласноста е дека Европа изгледа како да се „спаси“ за зимава, ама за следната регионот ќе мора да ги обнови залихите на гас без речиси никаква испорака од Русија, што меѓу другото ќе ја зголеми конкуренцијата и побарувачката за танкери. Првото олеснување за Унијата се очекува да биде дури во 2026 кога ќе се отворат дополнителни капацитети во САД и Катар. До тогаш процената е дека цените остануваат високи. Годинава европските влади исто така ...

Новите податоци укажуваат дека трипати поголем е бројот на оние кои се чувствуваат осамени, а се на возраст од 16 до 24 години (19%) во споредба со луѓето што се чувствуваат слично, а се постари од 65 години (6%). Истражување покажа дека младите и оние што живеат по градовите се најсилно погодени од социјална изолација, наспроти стереотипите дека со тоа се мачат старците. Само 14% од таканаречената Генерација З рекле дека никогаш не се осамени. ...

Во Њујорк ќе биде забранета продажба на кучиња, мачки и зајци во пет-шопови, за да се стави крај на бескрупулозната трговија со миленици која во позадина често крие нехуман однос кон животните. Слично решение има и во Калифорнија, Илиноис и Мериленд. Законот им допушта на продавниците за миленичиња и понатаму да работат со стационари, за да се охрабрува вдомувањето. Поборниците за овој закон очекуваат со ова да се стави крај на масовното ...

За Залужни тоа што се случува на 24 февруари е само ескалација на обемот на судирите, бидејќи и пред тоа украинската војска е во војна и има фронт од 403 километри и 232 точки на судир: „На 24 февруари фронтот порасна на 2.500 километри. Ние сме релативно мала сила, но се спротивставивме. Секако нам ни е јасно дека ние не сме доволно силни. Наша задача е да ги прераспределиме нашите помали сили на начин на кој можеме да користиме ...

Американските корпоративни медиуми неочекувано вистински се „разбудија“ и станаа свесни за цензурата на големите технолошки мастодонти. Истите оние „либерални“ новинари кои со години агитираа Фејсбук, Твитер и другите да цензурираат луѓе со ставови кои не им се допаѓаат, папагалски повторувајќи ги етикетите за „дезинформации“ и „лажни вести“, истите оние кои тврдеа дека да бидеш забранет од дигитален јавен простор е нормално како да не те пуштат ...

За Русија главниот страв за зимава е да избегне губење на уште повеќе територија од украинските контра-офанзиви, алармираат извори од Кремљ, според кои Русија моментално има проблем со навремена и доволна испорака на муниција до фронтовските линии. „Која страна прва ќе снема муниција ќе реши дали Украина или Русија на пролет ќе започне стратешка инцијатива со потенцијал да ја заврши војната по свои услови,“ пишува Марк Чемпион во текстот за ...

Украинскиот министер за култура, Олександр Tкаченко, бара од западните сојузници да ги бојкотираат руските уметници оценувајќи дека Путин ја користи националната култура како алатка па дури и оружје за напад на либералните вредности при исполнувањето на својата агенда. Ткаченко предлага, првпат украински функционер јавно да повика на културен бојкот, „не да се укине туку времено да се паузира Чајковски, додека трае крвавата руска инвазија“. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.57
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
75%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
72%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52