
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Британски Телеграф пишува дека над 80% од преработената храна што се продава во Британија е толку нездрава што според насоките на СЗО, таа е небезбедна за да им биде рекламирана на деца, „а не дека е добра ни за возрасни.“ „60% од возрасните во државава се дебели или прекумерно дебели, а до 2060 оваа бројка се очекува да достигне 80%. Нус-појавите од дебелината вклучуваат депресија, анксиозност, неплодност, висок притисок, болки во зглобови, ...
Јусаф важи за наследник по мерка на досегашната шкотска премиерка Никола Стурџон, а позицијата ја добива со неочекувано мала разлика на гласови (од само 4%) во однос на неговата главна противкандидатка Кејт Форбс. По изборот на Јусаф шкотската Партија на зелените објави дека ќе ја поддржи неговата номинација за пример на земјата и ќе гласа за него. Нивната поддршка ќе му биде потребна на Јусаф за да ја истера и својата агенда околу идните буџети ...
Патник на аеродромот ЏФК кој се доживува како трансродова жена апелираше да бидат укинати безбедносните скенирања по инцидентот кој се случи кога тој/таа бил/а мавната по јајца од страна на државна службеничка од агенцијата за безбедност во транспортот. Неименуваната личност веднаш постираше слика од себе на социјалните мрежи како „gently weeps“ по доживеаната траума во која жената од обезбедувањето се развикала откако сфатила дека лицето што ...
„До сега Украина успеваше редовно да ги пополни своите редови, и главно успеа да го задржи повеќемесечниот руски јуриш на истокот додека чека прилив на десетици илјади нови свежи војници, голем дел од нив обучени на Запад, за започнување на планираната пролетна офанзива. Но, додека анкетите покажуваат дека поддршката за одбранбените напори останува висока, расположливата резерва на волни волонтери изгледа слабее. Украинската популација е помалку ...
Рангирањето се прави според количината на траги од кокаин најдени во отпадните води низ европските градови, а го врши Европскиот мониторинг центар за дрога (ЕМЦДДА) и зависност од дрога кој ја прави листата од 2011. По нивните бројки користењето кокаин во Антверп минатата година пораснало за 50%, за споредба Брисел и Амстердам имаат раст од „само“ 28%. „Количините откриени во отпадните води покажуваат дека користењето кокаин останува највисоко ...
Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по неговото пензионирање од ФБИ во 2018 година, после 22-годишна кариера главно во разузнавање, Чарлс Мекгонигал ги прекршил американските санкциите кон Русија, станувајќи соработник со Олег Дерипаска, врвен олигарх на Кремљ. Со оглед на траговите што Дерипаска ги остави на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 ...
На шест неделен летен семинар на престижната организација Телурид, професорот Винсент Лојд се сретнал со група 17 годишни студенти и студентки. 12-мина на број, тие биле одбрани после ригорозна селекција која во просек успеваат да ја минат само 3% од апликантите. Некои од САД, некои од странство; девојка од Кина првпат имала дојдено во Америка но имала совршен акцент. Меѓу другото, освен материјалот за семинарот, групата се учела и на ...
„Но Твитер е каде Маск, самопрогласениот 'шеф-твит' на платформата, предизвикува најголеми проблеми за тимот на Бајден,“ пишува Блумберг. Со доаѓањето во Твитер, Маск освен што избрка над 70% од вработени, во исто време реши да скине добар дел од контролите и модерирањето на содржината што беа воведени од претходното раководство на компанијата. Блумберг проценува дека тој стана се поблизок со Републиканците кои тврдат дека се цензурирани од ...
Минусот на ДНБ е последица на губење пари по основа на повисоки каматни стапки и помали приходи од обврзниците кои масовно ги купуваше изминативе години. Не само што нивната позитивна серија е прекината по 90 и кусур години, туку банката не очекува ни дека ќе може да има каков било профит пред 2028. Предвидувањата се дека банката во 2023 и 2024 ќе има вкупна загуба од 6 милијарди евра, а потоа притисокот ќе почне да попушта како што полека ќе ...
Ставот на Болтон е дека МКС е нелегитимен и дека САД по никоја цена не би требало да ја прошируваат соработката со судот. „Меѓународниот кривичен суд е нелегитимен бидејќи тој е практикување на владина моќ во вакуум, без постоење на никаква уставна рамка која би го ограничила. Тоа е многу опасна институција,“ изјавува Болтон. За него, сегашното однесување на МКС и издавањето на налог за апсење на Путин е закана за дипломатско решение на војната ...
Предлогот на Кина кој повикуваше на прекин на огнот американските функционери го отфрлија по основа дека тоа ќе биде подарок за Москва која на тој начин ќе ги забетонира сите територијални придобивки што ги имала од инвазијата. „Приватно пак, состаноците и предлозите предизвикаа чувство на непријатност во рамки на администрацијата, кои доведоа до прашања околу поширокиот пристап на САД кон двете држави. Според еден претставник на ...
Обвинувајќи го Западот дека испорачува оружје со „нуклеарна компонента“, Путин порача дека Русија ќе биде „присилена да реагира“ ако Британија и ги испорача на Украина гранатите со осиромашен ураниум. „Ако ова се случи, Русија ќе мора соодветно да одговори, имајќи предвид дека Западот колективно веќе почнува да користи оружје со нуклеарна компонента,“ порачал Путин за време на посетата на Ши на Москва. Во исто време, рускиот министер за одбрана, ...
Шеста година по ред Финска е прогласена за земја со најсреќните луѓе на светот, според глобалните извештаи изработени од независни експерти кои притоа мерат дузина параметри, од приходи до ментално и физичко здравје. Овој константен успех државата реши да го претвори во франшиза па почна да нуди „Мастер клас за среќа“ за групи од по 10 луѓе кои ќе заминат таму и ќе бидат обучени како да ја најдат сопствената среќа и раат. Сметаат дека тоа може ...
ОпенАи тестирањата на новата верзија ги прави заедно со АРЦ (Alignment Research Center), а една од задачите што АРЦ му ги дава на ЧатГПТ е да убеди човек да му реши CAPTCHA и да му ја прати по порака. ЧатГПТ за ова контактирал лице од ТаскРабит (платформа за ангажирање луѓе за завршување на секакви можни задачи) и му побарал решение. Човекот на шега го прашал ЧатГПТ да не случајно е робот што не може да го реши проблемот. По ова АРЦ бара од ...
„Економист“ извести за присилни мобилизации во целата земја (види: „Во Украина мобилизацијата оди сè потешко“). Регрути без никакво искуство или обука се праќаат на фронтот каде, според британскиот министер, се случуваат масакри слични на оние од Првата светска војна. Бројките од жртвите се држат во тајност но ги знаеме проценките дека се работи најверојатно за 120.000 луѓе. Команданти на батаљони му признаа на Вашингтон пост дека украинските ...
Рускиот истражувачки комитет го товари Кан за „криминален прогон на лице за кое се знае дека е невино... и за подготвување напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита.“ Комитетот тврди дека не постои основа за кривична одговорност на Путин, и дека државните лидери уживаат апсолутен имунитет според конвенцијата на О.Н. од 1973. За Кремљ издавањето налог за апсење на Путин е скандалозно, но нема никаква правна тежина ...
Младата Швеѓанка е една од 30-те поединци кои годинава ќе бидат наградени со највисокото универзитетско признание "doctor honoris causa". Останатите добитници на оваа престижна титула се за нас непознати научни и уметнички авторитети, освен можеби Саули Ниинисто, кој е претседател на Финска од 2012 година. Не најдовме образложение за кои тоа теолошки дострели докторатот ѝ се дава на Тумберг која претходно стана почесен доктор и на еден белгиски ...
Процените се базираат на бројките објавени во датабазата на Клермон институтот, од каде забележуваат дека 82,9 милијарди долари е повеќе отколку БДП-то на 46 африкански држави. Според институтот „кампањите на БЛМ за вршење притисок, малтретирање и морална уцена исто така го овозможија најисплатливото рекетарење на корпоративна Америка во нејзината историја“. На списокот речиси да нема голема американска корпорација која не донирала барем 100 ...
Интелигенцијата (би требало да) е една од најатрактивните квалитети кои жените ги бараат кај партнерот. Нив (би требало да) ги привлекуваат мажи со добро образование, мажи кои размислуваат критички и мажи кои можат да се вклучат во интересен разговор. Гените за IQ покриваат голем дел од геномот и интелигенцијата (би требало) позитивно да корелира со речиси сè што сметаме дека е пожелно, од општествен ангажман до атлетски способности. Значи, има ...
Се работи за нов рекорд за Токио, во споредба со досегашниот од 2019 кој е подобрен за некои си 150 милиони јени. Од парите, според полицијата, околу 3 милијарди јени им се вратени на сопствениците, а некои си 480 милиони им се дадени на чесните пронаоѓачи кои ги откриле и вратиле паричниците во полиција, наместо да се прават дека ништо не било. Меѓу вратените предмети исто така има и возачки дозволи и лични карти, 730.000 на број, и уште ...
Алармирањето околу украинската залиха доаѓа од американските и европски функционери според кои не е одржлива стапката со која украинската војска ги троши гранатите во Бахмут. По неколкудневно непрекинато гранатирање на фронтот, Пентагон интервенирал кај Киев за да го потсети дека троши од залиха која не можат да ја надополнат во скоро време. Њујорк тајмс ова го толкува како „зголемување на тензиите меѓу украинската одлука Бахмут да се одбрани по ...
На 27 февруари минатата година, Шулц доби стоечки овации кога во парламентот вети дека Германија конечно ќе го исполни таргетот за одделување на 2% од БДП-то за НАТО, и плус одвојување на 100 милијарди евра за специјален фонд за армијата. Нешто повеќе од една година подоцна претседателката на парламентарната комисија за германските вооружени сили, Ева Хугл изјави: „За жал морам да забележам дека во 2022, ниту едно евро или цент од овој ...
Доктор Бен Мол е професор и уредник на Европскиот журнал за акушерство и гинекологија. Станал особено претпазлив кон она што го чита како уредник откако добил белешка за некој труд од Египет кој бил повлечен од еден магазин затоа што содржел истоветни податоци со друга студија претходно објавена во Шпанија. Се работело за комплетен плагијат, сменета била само болеста на која се однесува. Наскоро и на личен пример го увидел проблемот, кога труд ...
Уште во 4-от век п.н.е. кинескиот филозоф Менг-це пишува дека за луѓето со бела коса некој треба да се грижи, а не да бидат ангажирани во тешка работа. „Во кинески контекст, би било чудно да владее 'човек со бела коса' а еден професионален фризер проценува дека кинеските политичари треба да ги дофарбуваат своите корени на секои 10 дена за да го задржат целосно црниот изглед на косата,“ пишува професорот по политичка теорија на Универзитетот во ...
Како што пред десетина дена беше објавена пропаста на Банката на Силициумската долина, така целата грижа на банкарскиот свет се фокусираше на Кредит Свис. Уште во средата акционери на Саудиската национална банка изјавуваат за Блумберг дека веќе „апсолутно нема“ да инвестираат во Кредит Свис. Во четвртокот Швајцарската централна банка и одобри итна помош за Кредит Свис во износ од 54 милијарди долари, и тоа не беше доволно да се спаси банката. ...
Алтман ги повика „регулаторите и општеството“ да се вклучат во технологијата како би се спречиле потенцијално штетните последици што таа би ги имала за човештвото. „Мора да бидеме претпазливи тука. Мислам дека луѓето треба да бидат среќни што сме малку уплашени од ова. Посебно сум загрижен дека овие модели би можеле да се искористат за масовно ширење дезинформации. Сега, како што стануваат подобри во пишување на компјутерски код, тие би можеле ...
Извори на Скај њуз го опишале бонусниот фонд како „скромен“, проценувајќи го меѓу 15 и 20 милиони фунти. Се крие колкав дел од тоа отишол кај извршната директорка Ерин Платс и нејзините менаџери. Бонусите ги потпишал новиот сопственик кој со тоа сакал да покаже доверба во постоечките кадри. Се работи за HSBC, најмоќната британска банкарска и финансиска институција која пред да отворат берзите во понеделникот, постигна договор да ја купи ...
Албански гангстери безмилосно ја преземаат контролата врз кокаинскиот пазар во Јужна Америка за да ги преплават британските улици со рекордни количини на дрога, открива неколкунеделна истрага на Дејли Мејл. Глобалните пипала на мафијашки кралеви од Балканот, на крвав начин „збратимуваат“ држави како Англија и Еквадор, оддалечени 10.000 километри една од друга: ненаситната побарувачка на кокаин во Британија предизвикува бранови крвопролевања во ...
Францускиот претседател Емануел Макрон реши да искористи специјални законодавни овластувања за да го заобиколи парламентот и да ги октроира своите исклучително непопуларни пензиски реформи. До пред некој ден, тој и неговата премиерка, Елизабет Борн, очајнички се обидуваа да убедат доволно пратеници да ја поддржат нивната програма. Безуспешно. Како и мнозинството граѓани, француските пратеници генерално се противат на плановите за зголемување на ...
Постои вознемирувачки аспект на позицијата на Вашингтон и европските престолнини околу војната во Украина, кој се обидува да го поништи секое несогласување со официјалниот наратив за безусловна воена поддршка на НАТО за Украина. Додека светот се бутка кон Студената војна 2.0, западниот меинстрим се враќа на старата тактика, етикетирање на сите критичари на политиката на масовни трансфери на оружје во Украина. Ова е опасен тренд кој поттикнува ...