
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



На крахот му претходи, многу пари фрлени на Супербоул реклами, „донации“ за политичари и за Бајден, и снајперски прецизни твитови од CZ (сопственикот на крипто-берзата Бајнанс). Во својот пик ФТХ вреди 32 милијарди долари, за во петокот да поднесе барање за банкрот. Самиот СБФ изгуби околу 94% од своето богатство и од 15,2 милијарди долари денес вреди (ни најмалку занемарливи) 991 милион долари. Како и секоја добра пирамидална шема ФТХ цело ова ...
Кога на 28-ми октомври, со украински дрон беше онепособен Адмирал Макаров, гордоста на руската црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол, Москва веднаш ја обвини Британија за помагање и оркестрација на нападот, како и за разнесување на гасоводот Северен ток - најдрската индустриска саботажа во поновата историја. Британското министерство за одбрана бурно ги демантираше обвинувањата, нарекувајќи ги „лаги од епски размери“. Сомненијата ...
На почетокот од неделава, Сем Бенкман-Фрид тежеше околу 17 милијарди долари. Откако врза неколку лоши денови, неговата крипто-империја е проценета на само 1 милијарда долари. Вртоглавиот пад на богатството се должи на неколку причини. На пример, неговата најава дека ќе ја продава компанијата на конкурентската Бинанс. FTX, чиј ЦЕО и основач e од 2019-та, страдашеи и од жесток пад на ликвидноста, на што се надоврзаа и разни шпекулации за нејзината ...
23-годишниот Патрик Телвел, уапсен кога со јајца ги гаѓаше кралот Чарлс и сопругата Кралица, тврди дека додека трае случајот против него, му забраниле со себе да носи јајца кога е надвор. Студентот на Универзитетот во Јорк, за време на приведувањето се соочил со гнев на толпата која барала да биде набиен на кол. „Ништо од тоа не ме изненадува, знам што е фашизам и како тој изгледа,“ вели тој. Протеинскиот напад го извел затоа што не верува во ...
Г2 концептот меѓу другите го промовира американскиот гео-стратег Збигњев Бжежински, со цел избегнување на судирот на цивилизациите. Во тоа време размислувањето е дека ако на Кина и се даде статус на речиси рамноправна, тоа ќе го охрабри Пекинг „да игра по правила и ќе поттикне соработка наместо конкуренција до нула.“ „Во ретроспектива ова е пропуштена шанса за Кина. Ако Пекинг го прифатеше Г2, ретка иницијатива за зближување на лидерството на ...
Трката за Сенатот уште не е одлучена, но е далеку од ветената доминантна победа на републиканците. Изразито разочарување е Оз, кој беше поразен од демократот Џон Фетерман. „Трамп навистина е бесен утрово, посебно околу Мехмет Оз, и ги обвинува сите кои го советуваа да го поддржи Оз - вклучително и неговата сопруга, порачувајќи дека тоа не било нејзина најдобра одлука,“ пренесува новинарката на Њујорк тајмс, Меги Хаберман, позната по својот ...
Во најголем дел од годината, времето во Јапонија е далеку од пријатно. Зимите знаат да бидат кочан ладни, а летата претопли и влажни. Може да стане и многу понепријатно, ако пројде новиот план на јапонската влада. Работна група на комитет за штедење енергија има задача да смисли решение како да се има пристап до приватните грејни единици и клими, со можност тие да бидат исклучувани оддалеку. Целта е да се намали потрошувачката на енергија за ...
Иако пандемијата е под контрола, болниците ширум САД се преполни заради силниот бран на сезонски грипови - особено респираторните вируси кај децата - и недостатокот на медицински персонал. Педијатриските кревети се зафатени, луѓе со потреба од итна нега со часови кмишат по одделенија, ходници па и паркинзи, а некои болници подигнаа и шатори на отворено што потсетува на првите денови на пандемијата. Во една таква гужва, главната медицинска сестра ...
„Земјата на доброволците“ и официјално забрани секаков облик на ропство. Избирачите преку референдум го „прочистија“ членот 33 од Уставот на Тенеси, во кој досега стоеше дека ропството и слугувањето против своја воља се забранети „освен како казна за осудени кои прописно се осудени за злосторство“. Измените во амандманот со кои се менува ваквата формулација беа усвоени со 79,54% гласови. Претходно, дво-партиската иницијатива на оваа тема мина и ...
Читателите побараа проверка на факти на повеќе скорешни изјави на Бајден, меѓутоа ниту една до нив не изгледаше доволно голема за да биде одделно проверена. Па затоа еве збирна проверка на дел од скорешните згрешени факти од претседателот, изјавени дур беше на турнеја низ американските гратчиња за поддршка на демократите и зголемување на донациите пред меѓуизборите. Ние генерално не даваме Пинокио за вакви збирни анализи, меѓутоа заради причини ...
Медиумите го знаат само господин Ли, сам отишол да ја подигне наградата и притоа не му било до сликање па на свеченото примање упорно го криел лицето. Не се чува тој толку од национална слава колку да не го разберат дома. Ли решил да не кажува на жената и децата за освоената премија. Зошто? За да не станат мрзливи. По оданочувањето, му остануваат околу 24 милиони долари. 700.000 веднаш дал на хуманитарни цели а за остатокот сака да размисли што ...
Скај њуз се повикува на свои извори, кои споделиле и сателитски снимки, дека на 20 август товарен авион Илјушин ИЛ-76 со 140 милиони евра и запленето оружје слетал на аеродромот Мехрабад во Техеран. На снимките од Мехрабад се гледаат два ИЛ-76, а претпоставката е дека најмалку еден од нив бил товарен со парите и опремата. Три часа подоцна, на сателитска снимка од аеродромот повеќе ги нема двата авиона, и се претпоставува дека барем еден од нив ...
„Се мешавме во американските избори, се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, прецизно, хируршки и на наш начин, како што знаеме како да правиме,“ пишува Пригожин на руската социјална мрежа ВК. Изјавата е објавена на ден пред меѓуизборите во САД, како одговор на барање за коментар од руски новински сајт. „За време на нашата прецизна операција, ние одеднаш ќе ги отстраниме двата бубрега и црниот дроб,“ изјавил Пригожин без дополнително ...
Дневниот раст на корисници на Твитер достигна „историски рекорд“ за време на првата недела откако Маск е во посед на платформата. По преземањето на Твитер кое со месеци беше следено со драми, најпосакуваните корисници, оние кои можат да се монетизираат (mDAU - monetizable daily user) пораснал за 20%. Во САД, кои се најголемиот пазар за платформата, растот е и поголем, покажуваат инсајдерски документи до кои дошле Верџ. И Маск твитна дека по ...
Се работи само за промена која се уште е во фаза на разгледување, и нема да биде поврзана со претплатата од 8 долари за верификувани профили. Една од верзиите која се споменува е на сите да им се дозволи користење на Твитер на одредено време месечно, а по истекот од нив да се побара претплата за да можат да продолжат со користењето. Маск неодамна објави дека Твитер губи по 4 милиони долари на ден, а според Њујорк тајмс, кредитот што го земал ...
Од почетокот на војната Европската комисија се спротивставува на притисокот за воведување на горна граница на цената на гасот, но отпорот кон овој предлог попушти на октомврискиот самит на ЕУ лидери. Главни поборници за ограничување на цената беа Италија, Полска, Белгија и Грција. Последната анализа на ЕК, која заклучува дека нема ќар од граница на цената и треба да се најде друг пристап е поздравена од Холандија и Германија. „Во залог е ...
Младите жени кои премногу пијат се делумно виновни што Полска има ниска стапка на наталитет, убеден е лидерот на владеачката полска партија. Јарослав Качински вели дека не се залага за „многу рано мајчинство“ бидејќи на жената ѝ е потребно време да созрее пред да има деца. „Постојат работи кои мора да се кажат, колку и да се горчливи. Ако, на пример, ситуацијата остане таква до 25-годишна возраст, девојките и младите жени да пијат исто колку ...
Иако низ годините владеење на Путин, повеќе ликови ја носат титулата „сив кардинал“ на Кремљ, процената е дека таа прописно му припаѓа исклучиво само на Николај Патрушев, константно најважниот човек во внатрешниот круг на Путин од крајот на 1990-те до денес, а инаку колеги уште од почетокот на нивните кариери во КГБ во 1980-те. На новогодишната вечер 2000-та кога Елцин го назначува Путин за свој наследник, Патрушев е човекот кој заедно со Путин ...
Организирале мобилна клиника за васектомија која, за почеток, ќе понуди 60 бесплатни стерилизации за мажи во Сент Луис, Спрингфилд и Мисури. Потоа ќе одат во Јута со понуда за 40 гага стерилизации итн./ Докторот кој работи во таа мобилна клиника, нагалено ја вика „Оревокршачката.“ Вика дека планира да понуди попуст и во неговата клиника во која се изведуваат такви зафатиц и се чуди што нема поголема заинтересираност кај мажите, кај кои ...
За комуникацијата меѓу двете страни одбиваат да зборуваат и Американците со образложение „луѓе тврдат многу работи“ и Русите со објаснување „англосаксонските весници објавуваат бројни измами“. Меѓутоа Вол стрит журнал објавува дека нивни извори тврдат дека двете страни се во постојан контакт. Од весникот потсетуваат дека и покрај сите казни и притисокот за испорака на сето оружје за Украина, Белата куќа и понатаму инсистира дека одржување на ...
Една од најинтересните работи поврзани со пандемијата е дека работата од дома не се одрази негативно на продуктивноста. Во многу случаи, вработените беа и попродуктивни од дома, или затоа што беа посреќни таму или затоа што влужуваа дополнителен напор да ги импресионираат шефовите. Американското биро за трудова статистика сега открива дека продуктивноста е опадната во првата половина од оваа година, и тоа драматично како во 40-тите години. ...
Когнитивна дисонанца е кога човек се чувствува нелагодно заради разликите во неговите мисли и уверувања. На пример, онаа нелагодност која човек кој се смета за искрен ја чувствува кога нешто ќе излаже. Друг пример за когнитивна дисонанца е неудобноста која ја чувствуваат членови на култ кој верува во скорешен крај на светот, откако ќе помине дедлајнот. Терминот е скован од психологот Леон Фестингер (види: Кога пророштвото не се остварува). ...
Ова го заклучува истрага на Интерсепт кои, повикувајќи се на законот за достапност на информации, дошле во посед на преку 5.500 страници извештаи кои ги имал Националниот институт за здравје. „Луѓето веруваат дека несреќи во лабораториите се случуваат исклучително ретко а и кога ќе се случат, тоа веројатно е во помалку организирани лаборатории во странство. Тоа, едноставно, не е вистина,“ изјави за медиумот молекуларниот биолог од Универзитетот ...
„Ќе биде големо, и тоа многу скоро. Ќе бидеме тестирани на начини на кои не сме биле тестирани подолго време. Ова во Украина ми се чини само како загревање,“ злокобно прогнозираше адмирал Чарлс Ричард, шеф на американската стратешка команда одговорна за нуклеарните капацитети. Предупредувањето дојде откако во најновата верзија од нивната доктрина уште еднаш се наведе дека тие имаат право да нападнат први. Таму стои и дека поентата на ...
На Европа назад ѝ е зимата. Без рускиот природен гас, сојузот има недостаток од енергија. Ова ги качи сметките за греење, и во најголем дел од државите на ЕУ, товарот паѓа на домаќинствата. Само во Велика Британија, се очекува едно од три домаќинства да биде доведено до тн. енергетско сиромаштво. Ана Флек од Статиста вели дека доволно загреан дом не е баш сечија привилегија во Европската Унија. И пред почетокот на енергетската криза, речиси 8% ...
Во авионот заедно со канцеларот Олаф Шолц имаше уште 70 патници, сите прописно тестирани против ковид пред излегување на писта, од претставници на германскиот парламент и министерства, до 12 ЦЕО-а на најголемите и најважни германски компании (Баер, БАСФ, Волксваген, Сименс, Мерк, Адидас, БМВ, Биотек...), плус 23 новинари. „Програмата за лудото патување на канцеларот беше убиствено хаотична! 23 часовен лет за само 2-часовна средба со ...
Во интервју за Лос Анџелес тајмс Тарантино објаснува дека режисерите што работат на Марвел филмовите едноставно се „наемни работници“ а тој нема време за тоа. „Треба да бидеш наемен работни за да ги правиш тие работи. Јас не сум наемен работник. Јас не барам работа,“ изјавил Тарантино. Тарантино објаснува дека денешните филмаџии не можат да дочекаат филмовите со суперхерои да изгубат на популарност, на ист начин како што режисерите од 1960-те ...
Германија стана економски сателит во Новата студена војна на Америка со Русија, Кина и остатокот од Евроазија. На Германија и на другите земји на НАТО им беше наложено врз себе да воведат санкции кои ќе опстанат подолго од денешната прокси војна во Украина. Американскиот претседател Бајден и Стејт департментот објаснија дека Украина е само воведна арена во една многу поширока динамика што го дели светот на две спротивставени групи на економски ...
Адвокатите очекуваат околу илјада семејства да се придружат на колективната тужба за медицинска небрежност која наведува дека ранливите и родово збунети деца биле погрешно дијагностицирани и неодговорно упатени на опасно медицинско патешествие кое го менува животот. Како резултат на тоа тие се соочуваат со „трајни физички и психолошки лузни кои ќе ги следат целиот живот“, се наведува во тужбата против клиниката Тависток. Обвинението ја товари ...
Антируска пропагандна кампања која потекнува од „армија на ботови“ на лажни автоматизирани Твитер сметки го преплави интернетот на почетокот на војната. Екипа истражувачи од Универзитетот во Аделаид откриле дека во раните недели на војната во Украина, 80 отсто од твитовите на оваа тема биле дел од пропагандна кампања изведена со автоматизирани „бот“ акаунти. Генерално, студијата на 5 милиони анализирани твитови покажа дека автоматизирани ...